Почнав да му давам сируп и почна да јади дали е од него или не, не знам да ти кажам ама детево си почна да јади. Уште не јади обилно ама во споредба со претходно кога знаеше и по цели денови да е само на цице сега си јади. Ако веруваш пресреќна сум. Еве го инаку сирупот.
Mамс, Има ли некој период од 14 месеци кога многу се плашат? Не знам дали е тригер од нешто ама многу се плаши и липта често, јас и татко и ако се оддалечиме кратко, при возење, при игра одеднаш, баш нестрашни ситуации, ептен ми е жална.
Кај нас беше околу година ипол кога се плашеше и буквално ми викаше дека се плаши пр. од топката, од играчкаа, од тв… и ако сум во кујна трчаше до кај мене и ќе ми се пикне во нозе.
И јас. И од тие купечките уште тие некако ги јаде. Ич не е по јадењето како да се гади од храната. Почнав се да и давам ама се од тоа пробува само не е оброк да речам.
Девојки, 12 ипол месеци сме, кенкање по цела ноќ,веќе 2 вечери, цуцлата што ја сака ја плука како да го боли можеби запчиња се а може и некој скок, жива ненаспана сум да не речам зомби, тт мерам пошто ми изгледа топол, нема... 36,8. Некоја со слично искуство?
Давај си од вашата ако се мислиш дали смееш. Јас постепено давав сол после година. Во козле кога завршивме пред година ипол, е таму веќе сите правила ги прекршив и од тогаш на ништо не пазам во врска со сол и запршки и леб и слични чуда и врагови. Што сака нека е само да јаде.
Па јас не готвам со запршки, ставам само сол и зеленчукова коцка за супа што. Друго не. А и готвам со маслиново. Од први почнува со градинка. Полека ќе ја ставам на наша. И така јас готвам поздрави варијанти.
Од кога наполни година јаде од истото што и ние. Всушност и предходно јадел само што му двоев пред да зачинам за нас. Готвам секако без запршки а од зачини само малку сол и бибер.
И јас така си готвам поздраво и од пред година исто си јадевме, т.е. не јадевме. Е во болница ја јадеше и мојата и нејзината чинија и за 2 недели пола кило качи и тогаш реков веќе ништо не и бранам ако е домашно како сака нека е спремано .
Здраво мајки. Ве молам за искуство. Имам близначиња 9 месеци, прематурчиња се корегирано се 7. Едното близначе ми плаче навечер во сон, синоќа едвај се смири, имаше пиено млеко пред да заспие, ама морав пак да му дадам. Преку ден детето си е сосема добро, јаде, си пие млеко, си игра, спие, весел си е. Брат му се лути преку ден, а он си е ептен супер. Ама навечер значи страшно врескање и така како се згрчува, се стресува како да се плаши или го боли нешто не знам стварно. Ако имала искуство некоја мајка нека сподели.
Здраво мајки, Вашите женски бебиња кога мочкаат на нокшир или адаптер на wc школка, со што ги бришете одпосле или ги миете ?
Не баш до толку од нашата ама да како детенце јаде. Пример лепче и путерче има јадено. Лепче со пасиран домат има. Лепче со кисело млеко. Јаде и каши и домашни и купечки. Ѓеврек сестра ми му даваше денес. Си јаде. Е ребра не му давам де Не ми е пребирлив Доиш?
Да ве прашам, зошто син ми не сака да го паткам? Сака се сам. Да лази да се исправа да стои а за раче да го држам и да оди не сака
Дојам и немам срце да ја одбијам оти брат и цицаше до две години. Јас не знам што да давам веќе, се уште блендирам, а јаде и парчиња. И пак едвај 100 грама јаде. Ама јаде, три оброка, ужини, она всушност постојано јаде. Братучедите да се живи и здрави ја хранат со свашта. А она се тепа за храна, и кога ќе ја видеш манекенка од 8 кг, чудно е малку И сладолед си проба и обожава Мојава почна да се пушта сама, ама сфати дека побрза е кога лазе и сепак си лази Туку втор ден како еднаш преспива.