До сега користев актив бејби пелени од раѓање, претходниот бокс приметив дека мириса на мочки уште на првиот час од кога го менувам, а да не праам муабет кога спие по 10ч. си викам ај може таква се погодила пратката ќе дадам шанса, еве сега оваа исто, другарка ми вика истото го приметила мислела дури детето некоја инфекција има абе вика на стар дедо му мирисаше сакам да ги сменам и се мислам за бејбилав, па сакам и од вас искуства да земам и за гаќичките исто
Актив бејби многу мирисаат, мене ми се чинеше покакан цело време дека е исто и гаќичките од Памперс. Сега сме на бејби лов веќе месеци, супер ни се. Пробај, јас сум презадоволна и од обичните и од гаќичките.
4-5 вечери веќе не се будат за млеко, дали тоа значи дека од сега ќе имаме преспиени ноќи Вашите до кога се будеа? Вака само пред спиење пијат по 150мл не е малку? Инаку одат во градинка и имаат 3 оброци и две ужинки.
Моето исто почна се покасно да се буди за цицање. Прво беше после 4, па после 5, па сабајле у 6.40. Ваљда сфаќаат дека не вреди сон да се губи за јадење.
Леле има ли надеж? Овие моиве уште се будат, еднаш за цицање еднаш за млеко минимум...на неколку пати до сега преспале само со цицање ама да преспијат цела ноќ не се десило...а пијат по 210мл пред спиење имаат 3 оброци и 100 ужинки, цело време мелат нешто. Инаку ако внесуваат доволно млечни преку ден нема да им е малку, максимално е препорачливо до 500мл со тоа што сирење урда јогурт заменуваат поголема количина на ад. Моиве надминуваат ама сега за сега им е добар хемоглобинот ама очајно сакам да им го скратам тоа ноќното а не знам како.
Леле браво само мојава никако да се откачи од цицање. Навечер бетер новороденче е. На секои 2часа. Искрено плснирам да ја одбијам наскоро. Иако сакав подолго да ја дојам. Не можам више да издржам цела ноќ стани легни.
Ете изгледа има надеж Моиве може и од премора не се будат дека у градинка малку спијат пола саат саат, па може и тоа влијае. Како и да е треба веќе да не се будат има бебиња од 7-8 месеци цела ноќ ја преспиваат.
Моето се уште се буди на 20-40мин. Ми се лоши веќе од доење. Ноќите ми се смрт, дремките се ужас. Само на града дреме кога спие, ако ова може да се каже спиење. Да ги извади сите заби и го одбивам. Останаа уште 10 заби за вадење, се надевам ќе ги издржам наредните 6м. некако.
Исто е и моево, само на града да спие на 40 мин цицнува по малку. Не можам во креветче да го префрлам Јас планирам следниот месец да го одбијам со надеж дека ќе сврзе барем неколку часа сон
Мајки хелп Како преживети 8 скок? Да не има некој прирачник Овие две вечери кенка, заспива САМО на цице, тоа оддамна се немаше случено. И најјако е шо заспива, 3-4 минути, се буди не плаче туку кенка, му ја давам цуцлата ја плука (и ова првпат се случува) и пак сака да цица. Синоќа два часа вака ми правеше додека да заспие. Спиеше неколку часа и во текот на вечерта 3 пати стана да цица. Како новороденче пак да имам 12++ е инаку. Ама пак од друга страна почнува да кажува, на пример му викам мама ламбата свети и тој повторува тети тети. Или му викам дај ми ја цуцлата, ми ја дава веднаш и тоа сака во уста да ми ја стави. Убавите страни на скоковите се овие. И да, се постабилен е во одењето, мислам дека уште многу малку и ќе треба да порачувам постапалчиња Кај вас како се понашаат во 8ми скок?
Ние сме 12++ сака да оди а неможе сам. Кога ќе ме види одма доаѓа и сака да се исправи на мене. Кога ме нема плаче. Научи сам да јаде. Заспива сам, ама сеуште се буди по 3 4 пати. Вчера прима мрп вакцина. Се на се интересно. Збори на негов јазик.
@Tea SK кратко прашање; Во однос на пентарењето по лустери дома, трчање по кревет се смени нешто откако наполни ѕверка 2 години или да фатам да ја извадам комодата од соба? Значи се качува и фрла работи долу, оди и ги зима. Ќе се лизне, глава ќе расцепи. А се прави дека не разбира дека не треба таму да се качува. Ќе скренам веќе од овие акробации нејзини Едит: во последно време почна да оди наназад, или да гледа во чавките и да оди без да пази, се врти во кругови И СЕ ЖИВО СТАВА ВО УСТА. Утеха од некој дека е период оти со зборење ништо не постигнувам, џабе зборам. Еве и ги земав сите работи шо ги пика у уста за да не се задави и пак наоѓа нешто
Туку кажете како сечете ноктиња без борба, без рикање и притоа да не ве пријават комшиите за семејно насилство?
Ауу тоа и кај нас е голем проблем. Татко му го држи, го занимава со клучеви, телефон, даљинско, се што му е забрането и со тешки маки сечам. Исто и за чистење уши. Поголемиот на пример уште од бебе никогаш проблем не правел, си седи мирно, ме гледа. За ушите дури сам ми вика да му ги исчистам, на бебево тапанчето ќе му го дупнам од мрдање.
На скроз темно спие, но ќе треба да пробам без да исечам некое прсте хаха Ни кај нас не помага ни телефон, далечинско, клучеви, па ни ТВ. Ќе стегне раче и само влече и писка. До сега сме биле внимателни, не сме го повредиле несакајќи, за да го асоцира на болка. Едноставно борби се водат.