Јас од кога се родени, секогаш после бањање. Кога беа бебиња со оние чепкалките на чико со граничник, а сега со обични.
Исто како јас да сум пишувала аииии Овие два дена последни исто, и јас препишував на градинката дека почнавме прошла недела, и има една дремка, ама изглеа скокоот е од 4ипоч сум станата со неа. Плус и нешто ново и е само кенка, не беше таква дали пд други деца гледа незнам. Иначе ќере оди уште пред годинка почна, сега си е стабилна веќе, па се мислам да закажам ортопед, мислам така ми рекоа кога ке преоди сама да одеме.
Мама чекаш да зацврсти 20 минути, пушташ блиц на мобилниот и сечеш нокти без проблем. Не треба фала, вака 2 години веќе сечам нокти, а и коса
@LazaLaza како сечеш на спиење нокти? Не ти се буди? Мојава има периоди, во последно време почести се тие кога рика за сечење нокти, тогаш кревам раце, али секако има телефон кога е помирна. @LiquidLuna само игнорирање ако успееш. Мојава трча по Г гарнитура неколку пати го утнува Г-то и се плеска со главата ама во мекото. Е коса ми се крева кога ќе ја видам на раконаслонот качена (од другата страна е бришан простор), тогаш вриштам, се тегнеме, урламе и двете. Ама приметувам колку повеќе игнорирам, помалку се глупира. Ако се качила, јас си седнувам кај играчките и си играм, ништо не и викам и она како попче си доаѓа.
Јас и ја бришам само водата од школката во ушето, до дупчето да речам, внатре не ставам стапче, вака правам откако е родена. Полесно ми е со тие со граничник, ем да не ја повредам, ем повеќе упиваат.
И јас на спиење не можам, а најлесно и најбрзо е. Многу лесно спие, се буди од мене кога ќе се свртам во кревет, а спие во негово креветче. Поголемиот го шишав на спиење него топ не го буди.
Душа мила, лесни чекорчиња Вие си почнавте со градинка ама ние уште не.. сакав оваа недела ама сепак наредната ќе биде. Здравје, само да не плачи многу. А знам дека ќе плаче, ама мора да се издржи тој период на адаптација. По колку време ја оставаш во градинка за почеток мама? И дали примивте мрп?
Фала мила Првата недела почнавме со 15 мин и до лрај стигнавме до 2 часа. А сега оваа денес до 12 ќе биде до пред спиење, па здравје од Понеделник со спиење веќе. Иначе има плачки а и сите плачат таму па едно од друго се расплакуват, ваљда дека сите на навикнување се. Мрп нема примено во диспанзер ми пишаа на 13 м значи сега следен месец, па ќе видиме како ке е здрава и ќе а вакцинираме. Во градинка ни рекоа до 15 м толерирале за мрп
Исто. Ни нокти. Ни уши. Уствари се поврзано со главата несака да и фатиш. Крема не можам да и ставам, не можам ни да ја исчешлам асално. А да ставам шнола нема шанси водиме борба и таман ќе и ја ставам одма ја вади сама.
Ништо не е сменето. Се си е исто. Јас еден од прозорите во спална не ги отворам, бидејќи има комода на која се качува. Најнова модрица и е на нос зашто и падна стол на фаца кога проба да се беси на него.
Мајки се потат ли вашите деца? Бебка особено на спиење се поти во глава. И после ми мириса па пак ја бањам. И синко знам се потеше.
Се поти, кога не и е свежо. Може ненормална ќе ме направите, ама мојата во ромпер спие откриена, боса, со отворена врата и прозор. Покриена беше само месец ипол после раѓање. А вреќа само на одмор сме користеле. Во зима е на долги, без боди и исто е откриена. Малку да стане потопло во собата одма се прави жива вода, се чеша во глава, кај пелената, од потта и знае и да се разрани. Не знам дали згрешив така што ја научив од мала, ептен е склетџика.
Не си ја научила, така се раѓаат. Ова бебе од месец дена вришти ако има повеќе облека на нејзе, се поти и се нервира. Сега спие на откопчан ромпер ( ко фустанче и е, пресмешна ), и прозор на кипање.