Ако веќе џвака убаво давај, јас му ги давам оние малечките најгоре што се. Поголемите би ги пресекла на четвртини надолжно за секој случај.
Џвака да, парчиња си јаде без проблем и оддамна нема појавено гаг рефлекс. Штета ги изедовме веќе, ќе пробам деновиве со свежа краставица
Фала богу, секој си одлучува за детето. Само изнесов факти, не реков во ниту еден момент дека треба храна да се брани. Одлука на секој родител си е тоа. Лично јас ќе пробам максимално да избегнувам, ама секако дека ќе му дадам да проба ако ние јадеме или ако гледа други дека јадат.
Добро утро мајки. Барам утеха дека не сме единствени. Малечката наполни година пред недела дена а ниту едно запче нема сеуште. Зошто секаде читам дека после година треба на стоматолог да ја однесам? Не паничев до сега.
На стоматолог ќе ја однесеш кога ќе има заби, јас син ми го однесов кога ги извади и петките на околу 2 ипол години мислам.
Зашо да паничиш? Ќерка на година и една недела го извади првото запче. Второто брзо после него па немаше некое време ново. Е сегаааа за година дена сите заби ги извади буквално, уште една тројка остана да пробие. Залиха на дентинокс да си направиш
Прв пат слушам паничење за заби, нема без заби да остане не се секирај Мојот на 11 месеци го извади првото, еве сега двојки ваде. На стоматолог најчесто се оди околу 2та година
Фала ви многу, она си јаде се најнормално туку си велам да не треба да ја однесам за секој случај. Ама фала ви многу.
Јас туршија од мајка ми, инаку не знам од кога се даваат. Ќерка е 2 години и сега почна да јаде, лани не сакаше да ги проба воопшто
Мојата првото запче го извади на 11 ипол месеци, па еве 3 години е, сите си ги извади и се е во ред досега. Не паничи, некои порано, некои покасно, ќе имаат заби битно
Колку грама оброк нудите на 16месечно дете? Некогаш ич или 2-3 залчиња, некогаш јаде 100-150грама, некогаш 180-200, некогаш нд 220. Има некоја табела колку би требало да е оброк? Или додека јаде ако јаде
Над 12м мене ми кажаа треба да е веќе 250гр и повеќе, од 8 до 12м треба да стигне од 190 до 240гр. Нормално некогаш им се јаде некогаш не, ако има строго 3 оброка и само 2 ужинки, односно не и дозволам на мајка ми да му пикне нешто плус јаде се по список, 3 оброка од 250, 2 ужинки од 100гр, цице 2 до 3 пати и топ, арно ама имам мајка што е во блага паника зошто детето не ми јаде и му пика нон стоп и не јаде секогаш се. Деновиве на пример јаде по книга, ама јас сум џандар. Додуша денес за вечера изеде и вечера и после вечера ужинка солидна. Дополнителна.
Да прашам, полна годинка и 2 недели, почнува зборови да врзува. Со постарото ова се почна многу подоцна, скоро на 2ипол години, така да не ми е репер, некако ми е рано или се дешава и кај други. Си викам да не умислувам.
мојата врзува од 15 месеци прости фрази ( мама ам, тата дај, ова не, ова дај, бебе пие итн ) ако мислиш на нешто вакво