1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    5.002
    Допаѓања:
    41.958
    Пол:
    Женски
    @JuLleE 16 месеци, последниве денови како наеднаш да почна и да џвака и да јаде. Јас пишував и тука со неговиот преизразен гаг рефлекс од парчиња. Значи желудникот можеше да си го поврати.
    Се смири фала Богу, сега полека почнувам да давам и она што готвам за брат му, ама јаде и каши сеуште. Особено наутро. Овесни, просо, гриз со овошје во каша. Потоа знае да касне лепче со некое намазче, со јајце, со путер немам пробано да дадам. Најбитно ми беше што почна парчиња да јаде и сум пресреќна.
    Цицач мераклија ама е :)
     
    На Mother of 2boys, Freckles., mal.ecka и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.649
    Допаѓања:
    3.663
    Пол:
    Женски
    Мајки добро вечер. Синко утре 22 месеци. Сакав да прашам нешто за јадењето. Периодичен е има периоди јаде се има периоди ништо во уста не можеш да му ставиш. Знае да џвака се значи тост гризие сам, пченка јаде ја џвака, арно ама ручекот ништо живо не можам да му дадам неблендирано. Пита јаде сам крши парчиња ги џвака само ручекот не ми го јаде неблендиран. Исто овошје му нудам нон стоп ако му извлендам ќе јаде, да гризне парче нема шанса ја врти главата мислиш којзнае што му нудам. Совет некој?
     
  3. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.138
    Допаѓања:
    5.051
    Кога ќе седнете на ручек сите заедно, ете и викенд да е ако може да се соберете, да пробаш во скут да го ставиш и да јаде од твоето, прашај го дали му се свиѓа и ако му се свиѓа стави го во столче и дај му го тањирчето. Ако можеш послужавникот од столчето извади го и стави го до маса залепен. Обично за викенд успеваме ние да ручаме заедно, редам за сите исто, стаклени чинии, прибор, само нож не добива, тавата, тенџерето на маса, салата (исто јадеме веќе) и и' ставам од се.
    На мојата овошје исто само блендано и поминува, додуша тоа ми е најсигурна опција дека ќе касне разновидно овошје. Ми успева кога сум во кујна и спремам овошје или сечам лубеница и она да побара да ја земам, така во раце дур ми е некогаш се лаже да земе парче. Малини пројаде во игра, ги ставав како капчиња на прстите и ги јадев, па проба и она, 3 недели траеше сега не ги сака веќе. Пред некој ден беше изгледа многу гладна, а ручекот не беше готов, ја ставив во столче на маса, чинија пред нејзе со лубеница, јас дур спремав јадење она маф направила.
    Кога шетаме со количка за да е мирна грицка нешто, дали смоки, дали пченка, мислам дека и овошје би јадела така, ама немам идеја во што да го ставам за полесно да се служи, можда можам да и подавам. Инаку 1 смути на ден си има за да сме мирна глава со внес на овошје. :)
     
    На tanjaaa, Bubamaricka и Tiny Love им се допаѓа ова.
  4. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.649
    Допаѓања:
    3.663
    Пол:
    Женски
    Така јадеме, летово цела фамилија собиранки на бустер седиште го седнувам со нас на маса и така јадеме. Така се излажа ѓомлезе јадеше. Исто во количка нешто јаде бисквити, смоки сега му купув чипс од овошје најдов во дм ќе му го понудам. Тој ќе зирне што јадеме ние ќе му ставам во чинијата ќе види нема да му се свиѓа и ја крева и ми ја враќа чинијата. Ако пробам јас да му дадам со рака од нашето ми ја турка раката. И со внуците заедно ги седнуваме да јадат ги гледа тие јадат се ама не и не, инает. Исто дома гравче не сака ни да проба се корне, градинка јаде и грав и леќаи тоа сам сакал да јаде. Ми доаѓа да си пукнам. Исто за овошјето, шмукалчиња па домашните ми ги одјаде само купени.
     
