Некни кога пишав дека неспиеше, уште две вечери имаше со плачки и често будење, и ооп сабајле гребка третото забче. Се надевам до тоа е. Белким ќе имаме неколку мирни вечери додека 4то не изремети се.
За мачнини и тегоби во стомаче, еднаш имаше и проливче денес, смеам Ваја? 19 месеци е. Сум заборавила како давав на големиот.
Јас и давам редовно ваја биотик зеленото за деца што е, 7 капки, 23 месеци е. Ако има грчеви земи и од тој анасон чајот на бекутан бебешкиот може ќе му помогне.
Претпоставувам дека е вирусче некое, се надевам лесно ќе мине. Еднаш проливче и еднаш поврати, ама апетит нула, катастрофа.
Мислам дека пролив го рачунаат ако почесто има течна столица, затоа вајава ваљда ќе заврши работа. За јадење сега е дозволено недозволеното соленки и бејкролс да го тера да пие течности таман. Нас кога ни беше стомачниот матичната кажа дека мн дечиња на грчеви се жалеле па затоа ни кажа да го земеме бебешкиов чај, ама мојата не може да го смисли.
Со што се чистеше папочето? Гледам нешто како гнасно е внатре, пробав со туфер со вода не излегува многу внатре е морам да го отворам да се види и како засушено е. 15 месеци има.
13+++ сме абе последните неколку вечери многу немирно спие се врте 360° во креветче не го собира, а богами ни на спална. Се буди скоро на секој саат. Имаме 8 запчиња. Јас стварно нз пто да правам веќе и онака не спиеше ама сега е претерено.
Здраво мајки. Јас очајно барам спас. 18м е малиот има скоро 12кг, од бебе му ги користам памперс актив бејби до пред 2м немаше проблем, сега ноќе ми пропуштаат детето е утоп мокро а еднаш станува за млеко и чај пие...помал пиеше многу повеќе немав таков проблем. Земав бебјби лав и они ми пропуштат, гаќички на памперс исто... не знам што да праам кажете,предложете што да пробам?
На син ми само премиум кеар му беа ок за ноќе. Преку ден ставав и актив бејби до одреден период, ама почнаа да го стегаат. Потоа продолжив со премиум до крај.
Здраво, дали постои некој лекар каде што можам да се обратам за не спиење и многу често будење на дете 16 месеци. Невролог за деца или нешто слично? Се што ми паѓаше на памет до сега пробав, ништо не помага.
Мајки, малото е 12+, ама последната недела забележавме дека здивот почна да му мириса...Прво помислив да не е од цуцлата, ги сменив ама пак му мириса.Инаку цуцлата само за заспивање ја користиме а преку ден не...Дали некој имал слично искуство и дали има место за паника..Благодарам
Ама не приметувам да е настинат..инаку заборавив да напишам, кога е во движење устата постојано му е отворена, како да дише на уста а вака носот не му е затнат, нема секрет не му тече...и пишав на маѕичната ама уште не ми врати..
Можеби не се работи за истото, ќе кажам мое искуство, син ми е цело време со отворена уста и кога игра и спие со отворена уста, дури и кога пие нешто не може да го проголта и пола му теече по него, мислев дека е некоја игра ама денес го прегледа докторка и кажа дека се тоа е од зголемени крајници, дури 70% му биле зголемени. И цело време кога е настинат сеќавам дека му мириса здивот. (Повеќе е настинат од здрав)
Фрлете цуцла, од нив е. И да е чиста најчиста и нова се лигави цело време му стои во уста пластика, се загрева од плунката му смета во дишењето ќе му смета и во говорот. Полека отфрлете ја. И давај повеќе вода да пие.