Дете после година дена нема реална потреба од цицање/формула ако јаде разновидна храна и млечни производи, затоа не се оптеретувај, давај онолку колку што сака и ако не сака и тоа е во ред. Сите се различни, некој пие и до 2/3 год, некој воопшто не пие или како твоето малку пие.
Мојата нема уште коса ако е за утеха Целата и е плава и баш кратка, само венчиња ставаме на 5 минути.
Од 13/14 месеци, кога почна да се граба за смоки и слични ствари. Почнав да готвам веќе и со ептен малку сол за да јадеме заедно па ние си досолуваме.
Има на freezyderm крема за модрици. Кај нас доста ефикасна се покажа. First aid butter se вика, и безбедна е за деца
Здраво мамичкии За една недела 16 месеци Уште не оди,некој со слично искуство Знам дека до 18 нема потреба од паника ама да си прашам јас
Мојата на 16 месеци прооди и тоа баш како што треба наеднаш се пушти. А претходно се плашеше правеше неколку чекори и толку и кога паѓаше се плашеше многу. Ќе прооди им треба време, секое дете различни проодува, сигурно има страв и не сака да се пушти.
Мајки колку дремки имаат вашите малечки на 16 месеци? И колку долго им траат? Последниве неколку дена како да сака да намали на една дремка која трае подолго, измеѓу 2 и 3 часа. Навечер кога заспиваат?
^А колку ви спијат ноќе? Моето е скоро 15м и спие преку ден саат ипол, ноќе 11-12 саати. Доволно му е?
Здраво мајки малиот има сипаници ама хрчи целиот кашла.. Матичната како и по навика го остави без терапија па затоа секогаш завршувавме во Козле. Сега незнам како им е протоколот таму за преглед на дете со сипаници не би да го носам туку така сепак има и други дечиња што може да се заразат. Се јавив да прашам ама не ми отворија телефон.. Секогаш значи матичнава ми кикснува вака секогаш а стара е значи искусен педијатар.