Еве го 2 години ќе полни само во вреќа го ставам, си се врти слободно со неа нема гајле има комоција. Инаку е цело време откриен и невиден склетџија.
Епа тоа е, ние сме смрзнале. Што е џемпер, тоа што го облекуваш кога и студи да на мајка ти. Јас се надевам и се си мислам дека ако им е стварно ладно ќе се побунат, не знам. Едвај чекам парно да пуштат, може ќе се згрееме доволно па ќе си спие пак само по шпихозни, така беше лани, не беше во вреќа, „гола“ цела зима ја помина .
Моите и двете спијат во вреќа. Поголемото ќе полни 3 за месец дена. Немаат проблем со вртење ноќе, како пропелери се во креветче и двајцата. Имам вреќи и со ногавици и без. За поголемо дете што оди позгодно е вреќа со ногавици, но и тие што ги имам од Тила долу се со патент и може да се движат кога е откопчан.
А за заспивање како? Малото го заспиваш, па го ставаш во вреќичка? Претпоставувам без ракави е зашто ако треба и ракави да му облечам 100% ќе го разбудам.
Ги облачам пред да ги заспивам. Сами се местат за облекување кога е време за спиење. Помалото најчесто заспива додека пие млеко и само ја префрлам во креветче.
Мајки дајте некој совет, предходната недела едното детенце 16 месеци е имаше 3 дена тт му растеа четири тројки, но тој од тогаш воопшто не е расположен, омалаксан е и несака да си игра само да се држи во мене. Значи нема тт веќе искочија запчињата. Како да му го вратам расположението? Крвна слика одлична!
Денес влеговме во предпоследен скок. Дури ме збуни нотофикацијата од апликацијата. Мислев завршивме со тоа, амааа ноуп
Елече волнено плетено и како сака нека се врти. Не можам со тоа да се замарам. Во било кој ќош ќе ја најдам кога и да влезам кај неа во соба. Во вреќа пробав пиштење беше. Елече закон.
13+ сме, но многу тешки со спиење. Веќе месец дена стануваше на секој час, ајде, препишав на тоа дека е скок во развој, но откако тргна во градинка (одеше претходната недела, сега е дома), најверојатно мисли дека ќе ја оставам, станува на секој час и плаче, презаспива со вода и се' така до сабајле, воопшто не спие, некогаш и на пола час се буди и вика. Некое чаре? Се тешев ќе помине, ама ова ептен веќе не се издржува, не сме воопшто наспани
Иста беше прошла и препрошла недела 13+ Тоа хорор заспивањето навечер, па будење на секој саат за цицка. Јас препишував на градинката како промена, ама еве како што читам тој период кај повеќе се покажал таков Претходно беше и болна неспани цел месец се фати, окапавме
Амм дојдов да прашам како се справувате со деца што фрлаат се и сешто, најчесто кај шо не смеат? Фрли играчка, сокрши цело стакло од маса и сеа не знам како да реагирам. Не се повреди, среќа ама не личи дека се испозамара што зборев 1 саат. И успат број од дилер да ми дадете, плс. Скренав
Не бе какво справување си игнорира што зборам и си тера кај што си замислил. Па што биде нека биде. Не знам кај читав дека немаат страв до 3 години пошто не разбираат причина последица. Затоа така ко херои неуништливи се понашаат. За дилер касно е, само добар фризер за новите бели влакна
Што играчка ќе беше тоа . Врати и ги бебешките тие не можат стакло да скршат. Јас обично и кревам играчката. Игнорирам во ситуации кога можам, зошто нејзе карањето и е интересно и се смее и продолжува да прави бељи. Ама во суштина најчесто ја кревам играчката. Е надвор ако е и земе камења и ако ја видам да фрли ондак идеме дома.
Глупавиот магнет запна да го земе од кујна, и седна на хранилка и демек го возеше по маса и не знам шо и текна го акна од маса и го погоди директно стаклото и се распарчи целото Ја тргнав одма, ама она запна да оди кај стаклото, да виде што направила Ми се споија жичките скроз. Среќа што не се повреди
Сликај модел одма да нарачувам да плетат. Јас со јорган се покривам она е само по шпихозна. Самонаконја допре кебенце и одма се буди