Искрено ние славиме, кога ќе побара чоколадо мојава, скоро три има. Несака благо, ти ја прашуваш сакаш чоколадо, таа ти вели не, ако може кашкавалче или сиренце, или месо бе ќе ти потражи. Сум и давала после година , ама никогаш не била фан, не се сите исти. Јас лично сакам благо , ама ете она не. Еднаш пазарувавме , земав чоколадо , ме натера да го вратам, подобро било кашкавал да купам отколку чоколадо, се избрукав на каса.
На темата благо јас до 1-2 се сум јадела манџи, зеленчук, овошје ама дедо ми ми купувал бони топ и од кога сум пробала после ништо не сум јадела и не сакам истата грешка и јас да ја правам. Со сопругот дискутираме на оваа тема и тој ми вика џабе нема да и даваме ќе оди по гости таму ќе и даваат пример свекрва ми од кога ми вика нешто благо и сол да и давам. Иначе сопругот имал комшивка на децата не им давала ништо благо ама кога ќе дојделе кај нив незнаеле колку да изедет бонбони,чоколади и тоа не е начин.
И јас не разбирам зошто давате чоколадо и еурокрем на едногодишни. Му имам дадено неколку пати кога јадеме ние и се тегни да земе, и еднаш на гости кај деца бевме и го фатив како си јаде киндер скриен под маса, веројатно на земја го нашол Не бранам, ама не ни давам ако не бара. Палачинки си јаде со авокадо намачкана или со путер од кикирики. Мислам нема потреба од толку рано форсирање на нездрава храна, барем додека се мали и може да контролираме тоа. А @AngelOfArh ти не знам како издржуваш. Јас досега ќе пукнев, не знам дали и ќе го гледаше мајка ми да ми се понашаше така. Многу мразам кога не ми го почитуват зборот, посебно за исхрана на бебе
Не знам искрено, помалку мака ќе ми беше свекрва ми ова да го правеше од мајка ми. Опседната е со алиштата да се пеглани, со тоа да не седи на земја и слично, да јаде нон стоп ако може и после вечерата нормално у канта. Едвај синоќа и докажав дека зошто јаде многу овошје навечер затоа не вечера, едвај, со факти и аргументи. Едвај чекам да заоди во градинка. Мајка, да беше свекрва вака да се нервирав, ама мајка.
Да, многу повеќе боли кога е мајка. Го брани се тоа што треба бебе да прави, а го форсира тоа што не треба. Треба малку поостро со неа, мислам дека си многу мека. Разбирам мајка, емотивно влегуваш во конфликт, ама твојата претерува стварно. Да се доискажам. Со мојата имав еден голем конфликт на тема бебе. Бев многу строга за ставање на сол и шеќер во храната на бебе. Тогаш бебе нејкеќе да јаде (горни кеца вадеше) па мајка ми ме утепа убедувајќи дека поради тоа што нема сол не јаде. Не дозволив да му се даде сол и ја чув како му рече на бебе “не се секирај кога ќе дојдеш кај баба ќе те наранам со убава солена каша”. Пукнав. Од тогаш до скоро го праќав таму со веќе направен оброк, само се надевам дека не ме лажи и не додавала таа сол
Кога ги читам мислењава а и гледам околу мене истото се случува, со бутање на чоколади и смоки од баби и роднини ми стана јасно зошто како нација општо имаме многу лоши навики на исхрана.
Јас еден ден доаѓам дома и го гледам дете јаде јаде се убива од јадење манџичка. Ај мајката викам, ова дете до вчера со молење, сега крка ко да не видел, пробувам кашата, отров солено, дури и за мене солено. Инаку сум ставала по некое зрно, зборам сега ова пред месец дена, кога почнав да ставам сол, Е де ми се оттури... Ми се стемни, од тогаш станувам во 5 да спремам јадење и да одам на работа. Сите уживаат со мајки по дома, шетаат, одмараат, јас мртва уморна сум.
Ставам исто како што јадеме ние, моето е 15м. Кравји најчесто, бучен козјак или идеал шипка. Пециво исто ставам кај што мора. Паста не сум користела и кај двете се додека не научат да ја исплакнат убаво устата. За шеќер и сол се согласувам, исто не давам чоколади ама и не бранам ако други деца јадат пред нив, пред година не сум давала. Сол во кашите не ставам се уште зашто си ги јаде, кога ќе сфати што е повкусно ќе почнам. За дома не купувам благо, ако купам за гости го кријам и не ставам на маса додека не си го изедат оброкот. Не се фанови на благо секако, по коцка две ако изедат.
