Моето малечко исто така е многу немирно.Кога сака нешто, ако не го добие тоа - вреска на цел глас, почнува да се нервира дури, мора да биде по негово. Во ваков случај две работи правам, доколку е тоа нешто безбедно за него, ок е, му допуштам. Но, доколку заприметам дека може да се повреди на некој начин, го спречувам да го направи тоа.Му викам полека, немој така, немој тоа да го правиш и прво што прави е продолжува да вреска, но по кратко време престанува. Гледам си нашол друга занимација.
После се прави пауза минимум 2 м. Август цел и септември цел сега веќе може да прекинеш или ако имаш уште за неколку пати да дадеш додај го цело шише.
Бебето ми порасна, направи цела година, па се префрливме во оваа тема Како ги облекувате за надвор овој период? Излегуваме со цел ранец гардероба, сабајле е ладно и треба јакничка, пладне е жешко и е само на тренерки. Не знам веќе што да понесам, што да купувам од гардероба за овој период
Исти памперс, иста купка, исти влажни. Од што може да е. Што да ставам. Ставам цинк, Пудра, антисептик, хлорофеникол. Не знам што да правам. Совети.
Маст за потпарено, секое црвенило па и многу посериозно од ова го средува со неколку аплицирања. Кај ќерка ми барем е така. https://images.app.goo.gl/2Tz9uQEaxqY7nUnA7
Има некој скок на 18 месеци? Или почнаа тантрумите? Првото бубалче, па не следев ни скокови ни тантруми ама ова наплаќа не за едно, за 10! Неспиење ноќе, дење не знам како функционира со пола саат сон. Цело време сака да си дреме на цицка и ништо друго, и цела ноќ така. А не цица, тиа гледам. Можеби има и улога вадењето на 4ките ама ова е хорор.
Не знам каде да прашам. Сеуште ја дојам малата а од вчера ме боли грлото лом ми е, цело тело ме боли, имам треска на моменти а на моменти ми е жешко. Цела глава ме боли. Носот ми се затнува. Пошто викенд матичната не ми работи и пишав и онака незаинтересирано ми пиша само парацетамол дека можам. Што сте пиеле во ваква ситуација и на колку часа се пие парацетамолот?
Има некоја што детето и спие во вреќа после година? Никогаш не сум ги ставала во вреќа, сега планирам за помалиот ама не знам ни каква, ни од каде, ни дали спијат убаво така. Пример, како се вртат во спиење, со се вреќата може убаво да се свртат на стомак? Извинете за глупите прашања ама многу немирно спие, се врти низ цело креветче и нонстоп фрла се од него.
Мојата спие повремено. Сега планирам пак да ја ставам, како сака нека си се врти, нејзин проблем, има да спие во вреќа пошто не знае што е прекривка и чорапи. Има и едни вреќи со ногавички, може тие позгодни се, ама јас сакам и ноџињата да и се покриени.
Исто. Кога и да го пипнам мраз му се нозете, а го покривам и со плачење фрла се од него. Вечерва чорапи му облеков (што никогаш немам направено ни за двајцата од раѓање) и еве го само се врти и кенка. Јас смрзнав, стварно не разбирам.