Здраво мајки на синко му избија долни двојки има тт до 38.1 максимум. Кенкав е има намален апетит само што ќе ја види лажицата вреска и ми ја трга раката..Дали ви кревале тт од запчиња? Матичната вика може да му е грлото да го однесам на преглед утре.
И пред и после година давав ама многу ретко. Најчесто како опција Б ми е за кога јадеме нешто надвор. И дома мн ретко спремаме свинско. Да не речам исто како и пилешкото.
кога вадат заби им паѓа имунитет и затоа полесно фаќаат вируси. Вадењето заби само по себе не носи зголемена тт. Веројатно е вирус. Направете крвна слика утре.
Тројките излегоа, ама последна 4ка иде. Значи пренапорен е за цицање. Цице..... Цице.... Цицеее..... И ако не му дадеш онда почнува со трескање и врескање како да го тепам. А штом почне да цица ме тегне и по пола час како новороденче е. Со зборување како стоите?
Затоа и прашав да се осигурам имав читано дека самиот процес на вадење заби не е причина за покачена тт. Он вака нема некои други симптоми не кашла,не му тече носето сепак фала ти.
Ве молам кажувајте спас за затнат нос и пресочна кашлица. 2 вечери не може да спие од гушење. И на перница го легнав, инхалации 2 пати дневно, шприц со физиолошки во нос, носко...ништо не вади...кркори. Кромид имаше некоја финта?! Или друга алтернатива? Морам да поспијам малку вечер
Кромид пресечи на 4 дела и во секој дел намушкај каранфилчиња. Стај у тацна до креветче Да се редактирам. На нас најмногу ни помага седење во вц со врела вода да тече од тушот. Можеш да оставиш да тече и да влезете 5-10 мин покасно. Земи играчки и на земја поиграјте си барем 15-20 мин. Убаво да ја вдише пареата
Систем за лаважа од Зегин купив, сите по дома нос со тоа чистиме. Се спасивме откако го земавме. Ама не зезај ништо нема да му е за 3ч, башка зима е. Слободно остави го поклопено, нема ни да се олади. Не јаде ваљда жешка храна. Јас готвам со доручекот и руча во 2 дури, проаѓаат 5+ часа. Моето па нејќе топла храна.
За да се зацврсти и да научи да паѓа треба да ја оставиш да паѓа. Сурово ама вистинито. Јас тргнав се што можеше да претставува опасност, маса, полици, само еден ќош ми е необезбеден ама ќе го средам деновиве и нека паѓа. Е и тв не ми е закачен за ѕид а ќе морам, зошто му е намерачен. Ми останаа вратички да доосигурам од кујна ама уште не отвара, мењав механизми и уште не се разработени и потешко му оди. Моево паѓа убаво, на газе, ама па затоа и не се пушта уште скроз, ептен по малку оди, а држејќи се до центар ќе стигне. Претпазлив е. Ако се занесе знае да застане и да ѕенѕа по 15мин, ама ќе му текне и се фаќа за мебел. Прееска играше со едно стапче 15мин и стоеше сам, готов е викам сеа ќе се пушти, не бе, седна на газ. Шо ќе му е да оди кога шиба лазејќи, ко некоја бубашваба е.
Хахахахахах се смеам а исти сме. Чекам да пројде скокот и ќе ја одбијам. Џигер веќе ми цица а за зборење ептен ми е интересна, некако со скоков ептен почна да кажува и поврзува. Мамо ова, Мама ајде.. и плус по едно зборче што си кажува али баш комуницира. Ама и разлигавена е многу, изгледа журката тек почнува
Мајки дали некоја има слично искуство со кашлица во спиење? Која би можело да е причината? Не и тече нос, трицеф има пиено пред 1 месец.
Здраво ние наполнавме 1 годинка и се префлуваме во оваа група и нормално имам неколку прашања во врска со храна: 1.Каква сол давате? 2.Какви бисквити давате? 3.Дали кашите ги правите со ад или со кравјо млеко ние сме на ад до сега и ги правев со ад незнам дали да продолжам со ад или со кравјо да и ги правам? 4.Дали давате чоколино, фруктолино и тие сличните ко нив и дали за поручек или вечера ги давате? 5.И најважното дали давате благо и ако давате кој вид на благо дали мед, урми, бисквити, црно чоколадо. Некоја мајка да ми одговори многу ќе и бидам благодарна.
Среќен роденденн. Имаш мало човече сега - сол како нашата користам. Поточно од ко наполни година, скоро исто како нас јаде нормално без запршки и некои тешки зачини. Ама оригано, сол, нешо такво да. - од дм има лобело мислам дека се викаат, не сум сигурна - јас ги правам со кравјо. Од 9 месеци тргна во градинка, морав да воведам кравјо за реакција - чоколино и такви брзите каши ги давам од сабајле кога станува и одма бара да јаде - од благо давам животинско царство понекогаш, не секојдневно и не по цел ден. Сируп од урми и ставам у палачинки, тоа го бендисува исто. Мојата е поголема и повеќе и благо знае да побара, ама отприлика вака терам од годинката