Има ли некоја со искуство како моето? Не можам глава да кренам од болести. Дали големата и носи, не знам. Со носот проблем со месеци, тече и кашла што се слева. Полудев веќе, една недела е ок и потоа пак јово на ново. Сега беше само три дена ок. Не знам навистина што да правам.
моето се фрла на под, па прета со нозе кога се лути, или ја лупа главата, на почеток се плашев сега ми е смешно, кога ке се лупне посилно следниот пат па успорува пази ама пак се лупа.И во хранилка ако се налути се лупа назачки со главата и се лула.Баш лутина искажува.Нормално е не се грижи.
Моето е 13 месеци, исто се удира по глава кога го карам или кога се нервира нешто. Тогаш само полека му кажувам главчето не е за удирање и не реагирам понатаму. Некогаш од креветче или од врата намерно се удира и ѕирка дали го гледам. Тогаш игнорирам скроз. Приметив кога обрнувам повеќе внимание на удирањето повеќе и подолго трае, вака прекинува и продолжува со следна активност.
Добро јас да прашам само мојата вака прави. Фаза ли е период, ќе помине или што е работата. Има 16 и пол месеци. Значи буквално се со плачење е. Откако ќе стане од спиење одма со плачење не сака да се пресоблече пижамите и памперсот. Потоа не сака да ја оставам да и спремам јадење. Со една рака ја држам со друга и готвам. После ајде ќе ја наранам. Па почнува бељи да прави и ако ја искарам или не и дозволам да го прави тоа што го сака пак вриштење. Вчера пример рацете во кремата ги стави и ја зедов и зајде плачејќи. Ако се спомне памперс менување леле тоа драми е. Исто и ако и се спие или и се цица. Сака се по нејзино да биде. Така и во градинка сакала. И затоа плачела ако некое дете и земе играчка таа ја сакаа таа играчка и почнува песната со плачење. И лепак е за мене не сака да се дели ни секунда од мене. Ама луѓе тоа не е плачење тоа е вриштење напнување луто валање по под,лупање со нозете во место. Пробувам и со убаво да ја залажам не успевам. Ќе повишам тон пак неуспешно. Ја игнорирам и тоа неуспешно. Викам ајде ќе престане, не бе тоа се полошо станува дури се тресе липа и ајде пск по нејзино само да престане.. Без одудувсчки коментари, ама ова веќе не се трпи. Секој ден е истото. И не е еднаш во денот, туку речиси постојано. Дали е фаза според ваши искуства. Зошто веќе полудев.
Мачкате нешто при модринки? Падна и се удри има модрица на обравчето имам хепатромбин дома ни го препишаа исто вака кога имаше модрица и оток.
Периоди се мајка,само да се издржи,едно поминува друго ќе дојде,до 2 год.најбрзо им се развива мозочето ,имаат преголеми промени и тоа е нивен начин на кој се справуваат.Ќерка ми е скоро 3 год и уште си има трескање ,плачење,вриштење ако не е по нејзино,разликата е што со тек на време се навикнуваш да функционираш на овој начин и нема да придаваш големо значење.Ќе има опуштени денови,и денови кога ќе ти е преку глава од се,како растат ќе стануваат посамостални и донекаде физички е полесно,но од друга страна доаѓаат нови предизвици пред нас,не те утешив, но да се живи и здрави и ние со нив.
Мајки ве молам за совет .... Малата ми е 12++. Не кажува мама,тата,освен што си "мрљмја " по нејзино. Почнува да патка,оди по малку. Кажува браво со рачиња,праву плес. Кај е мама,кај е тато не покажува. се врти само на Мина . Повеќе е сериозна ,се смее ама кога она сака. Дали да се загрижувам? Немирна ми е душата... знам дека сите се индивидуални ама сепак не сум мирна....
