Јас мама, денски не цица, ама навечер пред спиење не знам како да го излажам со нешто друго, млеко никакво не ми прифаќа...
Ја намачкав вчера пред спиење со хлорамфеникол тоа имав дома и денес сабајле окцето кај залепено па и поотечено. Матичнава абер нема да се јави! До сега вака не ме оставила
Чистење со физиолошки и газа и малку масажа на очниот канал секој пат кога ќе има на окото како гнојче. Исто тобрекс капки 3×1 и од маста пред спиење ни препишаа. Нормално е сабајле да е залепено окцето од ноќта што лачело не е страшно ни потеченото иако личи прелошо брзо ќе и помине.
Може треба брис да направите, за да видите дали треба тобрекс или др.капки. Јас ќе ти го споделам мпето искуство. Минатата година исто вака од окото му се лачеше секрет и чистев со физиолошки, ама не поминуваше.По совет од матичната почнав со тобрекс ставав една недела ама пак немаше ефект.На своја рака направивме брис и излезе бактерија која беше резистентна на тобрекс. Почнав со цитееал капки и за два дена помина. Може кај вас ќе помине од тобрекс, ставај неколку дена додека делува, ама ако не помине може треба брисеви.
Мајки да прашам дали тие што давате молерс омега правите пауза или го давате без прекин. Јас давам молерс негде од 8ми месец без прекин до сега, па на мисла ми е..благодарам
Фала ти многу Може па најпаметно е одма на брис да ја носам да не фати викенд после за резултати па ќе испадне 2 недели оставено така детето
Кога од прилика доаѓа 10ти скок за бебе родено две недели пред термин? Ја немам апликацијата, а некако по календар што гледам доста покасно доаѓа од тоа што мислев.
И мојот е роден 37+4, а според апликацијата сега му паѓа на 16+++ и искрено баш се приметува дека е во скок.
Уф значи стварно е рано кај нас, за 10 дена прави 16 месеци, а се понаша како во скок Што ли ме чека, напорен беше овој 10тиот, го памтам од првото.
Нема да биде полесно. Секогаш ке си мислиш, добро ова помина, ама секогаш има нешто ново што во моментот ти изгледа како нешто најтешко. Сега имам 4 и пол годишен манипулатор. Воспитувањето е многу зезнато и напорно. Се прашувам добро ли постапувам во секоја ситуација, каков пример давам, дали сум престрога некогаш а некогаш попустлива, прашања и преиспитувања колку сакаш. Кога имаше грчеви тоа ми беше плафон на нервоза од неспиење, болки, доење. Потоа нејадење. Потоа проодување. Потоа говор. Сега манипулација. Кога ке помине еден период, си велам, океј преживеавме без последици. Ама следи нов, уште позезнат. Овие со тинејџери велат допрва е зезнато. Па ке видиме.
Здраво мајки синчето ми е 14 месеци и е со повторувачки бронхити. Денес бевме закажани во Козле му земаа венска крв за ккс и алерго тест. Во случај ако тие испитувања се уредни,следен чекор е пнеумослајд? Доколку некоја мајка била во ваква ситуација би ве замолила за искуство,какви испитувања сте правеле. Фала ви однапред.
Ќерка ми дофатила остаток од Heets цигара, поголемиот дел беше голтнат, плукнала малку само. Некој искуство, да одиме ли накај клиника?
Каде ги шишате девојките ? Син ми го носевме во Мали звезди ама ич не бевме задоволни , катастрофа беа во љубезност , после два пати заврши кај берберот на маж ми да го досреди , па ги баталивме. Некоја друга препорака , девојчево ми е ептен бушава мора да се среди малку