Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.271
    Допаѓања:
    4.938
    Пол:
    Женски
    Ке прикачам еден фајл со логопедски игри, ние доста од овие сме ги играле и без да знам дека се дел од логопедски методи, прочитајте, мислам дека се доста корисни.
     

    Прикачени фајлови:

    На Knizhevnik11, Mari-Li и Anturium им се допаѓа ова.
  2. Tamara_

    Tamara_ Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2023
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Колку месеци е? Супер :angel: едвај чекам и малава да се пушти.
    Мојава уште не повторува зборови, искрено ме фаќа паника. А цел ден си ги зборува зборчињата што ги знае. И се разбира.

    @macalavica од која возраст се игриве? Мојава е скоро 20 месеци ама мислам дека не би ја сфатила убаво поентата.
     
    На Knizhevnik11 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.268
    Допаѓања:
    50.868
    Пол:
    Женски
    Како се справувате кога ништо не сакаат да ручаат?
    Како да и дадам да руча не знам, се нервирам во уста нема ставено ништо.
    Неколку дена имаше тт, нови запчиња видов има сега пак имаме уринарна инфекција и 3 дена одиме да ја боцкаат уште денес ни остана,па утре со антибиотик почнуваме.
    Ама од вчера и завчера ништо во уста не сака да стави.
    Што не и дадов и смоки, чоколадна бананка знам не е тоа нешто храна ама сакав да проба ќе јаде ли ама не ни проба.
    Порано и давав по некогаш ручкаше сега не сакаше ни да проба а доручек ручек ни да не зборувам.
     
  4. Mrs.Sofija

    Mrs.Sofija Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2020
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    Да пробаш со кисело млеко, пудингче (лино чоколино или несле), овошно јогуртче...
    Можда запчињата и прават проблем, а во таков случај перијатар ме има советувано да давам ваков тип на храна.

    Како заклучивте за уринарната инфекција? Што симптоми имаше?
    Исто и за воспалено уво ако знае некој како би можела да знам дали има? Кашла деновиве, увото стандард го тегне, ама не плаче, на допир не се буни...
     
    На shz му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.769
    Допаѓања:
    3.474
    Пол:
    Женски
    Го користев б-комплекс како прашок не бев задоволна. Користам Протект Џуниор и сум задоволна во врска со апетит.
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.769
    Допаѓања:
    3.474
    Пол:
    Женски
    Лади му ги жлебините ако е од заби и без нервози секаде е така :( нуди го тоа што си јадело и претходно, не попуштај со смоки и благо. (Моето од забите и еве го 3 години проблем ни е јадењето)
     
    На shz му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.352
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    Мојот скоро беше болен со температура, една недела апсолутно ништо не јадеше. За ништо не отвораше уста. Само цицаше тој период.
    Оздраве и продолжи да си јаде како претходно.
     
    На shz и Malesia им се допаѓа ова.
  8. Mrs.Sofija

    Mrs.Sofija Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2020
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    Слична возраст со мојава (19ипол) и горе доле сличен фонд на зборови.. што да ти кажам.. и јас се плашам на моменти а за разбираер и мојава се разбира и полна е со идеји.. некогаш се чудам како и текнуваат сите глупости. Социјалирана е, си брбља по цел ден ама ете со говорот има малку проблем. Мада како што читам 50 зборови е минимум според развојни норми на 24 месеци. Има време до тогаш ама и мене ми е многу на мисла.
    Еве нека кажат мајки со приближна возраст на деца како се со говор.
    @macalavica и јас мислам дека се за над 2 години игриве. Не знам дали добро би ја сфатиле сега поентата, на 19 месеци. Вие од која возраст ги игравте?
    @Knizhevnik11 и јас го чекам тој момент :D секој ден ново зборче :angel: ама мојава се случува да каже зборче (пример пред некој ден рече коњ) и после пак да не го каже.
    Исто на пример "на" викс и да дај и за на. Ја опоменувам ама џабе. Исто и чао милјарда пати имам кажано, ама она само си мафта..
     
    На Knizhevnik11 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.268
    Допаѓања:
    50.868
    Пол:
    Женски
    Кога качи тт отидовме на преглед кај матичната и ни рече крв и урина да провериме, преку урината покажа дека има.
    И купив готова каша јадеше (facepalm) се враќаме на бебешка храна.
     
