Кај моето четири 4ки излегуваат од еден пат. Веќе скоро месец има излезено само една горе. Нема ли да е многу цело време да давам сируп, којзнае уште колку време ќе се мачи. Синоќе прв пат дадов, а секоја ноќ е иста приказна. И ти ли даваш исто пола доза, 2.5мл дадов јас синоќе, 14 месеци ми е детето?
Исто е и кај нас, јас давам 5мл само пред спиење дека дента нема маки толку многу инаку кај нас денес почна и пролив, не знам дали е од забите што ги вади или пак е некој вирус бидејќи и раскашлана е и носето и тече. Му реков на мм да земе линекс џуниор, досега и имам давано само Waya и Proven Baby па сакав да прашам како го давате линексот може да се раствори во млеко или сок?
2.5 давам и јас. И моето многу тешко вади. Горните кеца ги вадеше и двата по 3 недели, ми се добра скоро два месеци да давам непрестано. Ако прескокнев некоја вечер давав сред вечер кога ми се будеше вриштејќи. Мака имаше пак, ама мислам барем малку ми олеснував
Давам плус Вигантол до дозата што им е препорачана од ортопед. Ако даваш пола доза Молерс, тоа е само 200 единици што мислам дека е малку.
Плус одредено од ортопед, да. Малку е тоа во молерсот мислам, колку капка од тие на пливит ако не се лажам
Искрено немам појма колку давам. Кажано од педијатар му е до цртата да давам а не знам колку е тоа Ќе се јавам утре да прашам фала ви
Мами, како се справувате со 10 скок (16+++)? Како што куцна денот на каледнарот дека влегуваме во 10 скок, детето не си го препознавам. Само вришти, се треска ако не е по негово, не спие, сѐ одбива...тантрум на најјако. Ако вака тераме еден месец, дефинитивно овој скок ќе ме поремети
Мами здраво Да прашам со конјуктивит како се справувате? И пишав на матичната ама абер нема да одговори. Чистев со камилица ама не помага а окцето не само што лачи премногу секрет туку веќе и се затвара
дали некој е во фаза одбивање од цицање да се тешиме и бодриме? Баш е тажна и плачлива, ама мене ми беше веќе пренапорно
Читав маслото од лаванда многу помага за поубаво спиење и направив глупост. Место да ставам капка етерично масло во негова близина јас капнав на раката и го намачкав на гради и по тело заедно со млекото на веледа. Немам мир сега. Што може да биде? Опасно е?
Абе и мене ме држи памет од поголемата не со камилица ама кој ѓавол ме натера незнам на 2-3 пати ја пројдов Ај ставив хлорамфеникол пред спиење вајда ќе ја смири до утре
Камилица не, физиолошки со стерилна газа. Со Тобрекс со две капнување ќе помине, ама се продолжува неколку дена терапија, зависи од инфекцијата. Обично 3 пати на ден се става по една капка.