Си реков само јас сум луда, јас се покривам со тенко кебенце а она е само по шпихозна, боса. Нормално не се покрива, оти и тетра да и фрлам одозгора одма се буди.
Дали вашите деца од 1 година и неколку дена плачат кога не ве гледат? Јас сум буквално без нозе кога и да ме виде иде кај мене и се исправува и така треба да шетаме низ стан.
Здраво девојки. Ми треба совет, син ми годинка и пет месеци црвено му е курето и јајценцата и нагоре има како црвени точкички, веќе 2 дена му е така денеска беше без пелена, матичната ми кажа да му мачкам маст миробакт (еден ден му мачкам ама не гледам подобрување, може трева време) па ако не се помири да одам на контрола. Некој совет, некоја крема што ви помогнала. Ви благодарам
Како се справувате во ситуации кога детето гризе/штипи/удара/куби други деца? Значи го правеше тоа но не беше пречесто, сега и дома почна на нас а и на дечињата надвор. Како да ја одвикнам или е фаза некоја? Пробувам со зборување, но само се смее и си продолжува по нејзино, знам и да ја плеснам по рака, но или се смее или уште толку се лути и продолжува поагресивно. Во градинка викаат нормално е, тука сите се закачат меѓу себе, на таа возраст се. Има 18 месеци, ја префрлија во поголема група во градинка каде што децата се 2-3 години, она е најмала. Мислам дека таму што се закачаат, ако не успее да врати на поголемо пробува после на кој може. Страв ми е многу од тоа да не стане агресивна.
Здраво мајки, прв пат пишувам на темава а беба веќе 13 месеци стана. Изненадена сум со која брзина последниов период се очовечи, како бебе-дете дури и името си го кажува ( кратко име има од 3 букви ) ама си комуницираме веќе скроз. Кога пројде магично времево.. Ве поздравувам и баш сакам да си споделуваме искуства од бебушите кои преминуваат во тодлери
Мајки, по колку ви спијат децава? Мојава заспива од 19:30 докај 20 часот и спие до 7 часот отприлика. Цица од 6 до 7, станува и оди на градинка. Заспивала таму околу 9 -9:30. Дома кога е после 10 до 11. Спие околу 1 час. Преспива пак накај 15 часот. Во градинка околу 11:30 и спиела само 1 час, а дома спие 1 час и половина. Станува околу 5 и периодот додека да заспие е невозможна. Плаче, и се спие. Значи после 17 часот е бегај подалеку. Зборот ми е дали спие премногу? И пак и се спие или нормално е? Синко не спиеше воопшто, ова по саат спие, и почнав да се плашам да не е болна. Како ви спијат децата? Има 14 месеци. Инаку јаде, активна е.
Прва дремка: 10-12ч. Втора дремка: 14:45-16:15ч. Легнува во 20-20:30ч. до 06:30-07ч. Цела ноќ цица. Преку викенд кога ме гледа почесто и преку ден цица, строго за време на дремките.
Има некоја регресија или скок на 15-16 месеци? Плаче 15 мин по заспивање, преплашена цела, не спие цврсто, исто и навечер… 100 пати се буди плачејќи, некогаш и при заспивање липта дури.
Многу зборување и цврст став, кога ќе (ве) удри, спуштање надолу рацете и кажување „Не удираме, удирањето боли“/„Удирањето не е дозволено/не ти дозволувам да удираш, удирањето боли/ме боли“. Исто и покажување дека ве боли кога ќе ве удри/гризне/штипне, да сфати дека тоа што го прави предизвикува кај другиот болка и тага. Во екстремни случаи кога ништо не помагало и покрај повторување што е добро што не е, сум ја прекинувала играта и сум го тргала на страна, на други лулашки сме оделе или сме се упатувале накај дома. Едноставно мораш да покажеш граница дека нивното однесување не е дозволено. Треба мноооогу зборење за да сфатат и повторување по 100 пати на истиот муабет, ама после некое време еве на пример моево дете само го погледнувам кога ќе има испад таков и самиот си збори „не се удираа, удирањето боли, не така“ ко чиче некое А моментот дека е во група со поголеми дефинитивно има влијание, гледаат едни од други и копираат. Син ми на пример, немаше гризнато друго дете, само нас дома не имаше гризнато, се до момент кога него не го гризна друго детенце на роденден кога беше и тоа по лице, па од тогаш и он почна да ги гризе децата во градинка.
Па слично спие и мојата. Она цица само пред спиење и наутро. За викенд и пред дневните дремки. А нервозно е кога му се спие?
Не е нервозен. Размисли за двеве опции зошто би била нервозна: 1. Престимулирана е. Тогаш порано дремките за 30мин. помести и ги. 2. Многу и се две дрмки. Од 1г. веќе почнуваат да ги кратат дремките, може се мачи да заспие зошто не сака. После 16ч. не треба да спие, треба да привршува со дремката, без разлика дали е една или две. Ова ти го пишувам зш баш е по распоред како и моево. Сигурно имаш исклучено заби, регресија, тие влијаат и на дремки и на ноќно. Моево сега ја вади последната 4ка, душата ми ја цица веќе од што е закачен на мене. Spoiler
Проблемот е што во градинка и кршат редот. Дома е друго. Кога ја успиваат во 9, кога не, па не спие доволно. И плаче, нервозна е од што не е наспиена. Инаку цела вечер си спие.
Ќе ја земеш да и објасуваш ќе ја тргниш од детето, дека ако штипи, каса боли, ќе го боли и ќе плачи, така не и цело време нема да попушташ ќе и кажуваш така не, погалиго го боли, ако не дома и ќе се одвикни. Моето касаше и штипеше дома одвај се одвикнавме оти и поголем има три години тогаш беше две , ќе го земам ќе му објаснувам, некогаш и ќе го подудрам за да разбери, еднаш го ставив во ќош да седи и плачеше така свати зошто е казнет, затоа шо стварно не се издржуваше дома со тоа касање постојано, се до пред некое време каде беше искасан од друго дете сега на три години, абе лом го сторил, сега пак и тој почнува да го прај истото да каса пак, пак јас упорно му објаснувам дека ако касаш боли цело време не го оставам да прај шо сака, не сакам утре тој некое дете да искаса, мора построго да помини таа фаза.