Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    вчера ги добивме резултатите од крвта
    еритроцити и леукоците во нормала, хемоглобин 110 на долна граница
    црп му е 11...
    докторката рече дека нема потреба од појак антибиотик , овој да го допие до четврток па ако има нешто пак да се видиме...и на контрола после
     
  2. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    1.127
    @anina те прочитав во друга тема и само сакав да ти кажам дека ми е жал за што и да се случувало. Важно е сега малото добро. Иако се намачи и со млеко и нетолеранции и запек и не спиење, ова ви било капак.
    Да не се повтори и да те читаме пак низ темиве. :)

    На другите мајки добредојдовте и овде, да се живи и здрави!
     
  3. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.858
    Допаѓања:
    28.514
    Малата моја оди веќе 4 месеци, и од старт ми изгледаше дека со едното стапало некако неправилно нагазнува. Веќе сум сигурна дека лошо оди со едното стапало, не знам точно како да опишам, очигледно е дека стопалото и ,,забегува,, кога оди и сега си ја барам вината(facepalm). Преоди боси стопала и дома воглавном ја оставав или по чорапчиња или скорс голи стапала, така бев советуваа од ортопед. За надвор носи Кеги сандалчиња за кои сметав дека не се лош квалитет и може малта добро да оди со нив. Но ете сега проблем.
    Има некој такво искуство??? Што треба да преземам? Ќе ја носам на преглед секако, само нека поминат одморите, но сакам да слушнам и ваше мислење.
     
  4. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Ako stapaloto i odi navnatre dodeka stabilno ne zaodi ne e problem. Mislam do kaj 2 god e normalno. Taka mi rece ortoped mene.
    Ne veruvam deka e od keggi kondurcinjata, tie se anatomski i bas za decinja nameneti.
     
    На leona83 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Истото и јас го мислам за ќерка ми ама мм ме убедува дека и со син ми било така и дека до 2 години е нормално, ама нели мора да се оди на ортопед после проодување (3 месеци откако ќе прооди) па ќе одиме наскоро и ќе видам што ќе каже.
     
  6. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    1.127
    Нормално е. До 3 години им се формира стапалото и ортопедот ми рече дека со тек на време се исправаат стапалата затоа во никој случај не смее да се купува ортопедски обувки. Они го држеле "насилно" право стапалото и после искривувањето било неприродно.
    Кај ќеркс ми кога прооде тоа одење нанадвор беше поизразено, сега веќе не се приметува, а само 5 месеци како оди.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.793
    Допаѓања:
    325.206
    Пол:
    Женски
    image.jpg

    Дали играчката е соодветна за бебе од 12 месеци.Сеуште самостојно не оди.И освен во енци менци каде може да ја најдам?
     
  8. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.199
    Допаѓања:
    106.236
    Пол:
    Женски
    Ова го имаме и сме презадоволни. Го зедовме кога керкичката беше 10 месеци прво се изнаигра со интерактивниот дел а после го користеше и за заодување. Дубак не сме користеле. После и синко го изнаигра, сега здра је за третото чека. Супер е навистина. Го порачав од интернет на една страна на фб, бебе супермаркет мислам беше, не знсм точно, и ми го донесоа до дома за неколку дена
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.793
    Допаѓања:
    325.206
    Пол:
    Женски
    Фала ,јас денес ке ја побарам.Не е баш ефтина па затоа сакав да слушнам искуства од други мајки дали е практична. :)
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.199
    Допаѓања:
    106.236
    Пол:
    Женски
    Од наше искуство, најпрактична и најискористена играчка ипомагало за проодување. И трае, два пати батерии сме менале, си работи, а читаво е по толку трескања.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.428
    Допаѓања:
    250.592
    Мајки, значи не битна цена, или државата, ми треба макар и најскапиот препарат за имунитет.
    Не е битна и цената само да ми помогне. И 100 евра нека е.
    Мора да пие нешто, да ојача имунитет.
     
  12. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Во консултација со педијатар: има бронховаксом капсули, е сега дали се за над 2 години не сум сигурна, а дали имаше прашок за под 2 види, тоа се дава 20 дена, 10 дена пауза, па пак така во текот на наредните 2 месеци (вкупно 3). Се почнува овој период, нешто како вакцина е (звучи страшно не е вакцина ама штити од разни бактерии кои најчесто ги фаќаат во градинка).
    Друго малку поскапо е е од др.волц, прашкот мислам дека е за мали деца подобар:
    http://www.zegin.com.mk/home/products/product-detail.html?uuid=bbf6f4d6-369c-4ea6-bbc6-6367378042a5
    http://www.demetra.com.mk/киндеримун-др-волц/

    Секако прво со доктор консултирај се. И маџун, лукче во секое јадење (природните антибиотици:))
     
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.428
    Допаѓања:
    250.592
    А колострумот и алгите од Нутри Вита, ми имат кажано дека биле добри.
    Инаку матичната вели да не пиел ништо, ама детево се е болно.
     
  14. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.793
    Допаѓања:
    325.206
    Пол:
    Женски
    Колострумот е добар.
    Бронховаксон џабе се скапи кај нас немаа ефект.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.886
    За муабетот за плачење при соблекување на почетокот на темава, паѓа се повредува крв тече не плаче, преоблекување или менување на памперс ауу страшно! Сега ужива да биде гола, само на памперс е скоро по цел ден а пробува и од него да се ослободи. Кога излегуваме надвор од дома е разбрана дека мора да се облечи, но за сандалчиња, патичиња и слично нема шанси. Ќе ги облечеме и за кратко - ја боса! Во маало до продавница до паркчето е боса цело време. Не ја боцка ништо. На почетокот се расправавме не и дозволував но сега ајде додека е топло, ја оставам ионака препораката од ортопед ни беше почесто да биде боса. Умна таа си слуша препораките од докторот.
     
  16. Rabbit

    Rabbit Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    46.120
    Пол:
    Женски
    Мајки кои чаеви се без шеќер?
     
  17. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.793
    Допаѓања:
    325.206
    Пол:
    Женски
    Мислам дека сите купени инстант се со шекер.
     
  18. Rabbit

    Rabbit Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    46.120
    Пол:
    Женски
    Некаде на форумов како да прочитав дека некој биле без шеќер или со помалку шеќер. Може и грешка да сум :^)
     
  19. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Кај син ми имаше ефект, ниту еднаш не фати бактерија во градинка, а и еднаш во зима дали се разболува. Може различно е кај различен организам.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Kolkavo ti e deteto? I moeto ova zima bese mnogu pati bolnicko i citajki tuka za imunitet procitav od Annat za cink so vitamin c i odma mu kupiv na sin mi koj monentalno e 2,5 godini, tabletki se koi se lizat, smukaat, Zinkovit so propolis i vitamin c i mu davav eden mesec i sega pravime pauza pa zdravje pak vtorata doza kje mu ja davam, budejki se 60 tableti 1 na den mu davam i dobar e sega mozam da kazam, ne znam dali deka leto e ili od niv, ama da ne se ni uroci sega e super