Епа можда се заби. Јас веќе не се ни прашувам зошто како, само прифаќам дека има такви периоди кога сме зомбиња и чекам да поминат.
@Tiny Love Може се заби, ама не плаче, не става раце во уста. Невообичаено е само што така понемирно заспива, ме клоца, се мрда лево десно..
Истиот проблем го имам 4 ноќи по ред, само што е 12+. Да не имаше некој скок сега ама мислам го помина 8миот. Може да се заби ама не плаче, само е буден дури и се смее, големиот урлаше кога раснеа заби.
Исто и мојот 12+, синоќа беше буден од 2 до 5. Ама ова кај нас и порано се има случено неколку вечери. Дигнав раце веќе од истражување поради што е. Само прифаќам ситуација и чекам да “смени”
Имаше околу година скок да. Исто и мојава, не плаче, немам идеја што е, и килибарно герданче од мака земав, па ќе видам
Здравоо 14 месеци на горниот очен капак му излезе јачмен,дали е опасно ? Вака ни го чеша ни ништо добар си е Ве молам за одговор
Исти сме 12+ и веќе очајна сум, успивање со саати, лудило е. Јас препишувам на скокот + заби, горе нема уште а неколку се спремаат и ептен се мачи. Се надевам после скоков ќе се средиме колку толку
@Spidy доколку сеуште ја имаш книгата за тренинг за спиење можеш ли да ми ја пратиш,голем проблем имаме со спиењето
@Mrs.Sofija @Skyler @Anturium Да се приклучам во клубот. Кај нас месец дена веќе трае, 16 месеци се. Се будат малтене на секој саат, и не е како порано ќе цицнат 3 пати и ќе заспијат него цицаат, се вртат, често се расонуваат па се играат и се будни по 2 саати. И скокови и заби и грчеви сме прошле, никогаш толку долго на траеле овие периоди. Јас потајно се надевав дека овој период ќе почнат да преспиваат цела ноќ а тие од 2 до 3 будења кратки преминаа кон 10 будења и останување будни со саати. Мене уште поголем проблем ми е кога нема да се разбудат двајцата у исто време, таман ќе заспие едниот еве го другиот се накренал, цел месец не сум спиела. Единствено што се смени периодов е што почнав со работа, ама работам од дома и во добар дел од деновите не сум отсутна преку цел ден, може да ме снема на 2, 3 саати кога имам нешто битно ама знаат дека сум во друга соба. Или е некоја регресија ама предолго теае...Ако најдете чаре, кажувајте.
Се сеќавам на тој период со поголемиот, мислам дека преминуваат на една дремка ако се сеќавам добро. А имав еден друг период и тој не можам да го заборавам пред вториот роденден се будеше во 3-4 сабајле и не заспиваше. Искачавме од дома во 5h и кружевме околу градинката додека почнат со работа. Се надевам нема истото да ме снајде и со ова дете.
Лајкот за поддршка... 13+++ е моево сега почна така да се буди и цица ли цицааа (бетер новороденче), се буди ја ФРЛА цуцлата и тоа силно да летне надвор од креветот цуцлата... и се врти ми ја влече блузата за да му дадам да цица. И така 4-5 пати сигурно во текот на ноќта. Зарем ќе трае овој период до па и повеќе од кога ќе наполни 16 месеци
Се сеќаваш колку траеше? Инаку да, преминаа на една дремка ама никако да врзат убаво дневно спиење, саат време макс и после само ако ги презаспијам да продолжат уште пола саат или саат. Нешто очигледно не штима ама не знам што да направам.
Овие после роденденот почнаа да цицаат нон стоп, ден ноќ а бе по 100 пати. Ко бебиња ич не беа некои цицачи, не знам што им стана и еве уште трае. А треба да ги одбивам, се прашувам како
Исто и мојов е 16 месеци и потполно иста ситуација. Вчера од 2 и пол до 4 сабајле лудуваше низ дома а мене ми се спие ми се плаче. Јас до сега мислев ќе спие по цела ноќ а не вака