  5. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.138
    Допаѓања:
    5.051
    Ако ми ја враќа чинијата ќе остане без јадење, кај ништо не јаде јас уште и чинија и тргам. (facepalm) Мислам дека на долгорочен план така е подобро, подучена од околинава. Терај и ти инат малку. Прв пат во 20 месеци она пред 1 недела се дереше дека е гладна баш кога бевме надвор и немав никаква грицка, цело маало ја дозна. Е тогаш да знаеш како си изеде овошје на парчиња и чинијата ја излижа на крај. :D Еве сега и стои круша на маса од сабајле кај што си игра и не ја пипа. Ама нека ја гледа.
    Тие чипсовите од дм провери од која возраст се, јас некој таков земав и го дадов пола па маж ми виде над 4 год дека е, не знам зошто.
     
    Последна измена: 15 август 2023
  6. S.o.F.i

    S.o.F.i Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2014
    Пораки:
    1.028
    Допаѓања:
    4.075
    Мајки здраво.
    Синчето има проблем со дијареа, прво јас го поминав ме држеше скоро една недела сега тој префати од мене.
    Денеска е 3 или 4 ден како има пролив, првите денови и повраќаше по еднаш или двапати на ден и имаше 3-4 потечни столици.
    Наместо да е подобро денес од сабајле 10 пати има какано, како ќе пине нешто веднаш кака.
    Вода многу несака, бара само сок од јаболка дека и таков само пие.
    Давам Ваја пробиотик по 7 капки.
    Не сме во Мк и тука имам и Линекс и маж ми бараше во аптека му дадоа прашинки кои се раствараат во вода. Сабајле малку пивна и не сака ги познава и во сокот.
    Апетитот му е намален многу, на зор давам од ориз, компир варен, банани, лебче.
    Алергичен е па несмејам да дадам кисело млеко.
    Друго што би ме посоветувале да направам?
    Смејам ли линекс да дадам, во упатството пишува дека може?
    Инаку 21 месеци е.
    Фала однапред.
     
  7. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    6.280
    Знае да користи прибор? Лажица, вилушка? Имаш пробано да му ставиш во чинија парчиња да си боцка сам?
     
  8. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.254
    Допаѓања:
    1.827
    Пол:
    Женски
    Diastop пробиотик земи, не Waya, и дупла доза давај на два пати. Еднаш сабајле еднаш навечер по 10 капки. За Линекс незнам, ама можеш и Смекта ако успееш да дадеш зошто тоа е многу гадно(таму мислам пишува над 3 год ама можеш). ОРС електролити и тоа е тоа. Храна колку може толку, гледај многу течности , посебно вода, не сок.
    Едит: извини сега прочитав дека не си во МК
     
    На S.o.F.i му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.649
    Допаѓања:
    3.663
    Пол:
    Женски
    Знаеш колку пати сум ми рекла е сега гладен ќе седиш и попуштам ми е жал. Ама треба да стегнам душа и да го оставам гладен. Баш ќе проверам за чипсот ама па колку што прочитав состав 100% овошје. Можеби заради големината на парчињата ќе видам и ќе ти кажам. Фала ти мами.

    Знае лажица да користи сам јаде со лажица, со вилушка пробува ама не може уште да боцка убаво. Со раце си кине помали парчиња ако му е големо пример од пржено лебче или ќе гризне. Сум му оставила ако не му се бендиса на око одма ми ја враќа чинијата ја крева со двете раце и ми ја подава. Ако не ја земам фино лепо на земја ќе истури. Гомце :D
     
    На Mucika му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Eli-77777

    Eli-77777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2021
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Мајки на одмор сме дали да дадам пробиотик да не го боли мешето навечер само гасови пушта, диа стоп, а и почна да два-три дена да кака...
     
  11. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.138
    Допаѓања:
    5.051
    Исто, немој да мислиш дека сум толку јак карактер. :D Ама од тие неколку пати кога сум издржала, стварно кога е гладна све јаде.
     
    На Bubamaricka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Pchelka.elka

    Pchelka.elka Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2021
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    15 месеци е малиов, да не има некој скок, регресија во спиење? Од дете што заспиваше само од 20:30 или 21 часот, и сабајле станува во 7 ипол премина во дете што едвај заспива со плачење во 22ч и се буди кај 5 или 6 сабајле.. иде во градинка, таму од 15мин до саат време спие..
     
