Здраво мамички Неможеме да оздравиме Пред 10 дена инхалации,амоксиклав два дена му замина и сега пак исто кашла и носот му тече Да го носам на лекар пак антибиотик ќе му даат?
и моето бебе исто, минатата недела пиеше зинат антибиотик и инхалации со дексазон, за викенд беше подобро, од вчера почна носот да му тече како вода и солзи му течат а не плаче, еве денес качи и тт 38.5. Големото синче пиеше панцеф цела доза испи,исто минатата недела и после 2 дена пак болен, и он еве веќе 3 дена носот му тече кашла, ногрипин му давам.И на двајцата давам витамини, киндеримуно прашок, и се џабе.Што да му дадам сега на бебето, дадов сирупза тт го поврати, сега ми е шубе пак да му дадам.Има 14 м околу 10-11 кг, чепчиња од колку може да давам. И пишав на докторката исто.
Мамас едно можеби глупо прашање Во мол на пример тодлерчињата како ги носите? Дали во зимска количка ги шеткате или? Оти мојов цело време сака да оди само па не знам дали да земам количка за во мол? Седат вашите во количка така додека ги шетате?
Со количка одиме, се вози малку, па после го носиме во раце наизменично, еден бутка количкам или го водиме за раче, не сака долго да се вози, ама пак без количка не одиме.
Дали има некој скок или регресија около 12 месеци? Ова будењето преку ноќ не се трпи веќе, а супер си спиеше.
Веќе два месеци со прекини на малиот му е затнат носот. Ставав оперил п, но повеќе од седум дена не смее. Спиеме со сецкан кромид до глава и му прскам диво оригано и синомарин мислам. Што друго е за затнат нос? Се грееме со клима но влажноста е добра.
Мајки сакам да го земам б комплексот на бекутан за апетит. Откако примивме мрп се разболевме пиеше антибиотик цел месец глава не кренавме. И се насобра вакцина ,антибиотик се по ред. Ослабе. А и апетит нема многу. Матичната ми препиша дефендил да давам за имунитет. Уште не сум го почнала како се покажал кај вас, искуства? И дали може да се дава напоредно и б комплекс?
Кај нас ништо не видов разлика од дефендилот месец дена го давам два пати антб пиеме во тој месец, дали треба повеќе време па да се покаже незнам, уште го давам па ќе видеме.
Го сакаат на вкус, за ефект не знам што да кажам, втор месец давам два пати болни по 10 дена. Лесно поминуваат, немаше антибиотик и спуштање на плуќа ама не верувам дека е до сирупот зашто и јас префатив од нив, исто време ме држеше. Мене ме советуваше педијатар 3 до 4 месеци да давам.
Додека си пишуваме ние како да стимулираме говор, малиот се пушта се повеќе и повеќе. По цел ден повторува по мене, прашува, одговара, пред спиење сите нови зборови ги повторува. Стимулираме со постојано зборување, кратки прашања, кратки одговори. По цели денови.