Форумџика на годината

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.844
    Допаѓања:
    9.732
    Дали стомачињата на децата се некогаш чудни?

    Во смисла формата, ја соблеков стоечки и од горе погледнав се извадив од памет, како да има внатре нешто, искривено, подуено…

    После смени позиција и не личеше толку страшно, ама се подзамислив.
    Ја легнав, пипкав вака ок е, не е тврдо нешто посебно, не плаче…
     
    На ednaIvana му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ladystardust

    ladystardust Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    6.831
    Пол:
    Женски
    Конкретно нас нѐ испратија во развојна зашто јас имам вродена тромбофилија и цела бременост бев на терапија со клексан. Тоа им беше некој red flag. Во РА рекоа дека за тоа не можат таму да го следат и добивме упат за хематологија, но бидејќи веќе го имавме терминот во развојна, кога отидовме докторката многу детално го прегледа, ни покажа вежби за поттикнување на развој на моторика, иако тогаш беше уште многу мал, саат време работеше со него, преубаво искуство беше, воодушевени бевме од пристапот. И затоа после прегледот на ортопед во МК ме разочара. Во развојна одат деца од повеќе причини, најчесто прематурчиња, хипотонични бебиња, бебиња и деца што послабо напредуваат во однос на моторика и добиваат неврофизиотерапија, но и во однос на говор, па работат со логопед, деца со други пречки во развој како аутизам и слични дијагнози кои работат со психилози и слично.

    Инаку на моево дете овде му направија детални анализи за тромбофилија и го следат два пати годишно на детска клиника единствено поради фактот што јас сум со вродена тромбофилија, додека во Македонија не сум слушнала ниту еден педијатар на ова да посочи, иако секоја втора трудница таму прима клексани поради генетски мутации. Генетски мутации или вродена тромбофилија овде се третира како и секоја друга наследна болест/состојба и се следи редовно. Затоа ти викам веќе не читам и не малтретирам дете да носам кај што јас мислам дека треба, туку ќе слушам доктор овде што ќе ми каже. Може не даваат ништо друго освен парацетамол ако стварно нема потреба, ама системот беспрекорно функционира кога е во прашање нега и превентива на бебиња/деца, сеопфатна и од секој аспект, ништо не е оставено на случајност.

     
    На Anturium и JuLleE им се допаѓа ова.
  3. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.776
    Допаѓања:
    263.832
    Точно, затоа јас во Мк на ниедно дете ни крв не проверив, како сметаат така правам. Знам само дека онаму кај што има простор за сомнеж, испитуваат детално.
    За син ми на Гастро, нема некоја анализа која не е направена, и покрај сите резултати кои се нормални поради генот кој го има и поради мене, ќе добие биопсија.
    Темелни се доста, особено внимание посветуваат за развојот. Може нема крвни слики и атб и прегледи за вирус, ама за се други што е битно, се добри.
     
    На Anturium, ladystardust, Coco31 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Change.

    Change. Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2015
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, за роденден во градинка од каде порачувате хартиени торти и дали носите и нешто друго покрај тоа?
     
  5. Skyler

    Skyler Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    13.503
    Пол:
    Женски
    Од craftastic_mk на инстаграм. Јас им носам и капи, свирчиња оние роденденски и било што друго што ќе најдам интересно, за учителките сок и благо. Ама торта ти е сосема доволно, колку можеш, важно е децата да си го прослават.
     
    На Change. му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Freckles.

    Freckles. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2020
    Пораки:
    1.872
    Допаѓања:
    4.832
    Колку често им давате јајца неделно? Над година веќе може месо и јајце во ист ден нели?
     
  7. Change.

    Change. Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2015
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам на одговорот ☺️
     
    На Skyler му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Kolache na mama

    Kolache na mama Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.438
    Допаѓања:
    2.949
    Пол:
    Женски
    Два пати неделно. Може да даваш веќе во исти ден.
     
    На Freckles. му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.029
    Допаѓања:
    37.861
    Пол:
    Женски
    Дечки, ми треба совет:
    Сакам да порачам чизмички на ќерка, сега носи 22. Што мислите отприлика кој број да порачам за да носи на есен/зима? 23 или 24? На 22 е веќе одамна, сега ќе купуваме патики 23 :D
     
  10. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.852
    Допаѓања:
    3.668
    Пол:
    Женски
    23, 24ка ќе се големки
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mom's_life

    Mom's_life Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2021
    Пораки:
    1.091
    Допаѓања:
    4.191
    Пол:
    Женски
    Со броевиве никако не им се знае. И кај нас долго 22ка носеше па речиси директно на 24ка премина. 23ка ко во 2 недели да ги надрасна. Мала е и разликата најверојатно. За чизми и да се поголемки обично со крзно се внатре и тоа место зафаќа. Да и пробаш отприлика модел па ќе можеш да направиш разлика меѓу броевите така мислам најсигурно ќе ти биде. :)
     
    На Maca Macka и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  12. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    956
    Допаѓања:
    1.383
    Пол:
    Женски
    Зависи колку брзо и расте стапало, ти велиш дека сте на 22 повеќе време што значи дека не менувате често броеви. Ама па чизми ќе се носат до март и со подебели чорапи, подобра опција ти е 24.
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.157
    Допаѓања:
    5.080
    Јас нагаѓам дека 23ка ќе носи до декември и за нова година ќе треба 24ка да и купиш :D Рачунај дека треба да има отприлика 1цм место во новите, за да не ги менуваш на 3 недели.
    Ние пролетта ја завршивме со 23.5, летово 25ка носеше и сега и земав 26 ама ми личат големки, а на попуст зимоска и земав чизми 27:|.
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.844
    Допаѓања:
    9.732
    Женски, детево (16м) веќе втор ден се буди вриштејќи на секои 10 до 15 минути.

    Некогаш трае неколку минути, некогаш пократко, забележав дека тапкање и галење не помага многу.

    Извадени сме од памет зошто плус се врти низ кревет како да ја мачи нешто, а ако ја подразбудам се смирува.

    Што може да е? Не знам дали да се упатам во некоја болница, почнав на секој плач да се тресам.

    Преку ден е сосема ок…
     
  15. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.199
    Допаѓања:
    6.968
    Пол:
    Женски
    Заб да не вади?
     
    На Калатеа му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Skyler

    Skyler Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    13.503
    Пол:
    Женски
    И јас помислив заби или ноќни терори, а и десетиот скок ви е сега.
     
    На Калатеа и Tiny Love им се допаѓа ова.
  17. Kolache na mama

    Kolache na mama Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.438
    Допаѓања:
    2.949
    Пол:
    Женски
    Ти пишале, заби или регресија, трае неколку ноќи и се враќа се по старо. Не е за во болница носење.
     
    На Калатеа и Tiny Love им се допаѓа ова.
  18. unearthlysarah

    unearthlysarah Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2021
    Пораки:
    1.331
    Допаѓања:
    5.461
    Пол:
    Женски
    Вака беше кај нас 5ките кога излегуваа.
     
  19. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.287
    Допаѓања:
    9.355
    Пол:
    Женски
    Mom's
    Што мачкате на испукани усни?
    Вчера на ветрето излезени, сабајле устата пепел. Па дека цел ден рикање само и се допукуваше и и течеше крв
     
  20. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.321
    Допаѓања:
    51.132
    Пол:
    Женски
    На грбчето и напред на градите има како брунчиња ама не се гледаат на допир се осеќаат само, од што може да е?
    Алергија да не е?