Кога кратат втора дремка? Значи кома е после 14ч, а никако нејќе да заспие и после драми до 19:00, нит пладне саглам користиме.
Здраво мајки. Сигнавме и во групата над 1 год . Да прашам дали е можно да има температура ќерками сега кога ги вади 4ките. Три во исто време. Меѓутоа тем е 38,5 38,6? Дали е можно толку висока температура? Или пак е настината оти почна и сега да и тече носето со бели прозирни мрсулчиња? Искуства некоја мама со вадењето на заби?
Некоја недела после 1 роденден сам си ја исфрли втората дремка со тоа што си пролонгираше сабајлечки некој саат плус. Од 12 до 14 спиеше и после немаше време кога втора дремка. Од заби висока температура не дигаат. Кога им растат заби им паѓа имунитетот па многу полесно закачуваат вирус и затоа температурата со заби најчесто ја поврзуваат. Брзо да ви помине и лесно да ги извади забите.
Уф прво дете ми е и проблемот е плус што сме на одмор и ме фаќа паника , па не знам што да си мислам веќе. А и за право све што најде во уста пикна.
Следи температура, давај сирупче и течности и колку се може смирено. Со деца се е непредвидливо, дај боже до утре ко нови да бидете
Здраво мамички Пред три дена наполнивме годинка и се приклучуваме во темава. Да си прашам кога почнуваат да одат,да зборат Од кога почнавте да им давате од вашата храна (уште сме без заби) и други работи. Ако може некоја поискусна да ми објасни некои работи за после годинка
Ја поминавме ноќта само со 37.5 и денес како нова а кенкава и со рачето во иста цело време. Тенкс Мама
Син ми почна да оди на 11 месеци, за зборувањето малку тешко, мама, тата, дада, дај дај, на на, коко (кокомелон), нане, меко... И си зборува тој нешто ама на негов јазик. 18 месеци е сега и откако почна да оди скроз имаме забава дома, од глупост на поголема глупост косата ми побеле
Мајки до сега давав домашно пилешко месо. Дали сте дали копанче од Перутнина птуј? За мене и мм такво готвам не знам дали и на детево мое дадам од тоа? 12+ е.
Да, и на Цекин сум дала Искрено се тресев, ама сфатив дека и во градинка не им даваат домашни, органски и слични, па неизбежно е А тешко е домашни да се најдат
Да ти кажам право прво татко ми е и шлапна цуцлата во мед и и ја даде Тогаш јас малце потресена он убеден дека она е 8 генерација на пчелари и нема шанси да е алергична Ама стварно немаше ништо па продолживме да си тераме. Некој порелевантен нека ти даде инструкции
Мајки со што најмногу си играат по годинката? На близок роденден сме планирам корпа да правам па сакам и некоја корисна играчка да земам
Со ништо не играат, не се троши џабе. Со далечинско, со тенџериња, со лажици.... Се е поинтересна играчка од детска играчка.
Стај го телефонот од родителите, евентуално полначите или нешто слично Какви играчки, џабе фрлени пари
А баш се мислев да пишам во претходниот пост “освен кабли, телефони…” Не сме во мк, а книги на германски не сакам да зимам