Дефендил дефинитивно никаков ефект две шишиња, дај препорачајте друго нешто, или па само ц да давам и д витамините. Овие ми изгледаат како водичка да се само, а скапи се
Киндеримуно од Еурофарм. Кај нас супер ефект покажа и на апетит и на неразболување. Прв пат врза два месеци во градинка без пауза. Дали случајност или од прашаков стварно не знам да кажам битно не го менувам сега за сега
Моето е 18 месеци, па почнав да и давам, нецелосно наполнета дозерка (прашано и педијатар, и педијатар-пулмолог ми рекоа слободно може по 1 дозерка денот од 18+ месеци)
Освен молерс и диво оригано во носе ништо. Дури и воспитачките ми рекоа, само на xxx не и тече носето во градинка. А и течеше нон стоп пред да почнам со спрејот
Мајки кажувајте чаре зошто стварно ќе припаднам веќе. Значи едниот близнак од 10тиот месец еве сега 15 месеци има значи константно се буди на секои 40 минути. Почнав на работа да одам не можам ќе паднам мислам не можам да функционирам. Се мењаме со маж ми ама неподносливо е веќе. Ми иде пиштол да земам да си пукам веќе. Предлог дајте ми мелатонин ли сируп некој витамини....
Од кога може да се дава лимонада, цеден пола лимон или пола портокал со вода и мед? Бебе има 15 м ама е мн слабо и анемичен е па сакам да појачам со сок. Големото не пиеше ни чај ни сок еве и денес само вода пие а малово сакам да го научам сок да пие, читав дека чисто цедени сокови од овошја ги надразуваат цревата па затоа би дала ова разредено со вода. Како да воведам мед? Јаде плазма во нив има мед дали да сметам дека е воведен? Какви сокчиња давате? Како да му накачам килажа. Јаде по 100-150 г и цица, ама не застанува постојано е турбо, се качува по се живо и цело време оди, нема газ во место да седне да се поигра. Се е со качување и прекачување.
Мајка ако ти е за утеха мојата нема ни цели 9 кг, а нашите се во исти ден родени знаеш. Баш на кривата со Искра ја гледавме во висина си е таман скрос ама тежина е на долна граница, и ми вика гледајќи те тебе( мене) нема што да зборам, и јас и татко и сме не слаби слаби, ама во послабите се вбројуваме, плус не застанува што викаш иста е, секаде е качена. И во козле и кај матичниот секогаш прашувам, едноставно од бебе е таква, а јаде неможам да кажам дека не јаде, единствено кога е ептен болна не јаде. Крвната слика е ок не и е лоша. Може и твоето е такво генетика, а и викаш дека висина супер си расте. Иначе јас и давам цедени, со вода ги мешам пола пола.
Јас мед воведов со чај, можеш и со лимон да го даваш чајот. Јас сок не давам никаков, мојата јади многу овошје, па затоа мислам нема потреба. За анемичност земи семе од коприва. Направи мешавина со мед и лимон и давај по една лажица од тоа. Исто така додавај по малку од семето во оброците. Исто така добро за железото е какаото, телешко месо, леќа, семки од тиква, путер од индиски ореви, спанаќ, брокула, цвекло. Внимавај на целокупната исхрана. Само сок полн со Ц витамин не знам колку ќе ти заврши работа, јас би вметната и цвекло во сокот. Има и добар природен сируп за подобрување на железото Флорадикс. Можат да го пијат деца над една година. Го имам користено и јас и ќерка ми, кај нас даде резултати.
Мајки, од која вреќа за спиење сте најзадоволни ? И која е по практична, со или без ногавици? 16м има малата
Почна носето да и течи и некако на моменти ми е топла, па не. Мерев цел ден тт и се движеше 37.7 37.6 или 37.0. Дали е можно да е од течењето на носето? Или пак гледам многу лигави некое запче да не е? Еве сега заспа ја измасирав со алкохол имаше 37.6 се надевам нема ноќеска да качи тт.