Комбинирам Стелатопиа и Биодерма, што ми се наоѓа при рака. Мачкам на секое менување пелена. Ако се чеша многу прскам и од Сос спрејот на Биодерма. Користи и Омнибиотик Панда, ама џабе, од ноември навака пак е со лишаи... А што убаво си беше раат од мај. Што мачкаш ти?
Мајки, дете веќе ( омг) 14 месеци од време на време доаѓа и ме удира, се смее и пак го прави истото. Пробав да и објаснам, се гушкаме и викам не е убаво тоа, ја галам, пробав и да ја скарам и пак истото… Се смее и пак удира со рачето. Дали вашите деца го прават ова и што превземате за да се справите?
Колку дена обично трае коксаки вирусот и дали е заразен за возрасни? Имаме осип на прсти на нозе и раце, педијатар ни рече да не ставаме ништо.
Удира, гребе, штипа. И сам се удира кога ќе му кажам дека не е убаво тоа. Прашував и јас дали е нормално, премногу загрижена бев да не грешам негде. Последниот период како да намалува со се тоа. Почнав скроз да игнорирам и како да не му е интересно веќе
Заразен е, како не. За деца да, за возрасни мислам поретко. Дека возрасни нели па имаме поголем имунитет, јас искрено до сега никогаш не сум фатила, а не знам ни децата дали се фатиле некогаш коксаки, не памтам брунчиња да се имале од вирус којзнае веќе измутирани се сите вируси
Да и кај нас беше прво како автоагресија, сега е агресија насочена кон нас, мене и татко и. И јас сум загрижена, планирам да се консултирам со детски психолог, страв ми е да не правам нешто погрешно. Пробав да и кажам се смее, ке ја скарам се смее пак, не знам како да постапам.. И мене што е најстрашно ме фрустрира во тие моменти од што сум беспомошна.
Мислам дека удирањето е сосема нормално зашто не знаат да се справат со емоциите. Пошто упорно ми бара јастук, па да прашам користите и какви? Мојот е премногу висок, а кога ќе го тргнам се буди и покажува кон него. Без малку 16 месеци е.
Не знам стварно што да ти кажам. Јас планирам да игнорирам и да видам дали ќе помине фазата. Некогаш и како од љубов го прави тоа, пример ќе му речам дојди да те гушкам и тој доаѓа гушка удара штипа, како емоции да покажува. Се надевам стварно дека ќе заборави
Јас прво ја игнорирав. После тоа ми текна да ја научам дека ако сака да се закачка со прстето да дојде и да те "боцне" наместо да удара. И тоа го практикуваме сега. Боцка и бега
Со баткото ја поминав, сега бебе година и пол уште го дојам. Добив совет и од педијатар и од мојот матичен и од гинеколог, да кратам подои. Веќе некое време цица само навечер пред да заспие и додека спие во сон. Кога ќе решам дека ќе престанеме, ќе почне да заспива без цице, недела две, па потоа ќе го прекинам и ноќното доење. Сега за сега не би прекинувала, поради болести, мислам дека подобро поминуваме со доење, и поради тоа што ме мрзи да ставам навечер и да полнам млеко во шишиња. Сакам да биде доволно голем за да престанеме. Не прифати адаптирано,, а и кравјо не сака да пие. Така да ќе си продолжиме со ова темпо можеби уште една година. Со баткото поминавме лесно, и кога престанав да го дојам, си спиеше навечер и не бараше да пие млеко. Најверојатно дека веќе беше голем, две и пол. Мој совет само полека, и постепено. Секоја недела да крстиш по еден подој. И за бебе ќе биде полесно и за тебе.
17 месеци има и сега периодов почна да ме скубе и да ме мава. Ќе ја скарам она се смее мисли си играме сега и во градинка почнала да ги кубе децата ја карале и таму за неа тоа е игра. Од вчера сменив тактика не ја карам со убаво и кажувам дека не е убаво така ама со сериозен израз на лицето. Па упали ќе видиме за понатаму...
ставам Ла рош и Биодерма. На моменти е потенцирана, на моменти само сува кожа. Се сомневам кај неа дека е контактно. Сега ќе и ставам некој џемпер и гледам се чешка
И внимавај со боите плус. Да не е во јаки бои, гледај претежно во бело да е, барем тоа што и' е директно на кожа. Друго што имав читано да се избегнуваат полнети играчки, мечиња и сл. А да се играат атопичарите со дрвени играчки. Провери и некоја играчка да не и' ствара контактен дерматит.
Здраво, да ве прашам како перете нос? Јас досега само физиолошки и капнувам и влечам со носко , меѓутоа често се разболува од градинка па читав за перење на нос. Ако може од искуство да ми кажете. Ви благодарам
Гледав по интернетов со шприц и физиолошки раствор. Шприцаат во едната ноздра и излегува се низ другата, ама само стручно лице смее ова да го прави. Имаше и негативни коментари за овој начин. Продолжи како до сега - физиолошки и со носко. Јас сакав да прашам што давате за имунитет и апетит. Не се разболува многу, ама одвреме навреме носето знае да му се растечи. Еве сега и некој стомачен вирус фати со дијареја. Не беше страшно, ама малку да го накренам многу слабо ми јаде