Јас по грешка на бебето му прснав два пати кога беше 3 месеци. Првиот пат ни гримаса не направи, вториот пат изреагира и сфатив што прскам. Не е страшно
Постојано од 9м кога направи. Сеа ќе прави 2г. Многу го сака, особено од зелено јаболко, овој е многу на Бонбони.
Сирење ретко, повеќе урда, кефир и јогурт. Сирење ако давам или е домашно или фета. Плазма ни на тоа што е 3г. не му давам, има многу шеќер во неа. Мед воведов веќе, има 16м.
На врв на лажиче и постепено зголемував. После 15м. почнав, сега веќе секое утро му давам една мала лажичка (тие од babylove пластичните) мед.
Ај рецепт за преживување на 9ти скок. Ова е ЛУДИЛО. Сам не се трпи. Веќе неколку дена сме во скокот ама боже мој толку сум исцрпена како цела година да сме. Поминува нели? Се заборава а? Дај кажете барем што ви научиле во овој скок? Барем со нешто да се тешам, зашто ПОЛУДУВАМ дефинитивно
Толку ли е лошо? знам дека се тука негде нашите, значи и нас не чека истото кај и да е. Нас осмиот скок ни беше хорор и предолго траеше, пак ли од почеток..
На 16 месеци има нешто, регресија скок што и да е? Не се поднесува веќе. И онака е плачка. Ама сега станува од спиење плаче па и треба еден сат да и пројде лудилото па таман да соблечеме пижами и да смениме памперс пак исто плачење. Ако нешто не е по нејзино тоа е страшно. Заспивањето веќе ми е фобија. Кога и да спомнам спиење сега дека поголема ме разбира веќе и почнува да плаче додека не се откажам од намерата да ја заспијам. Вчера цело време и викам ајде да спиеме и почнува да хистериша дури со липање. Утешетеме дека ќе помине за брзо Пошто ништо не сум сменила од претходно и прозорци и се ништо не вреди.
Од 5ти скок вака не е било. Другите беа лоши ама пример во некој само спиењето, во друг јадењето, во трет кенкав итн. Во 4ти, 5ти и овој буквално се во едно е собрано. Кај се успиваме цел саат со плачење и тегнење, не доаѓа предвид да заспие сам во креветче како порано, само во раце едвај заспива. Па и место да спие, тој се буди на 15-20 мин, и преку ден и навечер, а и секоја вечер си седи буден од 2 до 5, и остај што е буден па и се кара со нас што не сакаме да си играме туку “дремиме”. Фрла кебиња, цуцли и се друго што ќе најде во креветче и црка по нас. Преку ден е исто ужас ме влече за нога за да го земам, кога ќе го земам се тегне за да го спуштам. Почнувам игра ја фрла играчката со сета сила, па плаче да му ја дадам, па пак ја фрла, и така се додека не пукнам. Не знам што е ова ама претешко е. Ај што не спие, па и со ништо нејќе да се занимава. Решена бев за тренинг кај гуднајт ама кога ми стигна нотификацијата за скокот се предомислив. Само се молам да не е до крај на деќември вака Со лесно кај вас, белки нема да го осетите толку
Леле, можам да замислам, слично беше кај нас во 8ми. Многу е напорно ти верувам, ама нека се живи и здрави само, се поминало до сега па ќе помине и овој период. Сигурно ќе научат уште нешто па ќе бидат уште поинтересни.
Што ставате за откукување нос?Стварно да помага и да не е синомарин и слично, веќе не можам да се заебавам со водички, ни спие како што треба, ни јаде.
Дали има нешто што знаете да ви препишале маст за курето. Му отворив сама повеќе и сега плаче кога мочка. Не знам што да мачкам за да му помогнам.