Скоро 16 месеци сме. Колку дремки имаат вашите? Со градинкава некако не можам да се организирам. Таму седи до 10,11. И само една дремка има кога доаѓа од градинка. Ама пак до вечер пак сака уште еднаш да преспие ако преспие седи после до 1. Ако не преспие досаѓа многу и се спие. А ако ја легнам од 7,8 ќе ми стане уште пред 5. Вчера заспа во 21:30 стана во 6:30.
13 ипол месеци е, има една дремка од 2-3 саати, едвај издржува до вечерта, последните 1-2 саати многу е кенкав. Ги легнувам 19-20h зависи, големиот спие до 8, малото до 6h. Тешко ми е да станам сабајле ама па потешко ми е ако треба вечерта да седам до ниедно време, а и за нив е така подобро.
Една дремка од 12 до 14:30 ( одприлика) заспива навечер 19:30-20ч. Е станува во 6, ама мене ми одговара темпото. 15 месеци има
Кај нас траеше многу, месец дена сигурно.. најтежок период до сега, со кенкање, врескање, ноќе како новороденче се будеше плус седеше будна и по 2-3 саати. 13 месеци е сега, смирена е, се надевам помина веќе. Ама моево и неколку заби одеднаш вади, плус и со градинка дремките и беа пореметени, па и тоа има удел. Кај вас може ќе помине побрзо. Во секој случај премногу е напорно, ама поминува, издржете.
Дали ви се случило детето да не сака да спие и да поксжува револт да плаче вришти така на грло се надевам добро објаснив. И да прави со нозете во место од нервоза. Еве вчера се пофалив прв пат успеав толку рано да ја заспијам во 21:30. Денеска почнав и порано и еве ја уште не спие ај што не спие само штом сфати дека спомнувам спиење бега од соба и така се понаша. Од старт е проблематична со спиењето ама ај помала беше сега разбира повеќе и оди и не можам со сила. Како да го надминеме ова?
И мојот кога се исфрли го однесов на доктор после 2 дена зашто веќе имаше по цело тело. Ми рекоа скоро сигурно не се сипаници, кс покажа вирус ама пак беа сигурни дека или е од храна или некој друг полесен вирус. Утредента се наполнија со вода и веќе ми беше јасно ама се чудев и јас како можат да не препознаат. Така да, полнењето со вода е прв знак, претходно никој не може да биде 100% сигурен. Многу се слични како алергија на храна. Со лесно нека поминува.
Да не станува касно од попладневна дремка? Шетај ја поручек да се измори, сабајле нека стане до 7. Некое такво темпо направи
Ај еве и тука да прашам и ако знаеш ти. Како може да фати сипаници кога не иде во градинка и не сум го мешала со други деца освен нели што сме ние дома??? Дека поголемото иде во градинка дали е можно он да е преносител а да нема апсолутно никакви симптоми?
Мора од некаде да фатил, 21 ден мислам беше инкубација. Ни на лулашки не сте искочиле? Инаку, знам за деца што поминале со 2-3 такви бубулици или како и да се викаат.
Беа болни цел месец те температура те носеви им течеа кашлаа и не ги носев на лулашки. Само во количка ги шетав и во паркче ги пуштав да шетаа иначе близнаци се . Еве едниот има другиот нема...
@Skyler @Tiny Love Заборавив скрос го шишавме само него во петокот 17ти Почна да се нафрла од понеделник сега 20ти има шанси толку брзо од таму да фати?
Здраво, Не знам дали тука да го поставам прашањето, но ме интересира одприлика девојче од 2 годинки кој број на патичиња носи? Знам дека е индивидуално, но одприлика?
Најубаво да прашаш. Многу голема разлика има кај децата. Син ми на 4 години носи 29,5 а некои носат на 6, други на 3 ако се крупни. Плус, обувки се поспецифичен подарок. Јас не му облакам работи со патент, пример, патики само како најк модел (меки да се виткаат а да се цврсти позади). Плус јас секогаш купувам 1цм поголеми а многу мајки не го практикуваат тоа и им носат кнап/ мали обувки на децата.
Не, барем 14 дена мислам требаше да поминат за да се исфрли. Ако он прв фатил рачунај дека другото дете би се исфрлило за 14-21 ден. Кај нас беа 16 дена размак.
Јас не можам глава да кренам од болести. Моето е 15 месеци, не оди во градинка, но е болно постојано. Големата му носи. Преку глава ми е. Еве сега е со температура и растечен нос, плус поткашлува. Сабајле го носев, нема на гради, ок е грлото, но рано е за кс. Утре пак. Дали ќе биде веродостојна крвната слика по 24 часа од кревање температура? Морам утре зашто викенд фаќа. Офф многу се плашам, имаме и историја со воспаление на ушите.
Исти сме и ние,веќе 3 месеци сме цело време болни сите, и јас и мм и децатс, еве пак пијат сируп и двете, пред две недели бебе пиеше зинат, сега цефалексин, поголемото исто, ги отрувме со лекарства незнам што чудо е ова.