1. Сол обична Тузла користам 2. Бисквити ретко Лобело или Хип 3. Не користам кравјо, само ад 4. Житарки од кутија само од ДМ користам, Лино уште не 5. Засладувач користам сируп од урма. а од благо јаде по малку животинско и Киндерчиња, ама еднаш до два пати неделно.
По некој ден ќе дојдеме и ние во оваа тема. 1. Сол јас не сум дала уште во домашните оброци. Во градинка во храната не знам, веројатно има. 2. Ретко давам на Хип. Може 1 во неделата или и поретко. Си јаде оброци во добри количини, па за грицки не ни останало време. 3. Сеуште со Ад. Во градинка бар во нашата има опција за Ад. Може се случува и со кравјо да и дадат. Битно нема реакција. За пиење само Ад и ќе продолжи така уште некој период. 4. За дома земам или Чоколино бејби или на Хип/Холе. Во градинка во менито е баш на Лино. 5. Не сум дала благо, освен бисквити како што пишав ретко. Чоколадо нема пробано. Заради фактот што во кашите на Лино во градинка има шеќер, не сакам дополнително да внесувам.
Чоколино бејби е тоа без шеќер така со вода што се прави до сеа 2 пати имам дадено не е нешто фан какви се тие каши на хип/холе што ги даваш? Мојава беше јадач бар до пред некое време поручек со овошје и житарка си го јадеше сеа не сака да види овошј, млеко бара цело време, дали заби дали и се здосади веќе незнам шо да и давам, ниту јогурт сака ниту кисело млеко и си реков ај да сменам нешто ама шо да сменам таксират ме фати.
Да пробаш повеќе од вашата храна без овие кутиите? Ни моето не ги сака, пробав секакви. Оди во градинка ама за викенд му давам пржени кришки, јајце, тост и сл за доручек, ручек му е се уште блендано за да изеде цело парче месо, вечера е гриз, палента, палачинки, проја. Во доручекот и вечерата вметнувам млечно, а ужинката пред спиење му е овошна каша.
Кај мене се повеќе бара од храната ние што ја јадеме, во парчиња плус. Така да мафини, кифлички, мини крофни (од апарат) и такви некои ќе ни се сега повеќе на мени, посебно за вечера. Кај мене веќе не е баш заинтересирана да јаде скроз кашеста храна, мазна структура. Мислам си јаде ама веќе бара и друго. Инаку на овие од кутија мислев https://www.zegin.com.mk/index.php/mk/holle-organski-junior-musli-so-ovoshje-10-meseci-250-g И исто млечни оброци од кутија. Житарки со банана, или со јаболко итн.
1. Сол уште не ставам, ми поминуваат јадењата без него, ама ставам оригано, рузмарин, куркума, копар и сл. 2. Бисквити спелта/јаболко и спелта/какао од ДМ му давам да грицка некогаш. Бабите на Лино му даваат, оти овие моиве не биле бисквити според нив 3. Мојот АД не пие, ниту па во јадење го сака. Во градинка им ставаат кравјо во кашите, јас дома не користам никакво. 4. Јадења од кутија не му давам воопшто. Имав два пати обид кога имаше 7-8 месеци, се направи пликови од две лажици, среќа не му се свиѓаше па не отвараше уста за повеќе. И не пробав пак. Сега веќе немам ни намера. 5. Мед уште немам дадено. Урми и суви кајсии ставам во мафини со јаболко/круша најчесто. Чоколадо јас немам дадено, кога ќе побара ќе добие
1. Сол ставам морска, ама не готвам посебно за неа. Јаде ко нас 2. Бисквити хипп ретко кога шетаме па да се занимава 3. кравјо не сум дала, а и каши веќе не сака. Јаде парчиња,евентуално кога и правам овесни каши со овошје и вода или јогурт, поголемка е 17 месеци 4. не давам 5. Благо не и нудам, ама ако сме некаде и јадат други пробува и не и бранам
Моето е 16 месеци и јаде само каши или блендирана храна.Пржено лебче со јајце, мафини палачинки, мачкано лебче, или слично одбива,нашата храна готвена со зачини исто ја плука, имам пробано да му мацнам лебче во наша манџа и ја плука, пржено компирче пробав да му дадам исто го плука, од туршија пробав кисело краставче, го лиже и плука, значи почнав да пробувам буквално од се да му давам да видам што ке прифати.Чоколадце ако му скршам го јаде без проблем, мајка ми имаше правено обланди, си ја држи во раце грицка и тоа мести на забите напред и џвака , бисквити плазма и обични петит бер јаде, смоки јаде, корче од тост леб ако му скршам од поголемото синче залаче го јаде, пробав лебче пржено со путер и јајце му го иситнив на залачиња му нарендав кашкавал и павлака и не сака, ја става во уста и го плука, пробав без да блендирам измешав се со павлаката и додадов јогурт да е како попара и пак се дави, нагони за повраќање, на крај изблендирав во нутри булет и го изеде.овошје не сака да грицка ништода јаде, пробував банани, мандаринки и слично плука.Пробав сок цеден ке се напие голтка две и не го пие, ниту пак чај сака,и вода многу малку пие, уште цица иначе.ги гледам на 8-9 месеци лапаат мафини палачинки моево не сака ни да проба, каде грешам?
