Среќа. Во такви моменти и мене ми се спајаат жички, мојата уште знае по штекери да тргне да брцка, се научи и тие затварачите да ги вади . Еднаш ај реков да не и урлам, земав клекнав до нејзе (нели фејс ту фејс да им објаснуваш) и јас онака смирена цела и кажувам немој друг пат вака или онака, детево се испотресе почна да плаче. И не знам веќе ни јас како да постапам во дадена ситуација. Ама види јас стакло да сакам да скршам нема да успеам, а ваквиве магнети на фрижидер грешно да ги погледнам одма ќе пукнат, кај вас нешто вансериски се случило.
Детево е цело вонсериско, шо да ти кажам Ми мина нервозата него со фрлањето да се помирам. Најс Едит: само плишани играчки во нејзина околина. Собрав се друго
Здраво мајки Имам керка 22 месеци, ни се јави проблем од пред некое време, почна претерано да поти за време на спиење и тоа во пределот на вратот, грбот значи жива вода се прави уште во првиот саат саат и пол од кога ке заспие. Обавезно ја преслекувам по 2/3 пати во текот на ноќта. Се консултиравме со матичната ни рече да зголемиме доза на д3 витамин од 5 на 7 капки Искрено нема никакво подобрување. Ве молам доколку некоја мајка има слична сутуација да сподели искуства. Поздрав убава вечер
Проверивте Д3 во крв? Од ракав доза тешко е да се погоди, можеби е на долна граница а можеби и има недостиг. Брзо се регулира нивото ама мора одреди се провери преку крв за да се даде доза.
Девојки, дај кажете како успевате да дадете Омега3? Дечкото е 13++ Молерс сите вкусови пробани - сѐ плука. Плус многу е количински, нема како да му го прикријам. Па ај се вратив на Бебитол дека помала количина..и тоа не го сака, се потресува од вкусот на риба и го плука.
Mom's Малце сум исфустрирана Девојченцево мое од 1 до 1и4 месеци беше опседнати со цуцлата. Кога тргна во градинка негувателката ме охрабри и ја носев без цуцла и после 2 дена не ја бараше. Си ја користевме само за заспивање. Е ама од пред некој дек почна да ја бара пак. Целооо време. Некигаш од градинка ми ја враќаат со цуцла демек станала од спиење тогаш и и ја даваат само за спиење. Првиот ден на игнорирав, ја дефокусирав ама последниве дена плаче најтажно на свет со солзи. Ќе и ја дадам 5 минути и ќе ни ја врати. После 10 минути пак ќе ја побара па ќе ни ја врати и така во круг. Јас многу се нервирам. Пробав и со сенф да и ја намачкам. Го осеќам ко личен неуспех. Па не може бе сега на скоро 2 пак со цуцла. Дали е период, дали петки излегуваат, дали е поврзано со спиењето во градинка... Поима немам ама многу се нервирам и дајте чаре некое
Иста беше ќерка ми, од кај година и 11 месеци до 2 г и 1 мес кога и ја тргнав скроз ко опседната беше со цуцлата. Дури знаеше кај и стојат не ни ја бараше, одеше сама си ја земаше. Пред тоа исто само за спиење и беше. Еден ден се решив да ја тргнам, едната и ја исеков се чудеше ја покажуваше на сите, "види, види дупкааа" и и реков чичкото ти ја исече зашто си голема(чичкото е старо купуем, само од него се плаши) ајде фрли ја во канта, за чудо ја фрли. Следниот ден другите две и ги скрив, каде се, чичкото ги зема и така си поплачуваше по нив 2 3 дена и толку беше. После тоа коа нешто ќе се изнервираше или ќе паднеше урлаше цуцеееее ама брзо и проаѓаше. Истрпи викање 2 3 дена, ќе ја заборави.
3 дена стегнете заби и толку е. Од денес до недела ќе издржите плачки и толку ќе биде. Јас и реков немаме цуце, првиот ден така така, вториот плачки ама мора да издржите, третиот ја побара , не и ја дадов и толку беше, веќе не ја побара.
И ќерка овој период се треска од земја за цуцла. Тука некаде се со возраст. Ние ја користиме само за спиење онака ја криеме оти со зборење не се разбира. Ја ставам некаде високо и кажуваме чао и после за спиење ја земаме со цели церемонии оти се надевам дека ќе сфати само за спиење да ја користи па постепено и тоа ќе го тргнеме.
И јас дојдов за истото прашање. Генерација ни се нашите Претходно само за спиење му беше цуцлата, и кога ќе станеше одма ја фрлаше за да иде да си игра. Сега буквално трча по нас низ соби, сум пробала и да му зборам, и да му ја земам... Жалче ми е ептен Некогаш и сред ден ќе му текне ќе се прекачува на кревет само за цуцлата. Се тешам на 5ките дека се. Ако не, некој викенд ќе гледам психички да се спремам за тргање скроз.
Некоја регресија да не е упм. Не може баш на сите да ни се погоди вака. Вчера беше држ не дај цело попладне. 5мин ќе ја држи па ќе ми ја даде, па после 10 мин пак, па одма ќе ми ја врати. Па ќе и текне не и така цело време. Сабајле си ја остави на шанк пред градинка и не ја побара. Така си тераме до пред 4 дена и после за спиење вечерта. Ова не знам што е. И највише што се нервирам ме гледа дека ме напнува откако ќе и ја дадам и доаѓа мајмунката со најсладок оосмех и вика мама мама и доаѓа да ме баци Ќе видам викендов како ќе биде ако забега многу и јас ќе сечам театрално
Маж ми е сигурен дека е влезен во фаза каде што тестира граници, претпоставувам и ова е таков случај, што знам. Исто и моето, по природа не се гушка ич, ама чим му ја дадам цуцлата се лепи за мене и ме гушка, ме бацува...аххх
Мајки со што се карактеризира последниов скок? Почнаа со квичење, трескање од земја, тестирање граници, скок ли е или вака ќе биде до 4 години?
Поддршка од мајка што само што заспа двајца багабонти од 1 и 3,5 години во раце Одам да се онесвестам во кревет