И сега да си пишам башка јас.16месеци е,дали има нешто во периодов скок или не знам што или мене детето ми е лошо? Рика како магаре ама баш така,не плачи,не вика,туку рика и го дери грлото во секој момент кога нешто не му е погодено.Ако му дајш нешто рика,ако му земиш рика ако го прашаш рика ама буквално во тој момент да не знајш што да направиш.Почна и навечер да се разбудува да прета место да не го фаќа(ама ај 2дена е затнат во носето па тоа го препишувам на настинката) Ова е баш вака 4-5 дена ..
Го прочитав вчера ова и малку се подзамислив. Нели е нормално секое дете да се замисли/загледа некаде? Па на сите ни се случува. Се загледува некогаш и мојава. Ај пишете да не ме јаде јанза
А каква врска има загледувањето со ниско железо? Мене досега никој не ми препорачал да испитаме, а сум помислила неколку пати ама не гледам некои знаци што укажуваат на тоа. За загледување искрено не сум приметила кај моите.
Мајки да ве прашам сакам да и земам на малата патики најк или адидас. За проодување. Уште не оди ама се движи по мебел и за раче. Дома е боса. Ама за насвор ми е. Таа има од оние обичните меканите такви носи број 18,19. Дали и најк и адидас одговараат на истиот број? Или таму се поголемм број а ист калап? И како беше се земаше еден см поголеми или?
Не знам каква врска има стварно. Мојава некогаш (ретко) знае да се загледа ама на кратко, како да се замислува. Ама да ја викнам ќе се сврти, ако не од прв пат, од втор или ако тропнам со раката одма се врти.
Најк се обично помал калап. Ние зимаме адидас еве 2 пати по ред, со нив прооде. Најубаво да ја однесеш да проба на лице место
Ги користиме и тие и тие убави лесни се, се виткаат што е најважно. Ќе ја извадиш влошката од патиката и на ноџе стави и ја. Да има 1 цм простор од крајот на прстите до крајот на влошката. И секој пат тоа ти е најубав показател за мерење. Ноџињата знаат брзо да им растат, на ортопед ни рекоа на 2-3 недели да проверуваме со влошката, иако и на око се гледа кога е веќе кнап патиката.
И јас го добив истиот совет. И си реков со моево нешто не е во ред. 20ка носеше од ноември до јули . А 2 годинки е. Сега дури почна 21. Некако како преку ноќ да и порасна.
На мојава сите и беа големи 20ките. Помал бр најдовме 17 ама тие мали и беа. Најверојатно 18 или 19 за мојава ама не можев да најдам.
Ние имаме Најк, 19 број носи, многу се лесни и убави за паткање. Зедов и некои ортопедски македонски како за проодување, за подотерана ми требаа, ама претешки се. @Mrs.Sofija и мојата има така неколку пати направено и јас се плашев да не се absent seizures, сега ја немам заприметено некој период да прави ама ќе прашам баш матична овие дена дали е нормално.
Подарок ни се ама мислам од Sport vision. Моделот е Nike flex. https://www.sportvision.mk/obuvki/8539067-nike-flex-runner-2
Како се загледува? Мојава додека јаде најчесто, во слика пример или во дрво. И на плажа ја приметив, накај луѓе или исто накај дрво. Ама не трае долго
Препорачајте некоја сликовница со малку текст, како за брзо читање пред спиење за малово - скоро 2 год е? Јас последно ги земав "Лакомата мечка" и "Зајчето и кучето" од литература и морам да кажам ич не ми се допаднаа ниту самата сторија ниту како се напишани. Биби и Боби ги имаме скоро сите ама тие се со многу текст
Така исто и мојата, ќе се загледа во нешто и кратко трае и кај нас. Може е нормално, ми се случувало и мене некогаш така.
Epten se zamisliv sega i jas. I mojata znae da se zagleda, na kratko da, ama jas ova nikogas ne sum go smetala za mozen problem ili indikacija za nesto.