Дали има мајка што не работи, а детето и иде во градинка? Оставив работа зошто не ми се праќаше на девет месеци во градинка, преку ден нема кој да ми го чува, а финансиите не ни се воопшто проблем дома и решив јас да си го чувам. Веќе има година и три месеци, оди, јаде се и за два месеци би сакала да го пратам во градинка, ама уште сега имам грижа на совест. Кога ке го пратам сакам и работа да почнам да барам, а и да продолжам да си се бавам активно со хобито што го имам, едноставно полека да си го вратам животот. Ми треба и да излезам на рат, да испазарам, завршам некои работи, да испијам кафе како човек. Си го сакам детето најмногу на светот, ама сакам колку толку и свој живот да имам. Дали сум лоша мајка? Се надевам грижата на совест брзо поминува.
Јас не работев кога почна ќерка ми. После 2 месеци се вработив отприлика. Зашо лоша мајка? Додека сте на адаптација супер ќе ти биде тоа шо не работиш. Јас ја носев, се враќав правев јадење па си ја земав. После кога почна да останува цел ден, ем она во градинка со дечиња ем после тоа дома си ја гледав и си бевме заедно Се вработив од дома на крај и пак сме заедно цело време ама Гледај го на тој начин. Шо има врска дали работиш или не ако сакаш детето да ти оди во градинка
И јас мислам дека нема врска, ако сакаат родителите детето да оди и треба. Туку почнав да добивам секакви коментари од околината, не дека ме гајле, кој што сака може да збори, кога решам нешто така и бива, а сигурна сум дека сакам во градинка да го пратам. Па ме чисто интересираше искуство од мајки што не ги познавам.
Не си лоша мајка. Има мајки кои сакаат да работат и тоа е ок. Ама од аспект на разболување, секоја мајка што носи дете во градинка ке ти каже дека треба да поседи дома уште некое време. Да имаш можност да го растеш детето дома е благодет кој го немаат сите. Не е исто болно дете на година и 3 месеци, и 2 и три месеци, веќе после 3 е се поразлично.
Иако ќе работам кога ќе почне во градинка пак ја имам грижата на совест. Така да не е до тоа што ти нема да работиш, туку тоа што сме некако навикнани ние да и го водиме цел ред и не јаде совеста ако друг го прави тоа. Без разлика дали работиш, тераш хоби, или едноставно ти треба време за себе, градинката според време е многу потребна за социјализација на детето. Не дозволувај да ти врши притисок околината, посебно па тие што обожаваат да се докажуваат како се “најмајки”. Слушај го гласот длабоко во себе, ако тој ти вели да го пуштиш ич не се мисли. А и ете ти сакаш да почнеш да бараш работа. И баш убаво што си зимаш прво слободно време за адаптација и разболувања и сл, барем нема да имаш грижа на совеста и да мораш упорно да оставаш плачејќи дете таму, туку ќе одиш и ти или ќе го оставаш на пократко итн. Супер си имаш испланирано, не давај да те предомислат други небитни луѓе
Нема никаква организација и тука. Спремна сум дека ќе си бидам почесто дома. Само што ќе треба пак да си плаќам градинка ми оди на нерви, а богами и не е малку пари
Блазеси ти леле... Јас од тоа разболување морав да напуштам работа, многу почнаа да ми мрчат за боловање
И јас мислам дека е супер што ке сум слободна за период на адаптација и недај боже разболувања, во секое време ке можам да го земам и чувам дома колку е потребно. Да му заврши адаптацијата па после ке барам работа. Инаку се согласувам дека градинката е супер место за деца, убаво им е исполнето времето, си имаат убави оброци и решена сум дека ке иде. А најмајките ги има секаде и ги заобиколувам во широк лук, на здраво здраво сум, вешто избегнувам муабет.
Моите двете одат во градинка, јас работам по потреба од дома. Немам грижа на совест, некогаш кога имам лош ден и ми е тивко дома ми доаѓа малку така криво ама кога ќе излезеш од дома средена, а не во тренерки, мрсна коса и ранец со 300 глупости подруго е Сериозно, убаво ми е, релаксирана сум, имам време за се, да си средам, на раат да си пазарам, да им зготвам на кој што му се јаде…За викенди на пример е хаос, понеделник обично одмарам од викенд Ич не се секирај, праќај во градинка и да имаш грижа на совест брзо поминува
Искрено длабоко во себе мислам и се надевам дека и кај нас нема да има многу разболувања. До сега пу пу е супер со имунитет, плус набавив молерс и диво оригано па белки ќе спречиме вируси
Мајки дали се случило после антибиотик една недела од како е забршен дете да има пролив со светло зелена боја? Од памет сум извадена, вака весел среќен расположен
Сируп дека е мала, има и рипчиња за поголеми. Рибино масло. А оригано е спреј за носе. Ја прскам секој ден после градинка, магично престана тоа досадното носетечење.