Јас ставам . Матичната ми кажа можам секој ден да ставам на спиење по една. Ама да биде до бебето не на облеката.
Има ли некој искуство со она чистење носе под притисок со шприц? Како го изведувате? Малово е презатнато, едвај дише, синоќа го легнав на мојата перница да видам како ќе биде и подобро малку беше. Ќе си пукнам, од прв роденден со подароците и вирусчето дојде.
Јас Имам пишувано тука неколку пати, им го чистам така носот од бебиња, ај големиот сега сам си го чисти ама малата се уште јас и ставам физиолошки со шприц, од 10 мл, полн и го шприцаш во едната ноздра и се така неколку пати , па после во другата, да видиш што се ќе излезе Незгодно е и неубаво чувството, плаче се уште мојата ама многу полесно и е после, чисто носе. Штом се полни пак после пак и го чистам , 3-4 пати дневно.
Пред 3 дена купив Отосан од Зегин и детево се препороди. Само моево е 2 години, не знам дали може кај помали, можеш да прашаш педијатар или во аптека.
Кажувајте искуства за дијареа? Колку столици дневно се сметаат за дијареа ? Од вчера попладне почна да прди ама многу гадно мириса, се мислам покакана е,проверувам нема ништо после кога ќе се покака не е скроз течна столица ама многу жолта боја ова до сега не и била ваква и многу гадно мириса. И дадов ваја нема некој ефект. И нудам банана бисквити нешто поцврсто ама не сака ништо да јаде одбива храна, многу слабо јаде. Мислам со забиве дека има мака...
Жене краљице! Еве сум пак на форумот, малово крена температура од нигде никаде 39ка пука одвај спуштивме го однесов у Козле нема ништо све мирно све океј. Сте имале ли ваква ситуација, не знам дали се тројки дали е вирус фали е нешто друго сма од ПАМЕТ се извадив и како ги третирате тогаш инаку одиме во градинка и не сме биле нешто мнпгу болни ова ми дадоа да пие
Да и јас кога му е затнато носето од кај 1год му ги лепам на креветчето, ептен помагаат. Чисто како инфо, Мене и магично ми помогна исецкан кромид во близина кај што спие, ќе смрди цел ден ама цела вечер не кашлаше
Здраво, да прашам од кога почнавте да користите перници и од кои за вашите малечки. Ние сме 19 месеци и едното детенце многу сака на перница да спие
Мајки ве молам за совет и помош зашто при крај сум со психа. Откако почнавме градинка на 9 месеци ,па до сега ( 13 месеци) цело време е болна. Ама буквално. Два три дена оди ,качува ТТ ,брисеви ,боцкање,антибиотик ,нема бактерија која не ја фати. Вчера заврши со Панцеф, бидејки имаше стрптокока со висока ТТ , денес мерам 37.4 . Значи вчера заврши антибиотик. Знам дека 37.4 не е страшно, може да биде од се ама сепак..... Ве молам утешете ме ,очајна сум и уморна. Сите ли се вака ? До кога ова ?
Зошто 2 типа на витамински препарати... Јас ако е вирус само со Виранто би одела, ова дала се што имала на дофат од ливчиња промотивни и иди да те видам биди паметен.
Само што влегов во групава да го прашам скроз истото. Пред некој ден наполни годинка, знае да касне само средина од лепче и се друго плука или после опасен гаг рефлекс плаче и не сака да чуе да продолжи да јаде. Само мазно блендирано. Пробав и со вилушка, не сака да чуе. Страв ме фаќа дека долго ќе тераме вака. Кажувајте како да правам транзиција кон парчиња. Не мора БЛВ метода, еве и јас да му давам сум ок...ама да се парчиња
И ние почнавме на 9 месеци и првото разболување беше ужасно, плус комбинација сега со загадениов воздух, дете нежно... И решивме дома до пролет, ако имаш опција нека остане некој месец дома, да не биде секоја недела со антибиотици и боцкање
Скоро бев читала за гаг рефлекс и процесот на запознавање на бебињата со различна текстура, бидејќи бев на мака дека синко не сака никако каши ниту да го ранам па на 7 ипол месеци пробав со блв,на почетокот имаше изразен гаг и одбиваше да јаде за сега на 8 ипол месеци да е се подобар,прозорецот на запознавање со нова текстура е најдобро да се направи од период од 7-9месеци,но тоа не значи дека нема да можете сега,со ќерка ми почнав со каши и преминав на парченца кога и беше развиен пинцета фат околу 9ти месец, може да пробате со мали парченца со големина на нокт,апликацијата BLW meals имаат преубаво објаснето за секоја храна како се подготвува и на која возраст. За повраќањето исто било дел од гаг рефлексот затоа што некои бебиња се посензитивни.Мора да бидете упорни и да нудите постојано,ако давате оброк блендирано,измеѓу пробувајте ужина со мали парченца или прво со малку погруба пасирана текстура. Бебешки смоки и бисквити не се некоја храна да им се даде ,но чисто пробајте дека се полесни за да ги држат и се топат во уста,за да се вежбаат.