Какви чизмички да купиме за зимава? 18 месеци е дечкото и тешко ни се погодуваат обувки. Нешто полесно сакам.
Рано е. Најчесто меѓу 18 и 24 месеци се случува таа некоја си "експлозија" на вокабулар. Ќерка ми е скоро 2 и како преку ноќ да научи да зборува последниов месец. На 15 месеци едвај мама и чао кажуваше
Каде може да прочитаме што и како се очекува на таа возраст? Иако апсолутно е индивидуално. Охооо браво. Мојата прави куче, маче и крава
До 15 месеци е минимум 3 збора, до 18 минимум 10. Ономатопеи се бројат како зборчиња. Исто како и звуци како брм, бам, бу и слично. Моиве се 16, имаа една стагнација од можда 3 месеци каде што едвај по 2 3 нови зборчиња добија, едниот кажуваше многу повеќе сега другиот во една недела скоро го стигна, така да буквално преку ноќ се менуваат
Мајки некој добар препарат за имунитет да ми препорачате за 12+? По можност со добар вкус, зошто како тргнавме сите ќе ги пробаме а кој од кој повеќе го плука
Јас им давам дефендил, за ефект не знам колку има ама на вкус го сакаат и плачат за уште кога им давам и сами си бараат кога ќе заборавам а ќе го видат шишенцето
Бебе неколку дена по ред спие саат ипол-два на денска дремка, кој сака нека честита Од рагање нема спиено повеќе од 45 минути преку ден, а и сто пати се будеше, ова раат било бе пу пу Ај сега кажете ми кој ред на спиење го имате на 12-13 месеци, малку ни се испоремети се касно заспива сега навечер. Станува 7-8, прва дремка 10:30-11:30 до 12-1, втора 4-5 до 6-7, заспива 10-11. Некако касно ми е заспивањето. Да го оставам вака или да поместувам нешто порано да е. Пробав да отфрлам втора дремка, заспа во 7ипол и со стана во 2 наспан, едвај презаспа во 5. Така да тоа отпаѓа.
Да му ја поместиш првата дремка покасно и да остане на една? Ма да според мене ако станува во 8, океј е во 10 да заспива.
Сте имале ли проблем со крцкање на заби? Ги крцкаше и претходно ама сега е интензивно, гугл вика бруксизам е терминот. Не и давам цуцла, некогаш бисквити колку да престане. И луѓе, како да најдам начин да се справам со беснотилаков, ич не ме слуша, џабе и викање и со добро, ми се смее во лице и прави глупости, лицето модро и е цело од паѓање. Тек 16 месеци е значи, коса ќе ми побеле, ниту 1 минута не седнува.
Не издржува, премногу кенка, нервозен станува ако не го легнам. И мене искрено ми одговара вака покасно ради шетање, ама се мислев да не е касно заради навики нели
Проблематични се тие периоди на преод во дремки ама не си прави притисок, не се роботи па секогаш да е исто. Ако вас фамилијарно ви одговара оваа динамика, терајте си, битно бебе да е наспано и сите задоволни.
Тогаш да не се оптеретувам, ќе тераме вака сега. Кога ќе скрати на една дремка веројатно ќе му се помести легнувањето порано. Фала мајка
Ние сме 12++ веќе сме на една дремка поради градинката, таму заспиваат околу 12. Кога ќе дремне убаво немаме проблем, ама периодов по малку спие и потоа навечер едвај до 7, 7ипол издржува а ноќе не спие убаво.. за втора дремка пробуваме ама не сака одбива. Викендов дома исто со саат време дремка беше по цели денови. Дали ќе се среди со време или да менуваме нешто Убаво е што рано заспива навечер ама многу се мачи, и се спие, цело попладне кенка.
Од роднински врски само мама кажува. Друго кажува кога бучи нешто буууу. За жешко жииш, за мачето како прави, ајде, не не, да да и со главата покажува за да и не многу смешна е. Дај, на. Чао. Исто кога сака некого со рака го вика демек дојди, или ако сака нешто да и дадеш. Чао кажува и со рака мафта. Интересно ми е што може буквата ч да ја каже ама ја кажува со некој поинаков акцент "чао". Тоа ,друго не ми текнува во моментов.