Мојот е 14 па не кажува ништо. Си мрмка по негово кажува мамамамс бабабаба тататаа и сл ама не секогаш и не е со намера кон личноста туку така кога ќе му текне. Единствено кажува му за како прави кравата, ама и тоа е тој кога сака. Баш прашав на работилницата за првите зборчиња, ми рекоа на оваа возраст доволно е да извршуват наредби, да знаат едноставни работи да земат/дадат, и тоа мрмкањето е супер знак дека кај и да е ќе изговори нешто. Ми рекоа битно е сега пример кога ќе каже мамамама, јас да кажам даа јас сум мама и сл такви вежбички предложија
Згора на се, кога ја земал ММ од градинка ,воспитачката му рекла ,ај видете некако чудно ми ја држи главата на една страна и се замислува. А дома си е сосема океј ,не глеам такво нешто.....
Ај воспитувачката нека ти објасни подобро како точно ја држи главата и да не ти прави стресови. Аман, значи аман. Многу се нервирам од вакви коментари, како ние мајките мета на сите да сме за развојот на нашите деца.
Малово е 12+ месеци. До пред некое време не се будеше преку ноќ воопшто или се будеше само еднаш за млеко. Е сега почна да се буди по два пати за млеко. Го пие цело по 150 или 120мл. Гледам во скок е. Дали ради тоа се буди или е можеби жеден? Во тек на денот не сака да пие многу течности, да е гладен не верувам убаво си јаде преку ден и добро напредува.
Чим почнува да оди, ќе се фокусира на тоа сега. Не очекувај многу други работи додека не се пушти скроз. One skill at a time
Секое детенце си е различно и различни фази има, кај мене првото неколку месеци главата на десно ја навалуваше и тоа доста често па помина, прооде дури на 15 месеци, средното до 2 години скоро ништо не збореше, ама потоа кога отвори уста и ден денес не ја затвара
Ќерка ми е 17 месеци па само ма,ма кажува и не се грижам воопшто кога тогаш ќе почне и други зборови да кажува само време и треба.
Незнам колку ке те утешам ама ке пробам, моето бебе уште од 4-5 месеци не дава памперс да му се смени, одкако почна да се врти, бега плаче, од тие причини преминавме на гакички, и сега да го легнеш за памперс е скоро научна фантастика, се бркаме буквално памперс гакјите да ги навлечеме.Друго цело време е залепено за мене кога сум дома, ако не сума јас дома за маж ми, значи буквално, не држи за нога се влечка, мора да го земеш, се со него правиме во раце, преку недела маж ми го чува буквално и во вц оди по него, и со него се прави, и јадење и кафе и ручек,ако седне да се игра со него ке седи мирен ако не нема шанси, кога ке се вратам јас од работа го остава него на мир се лепи за мене, со тоа што имам и едно синче од 6 год што е исто лепенка а ме види, и он беше ист и уште е така.Такви се децата едно такво исчувавме еве го уште е лепенка до мене и ако има 6 год, ме следи буквално, се прават околу мене, а еве мајка ми кога ги чува се играат нормално, мајка ми ми прака видеа каде заедно си играат без проблем,значи не е до нив, до нас е.Како и да е, ке се навикнеш,ние со маж ми кренавме раце, рековме дур се будни што стигнеме да направиме со нив тоа, кога спијат собираме , подзачистуваме, за викенди исто, или ги носиме кај мама за да исчистиме.Не се нервирај, уживај со него колку и да бара внимание батали се друго и посвети му се,седни играј се со него,гушкајте се што повеќе, ем тебе ке ти испари нервозата, ние сме во постојан хаос ама мислам дека децата се среќни зашто сме комплетно фокусирани на нив,можеби е тоа погрешно, не знам.Јас колку и да сум нервозна кога ке дојде да се гушне ми се испарува нервозата.Малово многу сака да се гушка ако муречеш дојди да се гушнеме трча смешно со раширени рачиња се смее и доаѓа се гушка, и така нервозата испарува моментално
2 години е, ми се иде да се акнам некаде. Ама те утешив, знам. Почна периодично на таа возраст ,ама помина после некое време. Па пак почна. Еве тоа е утеха
Мајки здраво, на малово му излегоа како брумчиња на носот едни ситни незнам колку се гледа на сликата? Од што може да се? и плус приметив овие денови кај прстите кај ноктињата како кожички да му се кинат незнам како да објаснам. Старите велат недостаток на витамини ама па се си руча, од овошје не давам цитрусни само оти ми покажа црвенило на нозете.Јаде и замрзнато овошје и јабоки, круши, авокадо, тиква.