Немам опција за жал...ама никаква ....иначе немаше воопшто да ја праќам толку мала...тоа е изгледа...ке го јадеме
Луѓе не знам што да правам веќе температура втор ден преку ноќ 39ка црп 67 ни дадоа антибиотик јас многу сум вознемирена зошто ми е прво дете и сум во паника од грчеви
Ќе почекаш да делува антибиотик и ќе даваш антипиретик редовно, на 6 односно 4 часа ако даваш најизменично. Јас сум давала и следниот ден откако ќе ја симне иако нема, 3 пати на ден. Грчеви моето доби 2 пати на 34тт, така да не мора да значи дека ќе има од висока тт.
Омг кога почнуваат тантруми? Па вчера тоа шо се случуваше ме извади од такт значи. Такво врескање, тегнење, удирање и самиот себе и мене и татко му немав видено до сега. Си играше и мораше да биде пресоблечен па кога го тргнав од кај играчките почна да вреска да удира да вика, памперс едвај сменив, маваше со нозе накај мене па се удираше самиот по лице... Нормално ли е ова вака да искажуваат бес? Искрено многу се загрижив.. 16+ е инаку.
Обично во периодот 12-18 месеци почнуваат тантрумите. Нормално е да има такви бурни реакции, но во тој момент мора да останеш што посмирена и да не дозволиш да се повредува себе си или некој друг во близина. После втората година се уште почести.
Навистина не знаев како да реагирам... му се развикав ама изгледа не треба така оти уште повеќе збеснува.. Ох да тренирам живци и трпение. Фала мама
Охх мојава скроз ме полуде више. Се што не е по нејзино, драми прави. Искрено по цел ден скоро драматизира и во градинка им правела така. Јас од сега без живци, што ли ме чека понатаму. Колку и да пробувам да останам смирена накрај попуштам ќе и се развикам. Јас кога ја карам побрзо се смирува доаѓа да ме прегрне да се утеши. А другите кога ја караат кога прави бељи уште повеќе плаче и од мене бара помош.
Пред 3 дена прв пат го имавме, мислам тантрум беше. Не му дадов да оди на креветот кај татко му зашто спиеше, па тоа врескање ли беше. Си ја кубеше косата и цркаше многу гласно некаде 20тина минути. 14++ сме
Со што си играт децата на 16 месеци? Синко ретко да си заигра со нешто. Го интересира само каблови, штекери, делинско. По цел ден влече полнач за телефон.
14++ сме. Најмногу се заигрува со топки. Да ги вади и става во кутии. Му направив кутија голема со дупки и знае да му задржи најмногу внимание. Исто сега му е интересно една јаболка играчка со мали дупки и едни магнети како црвци, да вади и става. Има стапче за со него да ги вади ама поинтересно му е да ја обрне јаболката и така да испаѓаат. Занимавии заедно ни се прстени да реди (тие различни бои што се) и има едно како чашки јас ги редам и бројам и тој чека да кажам “баам” за да ги растури Мислам по 9ти скок добиваат желба и за едноставни слагалки, имам неколку дрвени ќе ги активирам веќе и нив
Може некоја да ми прати milestones за 9ти и 10ти скок? Во стариот телефон ја имав апликацијата, сега во новиот ми бара пак да ја симнам ама сеа за два скока не ми се плаќа пак.
Син ми коцки во кутија сака да става многу и да ги вади. Исто и чашките за редење сака да ги става една во друга и да ги вади а кула баш не сака да прави Btw нема поинтересно нешто од штекери, кабли и се што не треба да чепка Се чудам само како украсите новогодишни не ги чепка и елката ја нема сеуште срушено