Дајте предлог на инстант каши (чоколино/кексолино) 17м ќе биде кога ќе сме на патување, да можам да понудам како ужинка/меѓуоброк. Услови за готвење нема да имам, за 3-4 дена не планирам да влечам плинско, различни садови итн. Свежо овошје ќе има, но сакам и нешто “топло” како меѓузакуска/пудинг. Ги напоменав чоколино/кексилино барем нешто такво. Чоколино има пробано, но не го јаде
Моето ги јаде кашите на Нутрино житни, во ќеса, и од ДМ житните во кутија, не да се скроз мазни, да имаат структура, парченца. Од ДМ многу ја сака со малина и мусли, тие 2 ги јаде најмногу и чоколадната од Нутрино. Ама можеш секогаш да покиснеш овес да измешаш со банана, поубаво од тоа амин. Ако веќе не ти е опција да носиш плинско за варено јајце свари си 5 јајца и ќе имаш за 2 дена јајце пример, на ладно ќе стојат. Исто и оние на Нестле и Лино пудингчињата и шмукалчиња од ДМ земи си.
Овошен јогурт исто како опција ако имаш услов за чување. Ако веќе даваш купечки и плус со шеќер нели има и сутлијаш и слични во така мали пакувања. Не се баш во делот за бебе. Било која житна каша ако јаде пример мултигреин од кутија, со шмукалче промешана. Јас правев сооднос 60мл вода, околу 2 лажици од кашата, и шмукалче. Ако јаде парчиња од дома да спремиш овесни мафини со овошје. Тоа засега ми текна.
Прочитав негде грип ли има? Маливе имаат температура 39. Ќе дадам блок макс ќе се качи ќе се спушти од вчера се вака. Почнаа да кашлаат ги инхалирав со синомарин и кортаир еве се смирија не кашлаат ама температура имаат. Колку време трае ова ? Како поминавте?
2-3 дена температура па 2 дена без и после уште ден температура и толку. Една недела малаксаност и 10 тиот ден веќе значително подобрување.
Мајки што може да дадам за вадење четири 4ки од еден пат. Се буди цело време и вршти, не може да спие од болки. Гел ставам ама само моментално, ќе заспие и половина час пак се буди. Сируп да дадам, нема температура ништо, ама го боли.
Мајки ајде помош или совет. Бебе директ прооди ,не лазеше. Е сега последниве две недели ,паѓа и тоа директ на глава на чело. Ужас и хорор ми е секое паѓање. Цело чело е џумки и модринки. Што да правам? Како да ја научам? Може ли да и останат последици од паѓање директ на главче.?
Тоа е последица дека и е прескокната фазата на лазање. не знам за учење како би и кажала за да разбере.
Фала на сите што пишавте. Мене педијатар ми вели доволно е тоа, а ортопед вели тоа е за бебиња, па не знам ни јас сега.
Знам јасно ми е. Само незнам како да и помогнам.... а и осекам вина дека ја сум крива што не лазеше ..може требаше да ја учам јас.. незнам еве
Биди цело време до неа да не паѓа на главче, пази ја, заштити ги ќошињата.. сѐ додека не стане постабилна Ќе се научи и јас не сум лазела и така сум паѓала
Јас давам блоксмакс. Пред спиење речиси секоја вечер кога вади заби, а некогаш и преку ден знам да дадам ако многу го боли