Мајки што им давате за јадење кога се со температура? Млеко треба да се избегнува? Многу слабо јаде, се ми одбива, среќа бар цица
Мојот мајмунко прооде. Оди ко да се предава, со раце у вис, кажувајте кичми на старо кај се продаваат сега? Многу е паметен, а се осети несигурен одма застанува во поза морска ѕвезда и чучнува. Љуби га мајка многу не сака да е во опасност, сеуште си практикува лазење убаво.
Ориз со грчки јогурт, само тоа пројаде кога беше со температура пред месец дена. И на шмукалчиња бевме и тие на неколку пати ги дојадуваше, долго не држеше тогаш. Не ми кажал никој дека треба да се избегнува млеко. Нека поминува побрзо.
Мајки давајте совети утешете ме оти ќе полудам од грижи. Деновиве само на ова мислам. На 29ти почнувам на пракса од 8 до 5, цел ден. Една грижа е што бебе нема да го гледам толку многу часа, друга грижа е градинката. На 4ти март тргнува со 16ипол месеци. Ќе го носам во 7, а ќе го зимам во 5. Многу е нели? Ме плаши помислата дека ќе му фалам, дека нема да е среќно и насмеано детенце како сега. Ај некоја што детето и оди целодневно на градинка, со 8+ саати нека ме смири малку
мама се е навика, не се грижи. ќе ви биде ново но ќе се навикнете. од почеток по 8 саати, нема привикнување? чинам во странство беше ти?
Ќе има адаптација минимум 5 дена. Ќе одам прво јас со него, па постепено ќе го оставам сам, прво по саат два постепено ќе зголемуваме. Многу ми е мака што мора по толку саати да го оставам, се мислам изморен и тажен ќе е
А зошто да не е насмеан и среќен? Па градинка е не е мачилиште, башка таму кај вас мислам каде каде им се поубави условите. Ако немаш кој да го зима порано тоа е, немаш друг избор. Во неработни денови ќе се гушкате повеќе и тоа е. Смири се, оти од тебе ќе прими емоција уште нетргнато а и ти ќе се потресуваш можеби и безвезе. Не може да знаеме како ќе изреагира, нели. И моево ќе трга, сакам некаде средина на фебруари, евентуално почеток на март, а да ми кажат уште од 1ви фебруари би го носела зошто ова со мајка ми се одолговлечи многу. Здравје до 1 април сакам да ја испратам мајка оти или јас ќе попуштам или ќе отидеме како семејство скроз.
Не знам имам некое чувство дека ќе го мачам толку многу саати излезен од дома. Убава е градинката ептен, имат убав дневен ред со многу активности и секојдневно носење во природа надвор. Од една страна едвај чекам да тргне знам дека ќе му е исполнет денот и нема да му е досадно, од друга страна се осеќам како да го фрлам во други раце цел ден. Оф оф оф. Мм завршува во 3ипол ама дека градинката е во тој град што ќе работам јас додека тој да стигне во гужва 5 ќе го најди и не е опција, одлучивме јас да го зимам. Ќе се тешиме заедно со градинката тој период. Мене ми беше битно да е март као вон сезона со вируси, ама со тоа никогаш не се знае нели
Епа тоа е, нема друга опција. Многу се 9ч, ама тоа е. Евентуално да го запишеш во градот каде работи мти па он да го зима, нема друго. Почнете, види како ќе биде. Опција да не работиш верувам немаш и верувам не сакаш, така да не мисли негативно.
Првото го носевме така кога имаше 1,5г. Бев породена со второто и мораше сопругот да го носи во 07ч., често го земаа и во друга група зошто воспитувачката не беше дојдена, а од работа кога се враќаше го зимаше во 16:30ч. И баш од среќно и насмеано дете стана многу тажно, а сабајле кога одеше беше многу нервозен и се со плачење влегуваше. Многу саати седеше, 9,5ч. некогаш и по 10ч. Многу лош период беше тоа за сите нас, ама немавме друг избор, а траеше со месеци ова, додека не се создадоа услови да седи по 8ч. во градинка. Ако имаш баба/дедо сервис користи бар порано да го зимаат од градинка. Имам комшика таа плаќа жена за само да ги зема децата од градинка и да поседи со нив додека да дојде. Чисто како опција ти го кажувам ова. Знам не те утешив, ама ова беше нашата реалност. Се надевам нема да имате вакво искуство.
Моето иде од 8 до 16 часот. На врата трча за да влезе, кога идам да го земам не сака да дојде, се враќа назад 14 месеци има.
Нема место никаде, од летото чекаме и во нашиот и во други 3 града поблиску што се, едвај овде најдовме од март. Тоа е, барем додека ми трае праксата ќе издржиме после ако не бива ќе правам договор на скратено раб време Е баш тој страв го имам. Многу весело бебе е ако му го расипам тоа жива ќе се изедам. Пишав веќе ќе пробаме до јули. Ако и ние сме ваков случај ќе барам други варијанти, секако нема да го оставам така. Опции и под камен ќе копам да ги најдам. Фалаа ти премногу на овој коментар. Искрено од срце се надевам дека и мојот ќе е вака. Ме утеши малку
Ќерка е од 8-15 у градинка. Вакво трчање по мене да ме гушне после градинка ме топи. Ритуалот е трчање накај мене и гушкање па покажува 5чиња на раче и си збори на нејзино како поминала и соблечување на јакна и чизми. Ваквите 5-6 минути после градинка за ништо не ги давам
Кога читам вакви коментари едвај чекам да почне. Колку љубов има во очињата кога ќе си ја видат мајката не ни можам да замислам. Фала ти многу на утехата
И јас мислев исто како тебе ама сите 3ца се препородивме со градинкава. На страна разболувањата, дома имам друго дете. Пресреќен е, кога почна за 3 дена се навикна. Оди од 8 до 16ч. Сабајле го носев јас прв пат после долго време, си викам детево ќе плаче по мене, ма не бре само што отворија врата истрча внатре насмеан, ми мафна од далеку и да го нема Ич да не се секираш, и тебе сигурно ќе ти дојде супер таа промена.
Фала ти мила на споделеното позитивно искуство. Ај белки за некој месец и јас вака ќе советувам некој на форумот Денес бев на разговор во градинката. Воспитувачката ме освои целосно, некако помирна сум сега кога видов лично во чии раце ќе го оставам
Само биди спремна дека може многу често ќе се разболува. Моево 2 недели му е максимум одење без прекин а некогаш знае и за 3 дена пак болен. Не знам ако си во странство можеби таму е подобра организацијата.