Скроз исто. Ако кажам не се ќе фрли што е околу него. Јас викам остро не, малку и тон повишувам и објаснувам зошто, ама џабе, уште полошо станува кога ќе кажам не. И јас се замислив за оваа агресија, дури и како да се кара некогаш. Ваљда е нормално ама иритира многу
Тука некаде е и малиот. Сеа на 23м почнува да сврзува по два збора, ќе те продаде во манипулации и разбирање ама со изговор потешко. Не мислам дека има потреба од проценка се уште, по 2 роденден мислам дека ќе биде уште послободен, барем така дечиња околу нас.
Баш вака како што опиша. Може така комуницираат сега . Шала на страна и јас се загрижив, баш кога ќе го носам на педијатар ќе го прашам. Инаку и јас малку повишувам тон ама само контра ефект има
Се мислев да почнам “да” да викам на секоја глупост што ја прави, и така прави се обратно што ќе кажам
Ј Јас му ја сушам со фен од кога е роден. Прашав и докторка затоа што моите ми викаа да не му ја сушам и ми одобри.
Исто и кај нас, кога кажам не мислам дека само повеќе се лути и нервира и ако држи нешто во рака го фрла одма во истиот момент, а почна во послрдно време и да мава со рацете и да писка како да се кара. јас незнам што е ова лутење од толку мали, ако вака продолжи каде ќе ни биде крајот.Се трудиме се да биде тивко и со убаво да се објаснува ама џабе ова дете инат невиден. Се надевам ќе помине ама некако не ми е многу верно
И кај нас нема кавги или повишување тон пред детето, се е смирено. Е сега јас говорам малку погласно од мм, ама не е до толку за да влијае мислам. Стварно не знам како да се справам со ова, се надевам нема да трае долго. Штипа, кубе, удара со раката, и се гледа дека се ова прави со намера, не е случајно. Фрла се живо што ќе најде. Најмногу му бранам дрвото да го фаќа, и ако му цркнам за нешто сосема друго смеејќи се оди кај дрвото и го тегле со сета сила, па земја од саксијата ќе почне да вади и да ја јаде. Апла како за инат да прави. Се трудам да бидам трпелива во вакви моменти ама се плашам кај ќе ни е крајот
И моето е 14 м, исто кога му викам обично не, се смее и си тера по негово како игра му е и нема шаси да послуша.Често знае да се лути, и се кара буквално, ве читам како сте биле тивки со децата, ние баш не сме тивки, викаме и јас и мм, и нервозни сме доста, па дури и бебево се кара. Многу се закачаат со поголемото синче, се тепаат буквално уште сега, големово го турка, му става сопки, го скубе, па бебево научи и да се жали од бато, покажува како го скубел, ама и он го скубе, го гребе, го штипе, писка се кара буквално. Имаат и моменти кога се сакаат, се гушкаат, си играат заедно ама се е на моменти, за час збукнуваат и од гушкање преминува во тепачка.Да не си паметен кого да смируваш кого да караш.
Моето има коса густа и подолга. Сушам со фен, не гледам причина зашто да е штетно. На пониска температура ставам и не многу блиску. Без фен нема шанси да му се исуши косата.
Мене баш тоа ме нервира што се е намерно.Сега почна сам да оди и само ќе иде до комодата и ако има нешто со раката ќе го пртне и ќе си помине.На масичката не смееме ништо да оставаме.Почна и чашката со вода ако е на масичката ќе иде до неа и со рачето полека, полека и ќе ја турне.Штом сите го прават сигурно е некоја фаза која мора да мине. Само нека се здрави и живи
Нас дека ни е прво дете и затоа се тивко и зборуваме и разговараме ама тоа изгледа нема многу улога Мене ми е чудно дека децата на сестрами стварно не беа такви.И денес ете малку поголеми се, ама стварно се културни и послушни и одговорни. Ова малово луто како феферонка.
Само да се надоврзам, за првото бевме тивки и внимававме на се, па тој излезе гласно дете, ураган што би рекла мајка ми, фрлаше, буташе од маса, нема шанси нешто на маса или комода да оставиш. Сега второто расне во погласна атмосфера, неизбежно е посебно кога урла големиот или јас урлам по него ама тој е толку смирен, внимателен, украси и слики нема шанси да чепне од комода само ги гледа и допира полека, на маса оставам чаши и тањири никогаш не бутнал. Не се закача прв ама големиот кога му зима нешто одма се исправа, го влече за блуза и кубе. Мислам да беше прво дете немаше тоа да го прави ама се истренира, едноставно мораше да се научи да се брани пошо големиов беше стварно безобразен со него на моменти. Прво ги раздвојував, сега не реагирам додека не е опасно.
Од 2-3 месеци и ја сушиме со фен. Се роди со коса подолга од на маж ми Еднаш ја успав случајно сушејќи ја
Сакаш да се мењаме со ова второто? Абе не постои нешто што не пипнале и не турнале, секунда да не ги гледам нешто отишло. Еднаш спремав за јадење и додека миев зеленчук едниот го грабна ножот (голем, кујнски) од масата и се смее. А бе ќе си умрам од стресови. Да имав бројач што ќе брои колку пати дневно викам не, ќе превртеше до сега. Најново е ако се насрдат зашто нешто не им давам одат по ред и ги прават сите работи што им ги забранувам. Значи плаче и иде брца у штекер, па бутка од маса, па отвара фиоки.
Исто и кај нас, и двете се како торнада со тоа што големото е цело време весело и насмеано, а малово е полуто.Од комода тргнав одамна све украси наредив играчки и тие ги расфрлаат, малово вадеше чинии во кујна и ги фрлаше на плочки, 3 пати така ми направи па купив оние за вратнички да не отвара, 2 пати ми скрши чинија на ручек, од тоа што зема вилушка и сака да тропа во чинијата.И плус фрла играчки. Се оваа е фаза, јас ич не се потресувам. Отвара фломастери и шара со нив, шара по ламинат по клуб масичката по него си шара, среќа се бришат. Скоро таман го дотерав да одиме на роденден, предходно го бањав, па му облеков кошула и фармерки, и излегов од соба,земал зелен фломастер и беше цел лом, по лице во уста, по кошулата, абе незнаеш дали да се смееш дали да плачеш едвај го измив.
@le.soleil Сите ми го бараат Не го давам, конечно и јас да видам како е со мирно дете @macalavica Еве сега ме потсети дека деца и во кујна отвараат Еве го 13+ месеци, нема чепнато во кујна само стои до мене и гледа. Со големиот цел стан ни беше излепен со тие штитниците, сега немам купено ни еден. Ја отвара само неговата фиока со чорапи, ги вади сите и ги враќа ама не си ги фатил рацете досега. Додека на пример ова е големиот на 9 месеци Спојлер Не го давам овој, златно дете ми е ама осеќам дека поголем ќе ми наплати
Кога сме кај штитници за фиоки и врати од кои сте задоволни? Земав едни од бебецентар што се лепат. 5 секунди им требаа да укапираат кај се залепени и два три обиди да ги одлепат
Леле ова како моето да е сликано, машината ја заборавив за садови, ај што ја отвара, и вака стои, па и ја пушта, по неколку пати ги мие садовите ако не ја приметиме.Иначе 13 м е рано, да не те плашам ама ке пишеш пак за некое време . Штитници јас купив од стокомак, ги имаше на еден флаер, и добри се, бркаат работа.