На 13 месеци Мајки како му давате да го пие молерсот ако одбива? Не го сака и не. Пливитот успевам да му го дадам со оглед на тоа што е помала количина ама молерсов е борба секој ден.
Ставам во шприц од Далерон сируп и пикам во уста, а од доле држам салфета за да не плука и го охрабрувам дека мора да пие за да порасне и биде силен и здрав и паметен и се по ред Тоа молерсот е стварно гаден, да ти се стужи па и секој ден отсабајле да пиеш...
Мојот е 19м,молерсот го давам единствено ако во рака држам киндер чоколатце.Под услов да го испие молерсот и да јади чоколадо.За жал морам секој ден да давам чоколадо зошто во никој случај поинаку нема да го испија.Па за ужинка избрав да е тоа отколку воопшто да не давам молерс
Мајки дали треба да се загрижам бидејки моето дете од скоро 15 месеци не кажува чист збор како мама баба туку само некои негови зборови. Команди слабо слуше скоро ич. Скоро почна да оди.
За зборување не би се загрижувала ама за разбирање и извршување команди веќе треба да разбира основни работи како дојди ваму, седни, дај ми ја играчката и слично. Како се разбирате? Користи ли гестови за комуникација како покажување со прсте, ти покажува ли кога нешто му е интересно? Знае ли да погледне ако го прашаш кај е мама, кај е тато? Како му е слухот?
На име се врти. Реагира ако направам нешто смешно па се смее. Не покажува со прст. Ако речам дај, не реагира да даде. Кога ќе кажам не таму се смее и упорно таму оди ( обично во штек става прст) Браво, брм брм прави. Кога слуша музика игра. Кога не дозволувам нешто покажува нервоза и се лути. Каде е топката знаа да ја земе право. Знае да имитира некои фрази.
Ако му пружиш рака и му речеш дај, нема да ти даде? Децата прво учат со покажување нели, најпрвин со гестови да те разбере (да му пружиш рака, да му покажеш со прст) а после тоа и само со зборење. Мал е уште да се загрижуваш ама вежбајте, зборете му, ако гледаш дека не те разбира што му зборуваш покажувај му и нормално ако нешто те загрижува консултирај се со педијатар.
Здраво мајки дали сте носеле дете во Дермапраксис? Сакавме да закажеме кај др Агрон ама немаше слободни термини тек во април па ни закажаа кај докторката. Ако била некоја мајка да сподели искуства,благодарам.
Пошто постојано е со атописки дерматит, правевме алерготест и му покажа таму. неам давано млечно и белка. Како залади пак му се појави...