1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.820
    Допаѓања:
    9.663
    Баш гледав такви на kidsandco, ама не бев сигурна дали се лесни.
    Овие ги има на fw kids?
     
  2. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.287
    Допаѓања:
    9.355
    Пол:
    Женски
    https://www.next.co.uk/style/st106446/d17822#d17822
    Да ги нарачува девојчето. Лани розевите, сега тегетот, околу 1600 мислам дека беа.
     
    На Калатеа му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.414
    Допаѓања:
    9.015
    Пол:
    Женски
    Slivi suvi ili hipp smutito so slivi
     
    На Eli-77777 и BambyLove им се допаѓа ова.
  4. Indi96

    Indi96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2021
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    543
    Пол:
    Женски
    F64B96CB-3074-4B1B-A321-3677DE60D83D.jpeg
    Мајки дали некоја има искуство со вакво нешто, син ми има година и два месеци пред месец ден му се појави ситно топче под пазувата еве сега зголемено е ,што би можело да е ?
     
  5. Tamara_

    Tamara_ Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2023
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Здраво мамички
    Овие денови малата (16 месеци) почна да не тепа. До некој ден се галеше, беше мило девојче, никогаш никого немаше удрено. Имавме гости и детето беше потепмераментно, ја удираше, ја буташе. Она беше збунета и се гушкаше во нас. После тоа качи температура 3/4 дена и од тогаш е како ново дете. Не тепа дома, гризе, удира по се.. 100 пати и објаснив дека не е убаво, дека не боли ама се смее и продолжува.

    Друг проблем ми е што јас кога и зборам ме игнорира а мм што и да и каже го слуша. Пример јас ќе речам како прави мачето, нема да ми каже. Мм ќе ја праша ќе му каже. А цело време е лепенка за мене. Ако се тргнам без неа одма плаче. Премногу сакам да си играм со неа а со мене не се заигрува, а седнеме цицката ја бара, сака само да цица и во раце да ми биде.
    И тежок инат е. Уште нема апетит од температурата. Не можам да ја натерам ни сируп да се напие, ни залче да стави во уста. Ако решила да не јаде нема ни да проба. Ама затоа сака да цица 24/7.
    И се и е досадно.

    Ќе пише ли некој совет пред да полудам?
     
  6. BambyLove

    BambyLove Активен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2023
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Лелеее колку се убави! Какп ги нарачавте за колку време стигаат?
     
  7. BambyLove

    BambyLove Активен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2023
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
     
  8. Skyler

    Skyler Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    13.503
    Пол:
    Женски
    На таа возраст е последниот скок во развој воедно и многу напорен, може ќе биде само период што ќе помине за брзо.
    Во врска со тепањето, гризењето провери да не раснат некои запчиња, па од таму нервозата и нејадењето. Ако продолжи да не јаде и да биде нервозна, пробај со пола доза бруфен или парацетамол, па понуди полесна храна, поладен сок/чај/јогурт, сладолед (домашен можеш да направиш).
    И многу важно според мене, тоа што ти е лепенка и те малтретира значи дека и треба некоја утеха, дај и внимание, нека цица ама таткото почесто нека ја вади надвор. Мислам дека откако ти ќе здивнеш и она ќе се издува надвор, полесно ќе функционирате заедно дома.
     
    На Rtulka, Mother of 2boys и Tamara_ им се допаѓа ова.
  9. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.287
    Допаѓања:
    9.355
    Пол:
    Женски
    Најди на инста fw kids. Девојчето ќе ти ги нарача а стигаат за 2,3 недели.
     
  10. Tamara_

    Tamara_ Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2023
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Месец дена не може да пробие запче, ама до сега си јадепе нормално
    Цело време сме сите тројца заедно, секој ден ја шетаме по минимум 2 саати (освен овие денови кога беше болна). И има внимание. Буквално ова се случува: цица, пробувам да ја заиграм со играчки и пејам, ама се и е досадно. А станам да направам ручек пример или до вц она по мене.
    И многу ме нервира што воопшто не прецепира што зборам. Ќе и речам пример затворија ја вратата ми се смее, ќе и рече мм одма оди да ја затвори. Не е до авторитет зошто и да ја прашам нешто нелогаш ќе одговори, некогаш не, на мм секогаш.
     
  11. Tamara_

    Tamara_ Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2023
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Од што може да се јавува вака жолто на главчето? Ја бањам 20230818_163111.jpg преку еден ден, и убаво секогаш и го мијам главчето од што би можело да биде?
     
  12. Butterfly1212

    Butterfly1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки,
    18 месеци сме. Повеќе од недела дена ќерка ми на обравчето има како ситни бубулички не се повлекуваат, некогаш се поизразени некогаш не. Дали би знаеле од што може да е? Инаку на сликата изгледа мрсно и ставив павловиќева а претходно пробував судокрем.
     

    Прикачени фајлови:

  13. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.316
    Допаѓања:
    51.123
    Пол:
    Женски
    Беснее вирус цел месец сме со кашлица, течење на нос, температура де има не нема.
    Никако да се смасеме од него.
    Кога јаде кога не како маче стана сите коски и се познаваат не дека и порано многу јадеше.
    Мрп не можеме и неа да ја примаме 13 месеци сме.
    Вие како се справувате со вирусов?
     
