Моето дете немаше никаква реакција, летово ја прими. Е сега за градинка е малку зезнато зошто најчесто реакција се јавувала од 9ти до 14ти ден. Според мене една недела не ти врши работа, или нека седи 2 недели дома или пушти па ако има реакција ќе ја повлечеш дома
Гледа така, обожава сликовници. И низ соба кога покажувам се врти. Е ако му покажувам низ прозор нешто подалечно гледа во мојот прст, не следи правец. Туку прееска кога го прашав кај му е носето покажа со прстче. Така изолирано Е уште да почне самоиницијативно да покажува кога нешто ќе види, или па кога му покажувам подалечно да следи правец. Да не преувеличувам со нервирањето? @Lisandra баш ко опиша ти, се' тоа прави. Скоро сите предмети и играчки низ домот ги знае. Прееска спомнав на мажот да ја изгасам климата и он футролата од очилата ја насочуваше кон климата да ја изгаси. Тоа не му е покажувано, ама ете од гледање научил. Битно се изнасмеавме.
Најубаво две недели да си седи, зашто и се намалува имунитетот па да не ти настине. На здравје боцкање
Преувеличуваш бе не се очекува да следи нешто што му покажуваш преку прозорец. Туку нешто во собата на помала далечина. До 18 месеци се очекува да почне да покажува со прсте.
Пробај со албум на сликите да покажуваш кој е. Мојот вака го извежба тоа, претходно само прстот го подаваше случајно, без намера да покаже нешто па тоа ми беше знак дека вежба
мрп и дава реакции после две недели. Па не дај боже ќе остане цел месец. Мое мислење е да си оди во градинка, за вируси може и вие да и донесете или било кој, било каде
Нас нема кој да ни го чува па одеше во градинка. Четврток ја прими викендот беш дома од понеделникот во градинка. На 10ти ден точно крена температура и беше кемкав. 3 дена имаше температура и толку.
Здраво мајки. Имам едно прашање почнав со идење во канцеларија но тоа е 2 пати неделно и со татко му се чуваат. Синчето е 1 и 6 месеци и е стварно океј, поготово кога е со татко му нит плаче се го слуша.. Од кога почнав со работа кога сме дома почнува се нешто да ми се кенка ама со звук како да се жали, ми плаче на се, те ќе ме послуша те нема. Татко му не сака да го види кога сум јас дома, ако го земе почнува одма да кенка. Претпоставувам дека е ради тоа што почнав со идење на работа. Некој совет? Иначе зборам со него, цело време сум тука за него, истотака шетаме заедно и таткото е вклучен во тоа, знам дека е мал ама почнува веќе да биде неподнослив се случува неколку дена вака и се со убаво ама џабе, нит го карам нит ништо.
Пред извесно време пишав во соодветната тема но не добив одговор. 17 месеци сме едното близначе сеуште нема заби, педијатар ни вика нормално е, нема простор за грижи и секако никој не останал без заби дали некоја мајка има слично искуство?
Мајки бебе 12м денес имаше 10 столици сигурно. Не е течна, нормална боја и текстура. има многу апетит, јаде 3-4 пати на ден и тоа баш обемно за таа возраст, плус млеко пред спиење. Но еве оваа вечер само што заспа и се разбуди со плачење, го стега стомакот како да му е во грч, дури и нозете прави стегнати. имаше гасови денес со мирис како на расипано јајце, инаку си беше весел цел ден, здрав е, активен, јаде како што треба. Но заспива и се буди плачејки веќе 3 часа, дали е опасно нешто?
Мајки што давате за дијареа? 13 месеци е . Има стомачен вирус. Покрај дијареа има грчеви во стомачето. Плаче цело време и бара во раце... Давам линекс пробиотик, опс електролити и за јадење само печено јаболко, варен ориз,морков и компир.
Мајки здраво, да прашам колку ужини треба да имаме на 12 месеци и колку млеко треба се пие.Досега пред секоја дремка давав млеко, различно пиеше некогаш помалку, некогаш повеќе.Ако воведам ужина дали млекото пред спиење треба да го прескокнуваме? И ние пораснавме и ви се придружуваме во оваа група..
Jas ja odnesov odna posle bockata niso nemase. Eden den samo malce temp kaci ama dokaj 38 ni sirup ne i dadov. Celo vrene vo gradinka bese i pred i potoa
Мајки 18ипол месеци дете, секоја вечер станува накај 2 и имам мака да ја презаспијам сигурно 2 или 3 саати. Не ја изнесувам од соба намерно, туку цица цело време, кога ќе видам дека не презаспова ја легнувам на спална, цица, ќе пушти, ќе се врти накај мм да се галат, па пак накај мене, и така во круг 2 саати. Ова се случува последниве 4-5 дена. Да напоменам само дека во тие 2 саати знае да заспие на 5 мин, па се буди, па пак 5 мин па се буди. И не странува за да си игра, поспана е, ама не може да презаспие. Ме клоца со нозе додека цица и тука ме фаќа нервоза. Инаку ни е скроз тамно во соба, има минимална светлина, колку да гледам кога ја земам од креветче за цицање. Заспива во 9, има убави дневни дремки. Не ми е јасно во што би можело да биде проблемот. Имате ли искуство или идеја до што би можело да биде?