Здраво Малото ми е 21м. Од понеделникот сме со проливче. Вторникот однесено на лекар, кс добра, вирусно ни рекоа. Вторникот и средата му се нормализираше столицата. Од синојка повторно течна столица, но не често, по 4-5 на ден. Некоја е пропратена и со слуз. Колку трае вирусов? Што дополнително да превземам или давам што би можело да ни помогне, освен сируп, електролити и пробиотик (waya)?
Мојава уште има две дремки и имаме проблем, сака да спие околу 10, а тогаш е на градинка. Следна и е во 3 часот и потоа во 19/20 заспива. Пред спиење не се трпе. Мора да ја скратат втората? Книги на годинка? И Ангела ја гледам сакал книги И мојава сака, ама да ги јаде Она во градинка си игра со играчки. Дома со далинското и си седи во сите фиоки дома. Туку песни им пуштате ли на ТВ?
Мојот има скоро 10 месеци и сака книги. Звучни сликовници, 3Д, а најмногу ги сака оние со прозорчиња што се отвараат. Од се што има дома најмногу и најдолго со книгите се занимава. На дофат му се и некои книги од нашата библиотека, си ги зема една по една, ги фрла на под и седнува да ги гледа. Зема една прво во раце, гледа кориците, ја отвара, пробува да врти страници, ја затвара, ја става позади него и преминува на друга. И така додека не ги помине сите на под што ги ставил. Ниту ги кине, ниту во уста ги става.
Да ама ќе поденса 2 минути со тоа газот и ќе го земе далинското ќе штрака и ќе го фрли. Не ја занима. Ама татко ми ко ќе пушти вести ко иден политичар да имам дома. Гледа мислиш државата ќе ја оправа
Не ја знам Ангела Ако го оставиш само да си чита може и ќе ја јаде. Заедно читате, објаснуваш, раскажуваш, покажуваш. Убави се за развој, вртат страни, гледаат илустрации, бои, звуци, има куп книги за деца од година. Сега си ги отвара и си ги кажува зборчињата што ги знае од сликите, ги имитира животните, ми носи некоја за читање. Ако твоето не сака книги и тоа е ок, сите се различни. @Anturium сега видов дека не си во мк. Можеш од амазон нешто да нарачаш, пример од серијата Don't tickle the... тие имаат по една реченица само, со тврди страни се, имаат звук и текстура на секое животно таму каде што ќе го допре го прави звукот.
Фала ти, ќе ги имам во предвид за мое бебе. Сега изнакупував силиконски прибор комплетно, облека, пиџами. Не планирам играчка да додавам. Сепак мн ти фала. Едит: звуците барем ги бива ли? Имам неколку со чудни звуци, бебе се плаши од нив. Да не се и тие такви?
https://unconditional.mk/product-category/usborne/zvucni-knigi/ Ги има тука книгите ако сакаш да ги разгледаш, со видеа се. Јас ги имам со птиците и миленичињата, пријатни се звуците
Бидејќи одлучивме да не му пуштаме ТВ и јутуб до 3 години и јас изнакупив цела полица книги, и што свират, и што светат во темно... Најинтересна му е една со предмети и на некои што ги знае покажува на колата прави брррр, на делови од телото покажува, на банана, секој ден се повеќе. На книга максимум 5 минути се заигрува. Сум пробала да му читам приказни ама ретко успеваме на стигнеме до втора страна. 14 месеци е скоро не кажува ништо освен мама, брррр за кола, и ав ав за куче, диии за коњче...ама не го ни напнувам. Јас имам друг проблем. Детево си ја треска главата од каде стигне и многу се тепа. Никој ниту го удрил, ниту му покажал така да прави. Ја треска главата од ѕид, кревет, под... Ако му се доближиш, тепа без причина. Што да правам во врска со ова?
@JuLleE искрено не знам дали мора сега баш, ама понатаму ги кратат, дали има врска и со градинка не знам, таму една дремка од 12 до 2 имаат. Сега пак дремнува, само не знам до кога со нишањево бе Инаку јас и пуштам Поточиња, ги имитира и игра, а почна и зборчиња да повторува од нив, па препознава песна во кола ако и ја пуштиме.
Девојки хелп , на малава и отекоа непцата пред некој ден и афти и излегоа , ни рекоа да третираме со прополис крема на фитофарм, нема никакво подобрување што е најтрагично денес и ко да и крварат непцата дај кажете како сте средиле ваков проблем малава се стопи за 3 дена , ништо не јаде
Ги бива, едни од поубавите ми се мене На крај од книгата ги има сите заедно со музика, мојата џускаше на нив.
Прашај педијатар за прополис без алкохол или 3% хидроген. Јас цел живот мака мачам со афтите, нема полошо. Афтер нип од фризидерм. Ако мнооогу ги чеша, со бела течна пудра за сипаници дека има анестетик во неа.