    На Mrs.Sofija му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mrs.Sofija

    Mrs.Sofija Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2020
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    Нас никогаш не ни рекле да испитаме урина :?:
    Имаше некоја индикација за да ви побара тоа?
     
  11. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.271
    Допаѓања:
    4.938
    Пол:
    Женски
    Како се справувате со инаетливи бебиња, моето е 14 месеци и сега најинтересно му е да се качува, прво се подкачуваше на играчки, на кола, на табуретки,па почна да се качува на гарнитура сам, и вчера се запна да се качува на трпезариска маса, се качува прво на стол па на масата и тоа стои, оди по неа, вчера мозда 200 пати го симнав, му велам не, ке го однесам на друга страна, ама не, тоа науми и пак.Пробав да му одвлечам внимание со друго и не ми успеа, пак ке отиде и ке се качи, буквално стражарев 3 часа додека бевме сами, неможев да мрднам 3 чекори подалеку бидејки се качува на високо,да го карам не разбира, му велам не и го тргам и џабе.
     
  12. Hijabigurll

    Hijabigurll Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    1.412
    Пол:
    Женски
    Детево преку ноќ се смени после прв роденден.. Ќе поспие малце и се буди со вриштење па у 5 ипол сабајле заспива пак едвај со вриштење. Има скок во развој на годинка? Пред тоа беше болен примаше Панцеф и носот му беше затнат сега е ок ама со спиењево е катастрофа..
     
  13. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.160
    Допаѓања:
    6.828
    Пол:
    Женски
    Тргни ги сите начини по кои може да се качи. Пример јас во ваков случај би дигнала столици горе на масата да не може да ги дофати. Ќе се помачи да најде начин, ќе поплаче, ќе виде не бива и ќе си бара друга бејла :D
     
    На Mother of 2boys и macalavica им се допаѓа ова.
  14. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.271
    Допаѓања:
    4.938
    Пол:
    Женски
    Имам уште едно дете тоа црта на масата, бои, си игра со лего затоа бебево се пентери за да дофати, и да ги ставам одозгора столиците не може така да стојат постојано, ако не е на маса тогаш на гарнитура се качува и стои или оди, ако тргнеш нагло накај него уште полошо бега, бетер ке падне, незнам каква фаза е ама напорен е, денес бев на раб мм нервен слом сирот доживеал цел ден со две бесни деца со душа ме чекал да се вратам. Маово изгледа ке го одмине бато во правење бељи и инатење.
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.352
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    8 скок во развој + регресија во спиење
     
    На Hijabigurll му/ѝ се допаѓа ова.
  16. pineapple93

    pineapple93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2019
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    180
    Пол:
    Женски
    Мајки малата се пушти сама да оди (fingers) 15 месеци е, претходно се пушташе па ќе падне ќе се исплаши или вирус од градинка ќе фатиме к пак не се пушташе.. Сега сакам да и направам стапалки/постапалки како и да ги викате. Е сега прашањето ми е што се прави? Се прави нешто посебно, незнам најблиските ги викаш им даваш стапалки што е со тоа? Ако може поискусните да ме упатите :party:
     
  17. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.160
    Допаѓања:
    6.828
    Пол:
    Женски
    Оф тогаш немам идеја. Тоа е, период, ќе помине. И мене ме чека ова вака кога ве читам ама друго е со едно дете. Може ако имате простор дома да му земете такво гумено за катерење, белки тогаш ќе заборави на мебелот :D
     
  18. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    2.920
    Што мачкате на ладново на лице кај малите? Гледам кожата и е сува со ладново.
     
  19. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.160
    Допаѓања:
    6.828
    Пол:
    Женски
    Веледа кремата за ветер
     
    На Speechless, LiquidLuna и Mari-Li им се допаѓа ова.
  20. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    32.373
    Пол:
    Женски
    Никако. Еве ја 2 години ќе направи, не научив како да се справам. Тргнав се од дневна, имаме само 2 стола и маса. И на масата успеа да го скрши стаклото инаку. На кревет кога трча јас седам долу со раширени раце и ја чекам да падне. Се качува по радијатор исто, 100 пати е тргната од таму, 101 пат се има качено. Сега последно столот го фаќа од позади и пробува да се крене на него.
    Само да ги пазиме да не се искршат, јас друго решение не гледам...
     
    На lovely91, Anturium и macalavica им се допаѓа ова.