Крај на декември ќе слави 2 ри роденден. Ама како наближува се повеќе сака и се обидува да зборува, а пред месец дена мислиш едвај со молење повторуваше по мене, само кога сакаше. Сега е многу поохрабрен. Еден месец како многу различен ми се виде.
Здраво мајки, синчето ми е година ипол и неколку дена е со кашлица и мрсули кои се бели. Педијатарот ни препиша инхалација со физиолошки и дексаметазон меѓутоа детево мое нема шанси да го додржам за да му наоравам инхалација. Толку плаче и се треска мислам лав ќе скротам побрзо него да го убедам да седи 5 минути. Дали може да се прима во друга форма или можеби има некој спреј со слично дејство? Мислам пола саат се трескаше, но слично реагира и на дрги згуци на брчење како правосмукалка или бушење, едноставо се плаши од звукот.
Мајки некоја да има искуство со тврда столица кај дете. Само што наполни една година, ама веќе подолго време се мачи, се напнува, кога ќе успее да се искака плаче силно и се препотува. Консултирано со педијатар, само на исхраната да внимавам, го утепав детево со модри сливи, круши, смоква и што уште не, ама си продолжува истата работа. Се нервирам што не можам да му помогнам, нема запек, секој ден се празниа ама со многу мака. Му давам и сируп од слива и смоква, ама и тоа не помогна.
Мајки од кога почнавте да им читате на вашите малечки?Мојот е 13 месеци ама книга не сака да види.Само што ке легнеме и ќе земам книга, тој зема ја затвора и ја фрла. Преку ден ќе ставам на под некоја книга и ќе почнам да ја вртам да покажувам што има и пак истото.Од книги бега не сака да ги види.Јас незнам што чудо ќе беше.
Ене ја две и пол има, за 3 месеци 3 па уште 5 мин не може да издржи читање. Сама ги врти и раскажува според слики како ќе и текне. Ако види волк, почнува со Трите прасиња, продолжува со Седумте јариња завршува со Црвенкапа. Битно волк има.
Мајки здраво. Детето ми има 14 месеци . Се исфрли пред 3 дена во пределот на пеленската регија и почна да се шири низ телото. Кога го однесовме кај матичната и делуваше дека е варичела ( не иде во градинка и сме немале контакт со никој заразен од сипаници) ни рече сепак да идеме на кожно. Го однесовме во Ре медика таму ни кажаа дека не се сипаници туку е исфрлан вирусно заради тоа што бил болен претходно . Ни препиша 7 дена афлодерм да мачкам. Сте имале ли вакво искуство и колку време ви траело?
Да, после 3 дена тт се исфрлија по тело ( постепено по цело тело) ги бањав со хиперманган и се повлекоа за 5 дена. Не се секирај се изборил организмот со вирусот затоа се исфрлило.
И моето е во таков период. Нас не фати две недели пред годинка, за брзо ке полниме и уште трае. Ужасно му е спиењето, сто пати се буди со плачење, кинкање…Едвај чекам да помине и пак да си спие убаво како претходно. Од искуство некој да каже колку време трае скокот/регресијата околу 12 месеци што ги фаќа?
Ние го користиме, еве веќе второ шише.Мојот не ги сакаше бејбитол со д3 и омега и матичната ми одобри да го користам како омега.Малиот го пие го прифати, не се мурти.
Давам Д3 како што ми е препишано од ортопед и плус омегата. Во 2,5мл има 200ие Д витамин што значи многу малку прима Д3 од омегата. Сирупот сум го пробала, нема вкус на риба туку баш тути фрути ама е тежок, мрсен како зејтин. Овие рибичките ги немам пробано ама големиот ги јаде без проблем, до душа и сирупот го пиеше ама еве бебево нема шанси да голтне, па во каши му го ставам.
Исто и гроги сум, просто не знам како функционирам . Секоја вечер се молам веке последна да е, се надевам кај и да е ке заврши периодов.
Дури на лекар го однесов ај помислив да не го боли нешто па што спискува така матичната вика здраво право дете носи дома и само трпение