Консултирај се со педијатар веднаш, можеби е повредено. За вакви работи не се прашува на интернет. Во меѓувреме стави му тобрекс маст ако му е раскрварено и утре веднаш на лекар.
Мене педијатар ми препиша оперил п за дете од петнаесет месеци. Два пати ставав. Ми кажаа и кога ќе биде затнат носот сама да му ставам,само не повеќе од седум дена по ред.
Јас давам млечни каши за вечера, чоколино, фрутолино, нутрино, бисквити и млеко. Моето секој ден јаде слични комбинации, за доручек овошје со житарка или бисквити, па млечна јогурт со палента, па зеленчукова каша со месо или јајце, па вечера млечна каша од тие шти ги набројав.Макарони пробав нејке, палачинки нејке, проја не, лапнува па плука, не сака да жвака. Само суви бисквити или смоки грицка и жвака а оброци не.
Мајки какви памперси користите? Користиме од кога е роден памперс актив бејби ама кога кака ми пропуштаат последните неколку дена. 15 месеци е, 6ка користиме, 11 кг е.
Нели му е голема 6ка, јас користам бејбилав бр. 4 па и тој му е голем.Моето не верувам дека има повеќе од 10 кг.
Нас 4ка бејбилав ни пушташе, 5ка користиме одамна и ок ни се. Мојава појма неам колку кг има. Којзнае и 10кг дали има.
Палента со грчки јогурт, макарони со фета сирење, готови каши како чоколино, бисквити и млеко, кифлички со јогурт, гриз со какао и овошје.... од овие обично вртиме
Јас барав оперил за бебиња. Ќе ти сликнам дома кога ќе дојдам. Можеш и спреј од диво оригано да му прскаш исто за бебиња. На моето сега му дадоа и ацидосалус за нос и грло и покрај тоа е затнат..
Имам проблем неможам никако да го решам... 15 м навечер колку и да пробуваш да го заспиеш заспива после 3,сега два вечери во 5 Сабајле спие до 1 ( не е сабајле ама за нас е) и има една дремка 30-45 мин од прилика од 4 до 6 секој ден различно Никако неможам ред да му фатам,сега ноќе и плаче може забите да се? 3 има горе,2 доле
Пробај да го будеш порано, иако сте заспале покасно, и дремката да ви биде најкасно до 14. Ќе се измори до навечер. Мојата е 15 м заспива навечер од 8 до 9, сабајле станува 7, а преспива од 12 до 14.
Еден ден воопшто не му давај да спие дневно. Кога ќе стане во 1, заспиј го во 7-8 навечер. Буден ќе е 6-7 часа. И така ти станува од дневна дремка накај 4, а ти заспива после 3 по полноќ.