Мајки...здраво Како што пишав погоре ,Панцев завршивме во понеделникот заради Стрептокока. Два дена ( вчера и денес) веке ми качува ТТ . Денес Крвна слика добра ( во прилог) Можно е да е вирус? роза?
Незнам...и матичната и во Авицена ми рекоа, без разлика ,ако има нешто ,некои вредности сигурно би биле барем благо покачени
И покрај тоа што е во граници сепак може да покаже? Додуша рано е, веројатно веќе утре ќе има пореална слика.
Све тазе готвено им давате? Може да направам ручек во 12 да е готов, да ставам во термос за каши и во 3 да дадам да јаде? 17 месеци е.
Јас веќе почнав и од денес зготвено утредента да го давам. Нормално не го загревам пак, на собна го јади
Мајки малата оди од едно место до друго сама, ама мораме да сме околу неа зошто уште не е совладано паѓањето, т.е паѓа цела наназад. И со големиот имав проблем со подоцна проодување, на 17 месеци, ама не се сеќавам како се научи да седнува на газе. Кажете како да ја научам и по колку време од проодување почнаа да одат постабилно вашите? Со зборувањето мака немаме, многу зборчиња кажува, ама со ова потешко.
Обратете се на ортопед најубаво може ќе даде некоја идеја. А вие обезбедете и простор за одење со патосници. Да вежба. Дали сама почна да се пушта или вие ја стимулиравте? Нас ортопедот ни забрани секакво паткање и стимулирање да оди, за да кога сам е спремен да се пушти и да се научи да паѓа.
Епа на собна ли да оставам да се излади? 3 саати се во прашање, никад неам чекано да дадам храна. Готвам и ја јаде за 15минути.
@Freckles. Во мал стан сме тоа е проблемот плус имаме маче и не ја сака многу, па мора да пази некој постојано. Не беше многу на под оставана баш од истите причини. Според доктор јас сум проблемот што многу ја пазам, исто и синчето ко го однесов пред години ми рече друг доктор. Таа сака да оди, се крева сама, не ја форсираме ние само мора помош уште.
Немаш потреба вака да се форсираш, не се бебиња. После година јадат исто како и ние. Можеш и од денес за утре да му дадеш ручек. Манџа на собна за 3 саати нема ни да се излади. Ништо нема да и биде на храната не се секирај.
Не се замарајте до толку, сум и правела ручек после година заедно со доручекот, сум го оставала на собна, излегуваме на шетање, се враќаме, руча и во кревет. Ништо нема да и биде на храната, не се оптеретувај.