  14. jelo

    jelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.324
    Пол:
    Женски
    Мајки хелло. Уште некоја ден син ми прави годинка :party:, па ќе се дружиме овде. Не ми се верува колку брзо помина... Да прашам овде после колку време од кога ќе се пуштат по неколку чекорчиња да направат, проодуваат? Син ми минатата недела направи сам 4 чекори и од тогаш цело време се обидува и нервозен е дека не може, не е стабилен сеуште :D
    Исто кога завршува овој 7ми скок, душа ми испадна, само сака јас да го држам, не дај Боже да не го земам или погледнам одма се лути, плачи. Не сака со никој навечер да заспива освен со мене и тоа со тешки маки а си имав мирно бебе, заспиваше лежејќи на спална а јас до него. Изгледа не е лесен преминот бебе-тодлер.

    Ах да и 4ки пробиваат, непцињата му се потечени дури едното и помодрено му е...
     
    На Ljubica87 и Freckles. им се допаѓа ова.
  15. sweetgirl92

    sweetgirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    1.931
    Скоро месец му требаше од како направи неколку чекори додека се пушти скроз. Ама мн е стабилен.
     
    На jelo и sani99 им се допаѓа ова.
  16. Tamara_

    Tamara_ Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2023
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Колкав е ефектот кога му збориш на детето а не сте лице во лице за учење на зборчиња? Уста не затворам по цел ден ама не сме лице во лице, зошто она сака да шета по соби, да биде во движење и никако да седне да се заигра за да можам да постигнам таков ефект (да ме гледа во уста), многу ретко.
    И не повторува зборчиња, во состојба сум да и покажам пример банана и 200 пати да и речам ова е банана, еве банана..... и не поврторува.
    Исто и да дадам избор сакаш банана или јогурт не кажува што сака, туку се смее.
    Кажува 13/14 зборчиња. Имитира маче и кокошка како прават и кога сака она крава, куче и лав. (Мачето и кокошката ги бројам во тие 13/14)

    Цел ден си кажува по нејзино но не јасни зборови и не целно кажани.
    Се случува и да каже збор па одредено време да не го кажува. Зошто е вака не знам.
    Гестови има и ако и кажеме да ги корости одма знае и ги користи ама иначе поретко. Пр. направи и чао да дадата
    Наредби (донеси тоа, дај тоа) извршува.
    И се и е "ммммм" и со прстето покажува.

    Има 16 ипол месеци
    Малку ли зборови се за оваа возраст?
     
    Последна измена: 23 август 2023
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.138
    Допаѓања:
    5.051
    Не се малку. Ефектот има и кога не те гледа во уста, односно ти мислиш дека не те гледа. Кога седите и кога јадете и несвесно ќе повториш јогурт, пратат и кога ќе се подопушти ќе каже. Може со месеци да не каже ништо ново и после секој трети ден ново зборче да вади. Според мене мала е за да се грижиш, ама не и да не работиш со нејзе. Колку често читате? Мене уста пена ми фати со книгиве, кога треба да ја играм земам и книга читам. Кога ти прави ммммм со прстето повторувај кон тоа што покажува или тоа што сака и убаво во слогови кажувај ги зборовите, полека, гласно и со гримаси на устата, ако треба и со прст покажувај си го обликот на устата. Пример О како круг, Е како кога си насмеан, М како линија, П како да пука нанапред со прстот, ако ме сфаќаш. Ова од мс рејчел што ја гледам на аглиски па јас на македонски и правам :D. На мојата и задржував внимание да ме гледа во уста со азбуката и на секоја буква збор и кажував исто така пополека и драматично со устата, А авион Б баба В вода.
     
    На Rtulka, Freckles., Tamara_ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.164
    Допаѓања:
    6.711
    Пол:
    Женски
    Баш иста беше и мојата.И јас ги броев зборчињата што ги знае на таа возраст и исто беа толку.Малку ме загрижуваше, но неколку дена пред вториот роденден оддеднаш почна да кажува се.И тоа тешки зборчиња, како мотор, чаша и сл.До две години многу ретко повторуваше по мене, сега што и да кажам цело време повторува и тоа баш правилно изговара.Не се секирај, супер ди е за возраста.Има време, се ќе научи, ќе се изненадиш како оддеднаш ќе почне се да кажува.Само не споредувај со други дечиња, јас така правев и цело време бев под стрес.Секое дете е различно.
     
    На Rtulka, Freckles. и Tamara_ им се допаѓа ова.
  19. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.477
    Допаѓања:
    18.800
    Не знам што е,но и моето (3г и 10м) го има на лактот.
    Матичната му рекла на мм,ако не пукне само ќе треба на кожно да го носиме да го боцнат..
     
  20. Inamya

    Inamya Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    4.284
    Пол:
    Женски
    15 месеци сме смеам ли маџун да дадам? И од каде купувате?