1. Морска сол од Urtekram. Почнав постепено по малку после 15м. 2. Никакви, скоро сите имаат шеќер. 3. Кравјо не сум дала, ниту ќе дадам, ова е на цицање па не користам ад. Со вода сум ги правела. 4. Никогаш. 5. Почнав со благо исто после 15м, постепено со мед, пред тоа имав урми дадено, знае да касне и животинско понекогаш.
Може да е до детето, ама може да е и до тоа што не сте почнале порано. Поучена од првото, почнав доцна со парчиња, со ова дадов скоро па од 6м да речам покрупна структура. На 8м веќе јадеше парчиња. Давам и каши и парчиња, комбинирам, ама 90% е да речам на парчиња. Пробувај, нема формула, пробувај постојано. Јадете на куп сите и пробувај да даваш од вашето, некаде ќе прекрши.
Нудам да пробува одкако почнавме со дохрана, одбива, пробира,јадеме заедно на маса обавезно,посебно на ручек, му давам сега да проба после годинка буквално се,ама некако не сака, обично лебче мини залачиња на пример си зема и ги јаде ама ако е намачкано со нешто или со манџа го плука, само ако е со кечап или еурокрем го јаде.АБц сир намачкан на лебче или путер не сака ама еуро крем дај му цела кришка ке ја изеде, како тоа знае да го жвака а другово не.Проја му давав трошки мини залачиња ги плука, какарони исто, а шпагети или нудли јаде, кашкавал рендан јаде ама парче дај му колку и да е тенко ке го плукне, сирење одма плука. Повеќе сака благо очигледно.А сите инстант каши ги јаде,давам лино, нутрино, холе тие обично за вечера.
Мојот е баш шкрт на зборови, по еден слог кажува само. Ба(ба), та(то), де(до), топ(че), пепе(рутка)... Само цице е цице, и јас сум често мама, ама најчесто сум ма.
А ти ја фаќа храната што му ја нудиш, а не ја сака? Дај му нрка се игра и замачка слободно. Со раце првин да ја осети структурата. Знам дека е неред, и ќе чистиш по него ама низ игра ќе се излаже да стави во уста. И ти со него брчкај во храната и јади со раце. Семи го кај тебе во скут и така да пробува.
Оооо да се вратам и ја на форумов малку 10ти скок на најјако е пуштен според апликацијата ќе не држи уште две недели се мора да е по нејзино , ако не е ,плаче се корне и ме прати како ќе реагирам , ако ја игнорирам почнува да се смее демек "се зафркавав бе што ти е не го сакам тоа " Инаку како навиена е од станување до легнување , ако не збори тогаш пее , цел ден пее ама затоа мрзливиот газ уште се нема пуштено да оди
E тоа е со слатката храна, ја сакаат повеќе од солената повеќето од дечињата. Затоа мора со слатката храна дозирано. Јас нели пишував дека 2 пати неделно чоколатце јаде, вчера излезе дека секој ден мајка ми му давала, и тоа по цело, а јас се фалам дека 2 пати неделно давам по пола и тоа ми е таман. Сите навики за дохрана ми ги има уништено, од јадење на маса ко чоек со нас до комфорт храна што се дава место оброк. Благо строго контролирано, дури и овошје, оти секако е послатко од брокула и боранија. Кечап, еурокрем, слатки каши од кутија, се тоа ќе одбере пред лепче со јајце пржено пример. Нејсе, сега само нуди еднаш ќе прифати и тоа е. А за формата, пример макарони или шпагети, тоа не е толку битно, тестенини се секако, ова само формата ја преферира таква. И моето повеќе сака шпагети од макарони, зошто макароните се од спелта и потешки за џвакање а шпагетите кои ги откри пред некој ден се од бело брашно и послатки се.
Зборите за слатки гледам. Воопшто му немам дадено. Од благо само банана јаде. Има време ќе јаде цел живот, сега не разбира па да форсирам здрава храна. А сите ми велат чек само остави ми го на чување, ќе му дадам чоколатце. Греота е.
Па децата не знаат за слатко, за чоколадо, ние ако не им дадеме они не бараат. Еурокрем големово на 3г прв пат проба во палачинка, до тогаш фуравме мед. Не гледам потреба од благо многу додека не почне убаво да јаде. Јас земав тргнав пакетчињата сите, ги скрив, од збор очигледно не се разбираме, епа ќе биде вака.
Каква паста користите и четка за заби за 1 год. до сеа со напрсток и ги чистев и паста на нук сеа незнам што да купам.