Моето поголемо ништо не знаеше, ни благо ни грицки. Дома се криевме од него, на гости му нудеа само овошје, во градинка само оброците од таму. Смоки обични му дадов кога беше тој последниот скок зашто здравјето ми го зема, па така одмарав 15мин, благо знам дека прв пат лизна од роденденската торта, па после којзнае кога, не се сеќавам. Малово од мало знае се. Се криеме и од него колку можеме, батко му го праќам да јаде ‘забранети’ работи во детска ама пак наоѓа што да грицне и ок, ништо страшно се додека не му е тоа оброк.
Едно ни е дете во куќа, не иде во градинка. Кога се собираме со друштво каде има други деца обично со смоки ги залажуваме зашто иаме слични ставови за благото. А дома секако не јадеме благо пред него. Ќе дојде моментот кога ќе биде изложен и ќе побара, мое е да го одложам тоа.
Да ама како и да е ужинките во градинка им се бисквитчиња, Лино, сокче (сѐ е тоа шеќер), не е отров и да нормално не е тоа оброк, едно две залчиња се
Јасно ми е и тоа мислам дека главен оброк е бисквити и млеко, лино и слично, не ужина. Јас им кажав сок да не му даваат освен ако не зајде од плачење, пробав да сменам нешто во исхраната и мајки ми се свртеа као ‘А дома извини што му даваш?’ И бев као оккк, очигледно ништо нема да сменам сама. Тоа е, ќе си оди во градинка, па дома ќе давам здрави варијанти колку можам, некако и полесно ми е сега над година, што е до мене се трудам.
Ќерче крем не јаде, понудено да проба -- јок. Од благо 7дејс ама без кремот, тоа ew; животинско царство знае да побара и да добие, јас и дадов прв пат за да не и бутне некој без да знам. Бара ретко, а меѓу шмукалче и животинско шмукалче ќе биде Киндер тие чоколадцата ги мрази, благи и се многу. Ама не и бранам ништо, се и нудам да проба. Цела на мајка, и јас не јадам многу.
Ако веруваш меѓу благо и брокули бираше брокули, до толку не јадеше благо ама сега веќе друго е Ама пак добри се, не се тресат на благо туку ќе си каснат малку и не бараат повеќе, еве 2 чоколади со денови си седат отворени на масата, мајка ми ги изеде Да ми спаси некое кило
Од 9м до година имаше 3 шишиња млеко по 150-180мл и 3 оброци. После тоа почнав да му заменувам шише со ужина и некаде од 13-14 месеци пие само едно шише од 150-180мл пред спиење. За ужина зависи колку е гладен, овошје, овошен јогурт, бисквита, галети со јогурт, нешто лесно, а да го држи до следен оброк.
Кај мене пие 2-3 шишиња по 180мл. Третото не секогаш по толку, знае и со 100-120мл да помине. Ужинки немам воведено бидејќи млекава 2 и се баш за заспивање и не сме скратиле од тоа. Е сега знае да грицне овошје ако ние јадеме. Или 1-2 Лино смоки. Ама не го сметам тоа за ужина бидејќи не е во доволна количина, а и често.
Децата кои до две годишна возраст јадат благо, имаат поголема тенденција понатаму во возрасна доба да преферираат благо и обратно, децата кои до две годишна возраст не внесуваат шеќери помалку преферираат благо во возрасна доба. Исто постојат научни истражувања кои велат дека децата ја преферираат онаа храна на која пренатално биле изложени.
Секој си се води според детето, сѐ додека си јаде зеленчук, месо итн не мислам да се замарам дали изело и бисквита некое залче храната е и да се ужива меѓу другото
Охоо ова не го знаев, летото ќе треба една плата на сладоледи да даваме Мене муабетот ми беше да не нудиме и вметнуваме во распоредот. А кога бара не сум воопшто за бранење, мислам поголема и е желбата тогаш. Ај кај тие со поголеми деца разбирам дека помалото од бебе е изложено да гледа и да сака да проба, ама кај тие како мене со едно дете да нудам 2-3 пати неделно стварно не знам зошто би. Не се потресувам јас многу, веќе јаде се, ама грицки и благо не давам ако не бара сам. Во случаи кога сме со деца и бара давам по малку да проба, секако е ретко тоа. Дома не јадеме, понекогаш ретко и скришно од него знаеме да отвориме некое чоколадо. Ама секој за свое дете нели си одлучува
Абе како давате к.краставички? Така да си ги грицка? Многу ми е страв и за кисела и за обична краставица да дадам, некако многу се тврди. Давам краставица рендата само, а кисела уште немам дадено, а се тегнеше по неа кога јадевме. Му дадов да си лижне само
На тенки ленти или види на Солид стартс (ова за обична краставица, ја обожава) а за кисела немам дадено ама ваљда исто