  13. Skyler

    Skyler Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    13.503
    Пол:
    Женски
    Има скок, регресија, напор жив. Мојот во 3-4 сабајле се будеше, во 5 веќе кружевме околу градинката ја чекавме да се отвори и да одморам од него :sweat:
     
    На Mother of 2boys и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  14. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.270
    Допаѓања:
    125.485
    Секогаш се дава пробиотик една недела пред идење на одмор. Јас на моите им давам и таму дури сме
     
    На Eli-77777 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mrs.Sofija

    Mrs.Sofija Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2020
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    579
    Пол:
    Женски
    Пишав и во друга тема ама ќе го копирам постот и тука зошто немам одговор.

    Што вирус ќе беше ова :drunk:
    Два дена со висока температура до 39.6, чепчиња и сируп ја симнуваат ама само на кратко. Туширам 100 пати на ден, мачкам алкохол/вода.
    Крвна слика намалени леукоцити, тромбоцити, хематокрит, MCV, CRP 5.9
    Има ли крај?
    Одбива да јаде.
    Сирупот полна да го плука а вчера не сум ни сигурна дали делуваше.
    Последно чепче ставив во 17h, на упатство пишува на 6 часа, што предлагате да правам да почекам 1 час и да дадам пак чепче, или да дадам сируп на ризик дали ќе делува. И до тогаш како да симнувам многу е поспана

    И знам дека не се вади температура од глава ама најтопло и е челото, под пазуви и вратчето. Па кога туширам и го мијам и лицето, без косата. Океј е така?

    Дополна
    Вчера дадов чепчиња пола саат порано, немав друга алтернатива, па издржавме без ништо 7 часа. Крена температура, дадов сега Бруфен на сила.
    Во меѓувреме додека да делува Бруфенот ставив чорапчиња со оцет.. валда нема да се симне мн температурата.
    Уфф нека завршува веќе

    Најголем проблем ми е да ја натерам да јаде, дајте било каков совет
    Колку трае вирусов?
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.138
    Допаѓања:
    5.051
    Нека пие повеќе, ќе јаде кога ќе и падне температура после сирупот, пред тоа нема апетит. Мојата од вчера нешто закачи, не ја ни терам да јаде, сокчиња и растварам обично не пие сега и е луксуз, супа од петел скоро 2 чаши испи со цевка, јогурт пие, смути блендирано овошје внатре и семиња ставам и леб ако успеам да и протнам, на тоа е 2 дена. Тт до 39 качува. Не знам како даваш од сирупиве, јас почнувам со ефералган тој е на 6часа 4 пати на ден, ама ако не додржи 6 саати, тогаш на 4 давам блокмакс и терам најизменично со парацетамолот, ама во принцип се држам до парацетамолот колку можам. И јас кога ја туширам и го мијам лицето, главата не.

    Него дали знае некој семе од коприва дали може секој ден да давам? Хемоглобинот и е паднат, ај сега е болна, ама наназад од крвни слики цело време и се намалува, така што и сега не очекувам дека ќе и се крене многу, а ќе трга во градинка. Мед не давам, ама имам маџун, за мене сум правела маџун со мешани семки и семе од коприва, се мислам дали смеам и нејзе од таа мешавина по една лажичка на ден да и давам, со надеж дека ќе и зајакне и имунитет и да и се подобри крвната слика.
     
    На Mrs.Sofija му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Eli-77777

    Eli-77777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2021
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Majki nesto na prirodna baza da se ispokaka godina I pol sme a veke dva Dena ne e pokakan denes e kemkav samo prdka a nemozi da se ispokaka dadov kompot od slivi I suvi sliv
     
  18. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.474
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Авокадо...спас е барем кај син ми...денес давам, утре е покакан...во фаза на одвикнување бевме а имаше сува столица и никако не сакаше да кака,го болеше, само тоа не спаси, сега си кака на нокширче
     
    На nevermet18 и Eli-77777 им се допаѓа ова.
  19. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.820
    Допаѓања:
    9.663
    Какви чизми им земате на 17 - 20 месечни?
    Ќе ни требаат и за снегче.
     
  20. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.287
    Допаѓања:
    9.355
    Пол:
    Женски
    Јас лани а и оваа година и земав од next гумени чизмички со крзно внатре. Лани си ги носеше по дожд на снег не успеавме да ги пробаме. Тазе беше проодена и супер движеше во нив. И испаѓаат смешна цена за разлика што гледам цени на чизми кај нас
     
    На Rtulka и Калатеа им се допаѓа ова.