Ќерка за нова година доби поголема количина на животинско царство чоколатца. И нормално главно прашање кога да почнат баба и дедо по едно чоколадо на ден да и даваат. Нема потреба да пишам дека веќе се скриени чоколадата и немаат пристап до истите. Не дека не јаде моево со шеќер. Ама ради фактот што мора да оди во градинка и таму има оброк Чоколино, Фрутолино и слични, сметам дека во догледно време нема потреба од екстра шеќери да внесува.
На првото дете не давав и јас благо, солено, зачини чуда, се до 2 години додека не проба тост, кечап и пица.Се што го хранев здраво отиде во вода и почна да одбива буквално се.Грицки никогаш не сум давала дома секој ден туку од време на време ако имаме гости или ако одиме некаде.Јадеше темна чоколада и преферираше солено, почна да јаде благо сега на 5 години, сега да му ги скријам пакетчињата ке биде драма. Второто бебе го чува маж ми заедно со поголемото, му дава да проба буквално се што јаде и поголемото.Во кашите за ручек уште не става сол и зачини ама му додава абц сир, или путер , павлака, кашкавал.За доручек јаде овошна каша со житарки, па ужина грчки јогурт со палента или со мешани житарки или овошен јогурт јогобела, ручекот е зеленчук со месо или јајце и вечера е млечна каша или од готовите (хипп, нутрино или холе) или бисквити и млеко.Плус јаде смоки покрај големото, му дава и цеден сок со вода и мед ама нникогаш не го пие цел, му дава се да проба заштпо е многу слабо, едвај 9 кг има.Завчера беа на гости кај золвата и му дале парче пица да јаде ,а и она има бебе сега година ке прави, се испокарав со маж ми, ми вика нека јаде бе, сите деца јадеа па и малата на золва ми јадела, ми вика ти се тераш по правила и па бебето наше е најслабо, баш ме изнервира.И во градинка даваат чоколино, овошни јогути и пудинзи, сутлијаш со шекер така да кој и да го чува малте не ке ги проба истиве работи.
Абе ако, давај, ама пример за еурокрем е многу мало, палмини масти, шеќер и адитиви, подобро џем со шеќер дај му. Мало е за тој состав.
Давам и јас се тоа. Пица јаде, еднаш на 2-3 месеци кога правам домашна, само му го тргам сувомеснатото и габите. Абц, сирење, зденка, се тоа јаде што зимам за нас. Ама да му давам оброк со еурокрем, или секојдневно чоколадо ми е нон сенс
А нели и тоа дека ние од 4 месеци сме јаделе се и еве ништо не ни е. Цел живот сум со слаб желудник, ама не бе ништо не ми е
Што е проблемот со домашна пица? На пример домашно тесто, доматен сос и моцарела? Инаку тие деца на кои не им давале благо, кога ќе станат возрасни прават binges и имаат лоша врска со храна. Немојте да се чудите после. Не викам секој ден да се дава ама неколку коцки чоколатце неделно е многу поздраво него да го гледа како нешто *забрането* па да нема самоконтрола после
Исто, мене кравјо млеко од 3 месеци ми давале и еден куп проблеми со метаболизам и варење имам цел живот, ама ништо не ми е нели
И јас сум против благото и грицките ама кога големото јаде давам малото да проба. Големото сега јаде толку благо од пакетчињата иначе вообичаено не, не купуваме благо и грицки од тие причини. Бебето како оброк еурокрем има изедено еднаш едно лебче и тоа маж ми во топ го ставив од тогаш му нема дадено, а чоколадо давам по една коцка поделена на трошки кога јаде големото, зашто бебево писка тогаш да проба и он. Е сега давам јогобела, шмукалчиња, лино,плазма и во нив има шеќер.Зборот ми беше тоа што му се свиѓа се труди да го жвака и го мести на заби а да му дадеш цел оброк со погруба текстура или неблендирано се дави и одбива. Парчиња овошје не јаде ама за парче чоколатце и раката ке ти ја апне.
Едно е да му забраниш нешто што знае дека постои, а друго е да не му ставиш до знаење дека има таков вкус. Ако не проба чоколадо, како ќе знае дека му фали. Ама откако ќе проба и ќе бара да му забрануваш е тогаш е лошо. Секој за своето дете ама воведување на шеќер освен овошје ќе одложувам колку можам.
Ама која е потребата да се дава чоколадо на деца до 2 години? Ако не му дадеш ти, нема ни да знае за чоколадо па нема ни што да забрануваш. Како што пишав и во некој пост претходно, јас чоколадо немам дадено, кога ќе знае да побара ќе добие.
Па ваљда не е изолирано, градинка, поголемо братче сестриче, братучеди.. како не знае дека постои благо хаха Еве јас на пример ако јадам нешто благо, неколку пати во неделата одма доаѓа да види што јадам и му давам да проба Прееска цвекло салата јадев дојде и тоа проба