Види Jungle во Ново Лисиче, жената е фина и цело време се консултира со тебе додека шиша. Исто не сме начекале гужва, за разлика од Мали Ѕвезди каде што ми беше хаотично.
Јас сама си го исшишав синоќа малово, дур го облакав со татко му, фати овде фати онде, натенане, какво ми е маженце стана, многу е убав. Ми е страв да го носам да не створи аверзија, големиот така, го носев во Мали ѕвездички и створи аверзија, пошто закажуваш и плаќаш нели, они за да си наплатат мора да го скрати и го малтретираа повеќе, ај ваму, ај онаму, во кола, на играчки, на столче, на вовче и само урлаше викаше а го скратија ужас го направија, па месеци поминаа додека се ишишаме асално без урлање. На овој му давав да ги пипне ножичките, да ја фати косата, да чепка и така мислам дека се средивме.
Зошто не се обидете кај вашите фризери? Реално нема потреба од специјален детски фризер. Син ми го носиме кај мојот фризер и сум задоволна. Брзо работи, со машинка од страни, ножички горе. Имаше период кога не сакаше да соработува и тогаш јас шишките ги сечев да не му одат во очи. Инаку има многу густа коса и го шишам од 1 роденден.
Син ми оди кај фризерот на маж ми. Девојчето моите две фризерки не се нафаќаат зошто е мало. Поголеми деца шишаат .
Ние уште го немаме овој "проблем" хахаха Мојата има бејби фриз, што кога ми е облечена во неутрални бои, имаш прашања машко е или женско
Моето пројаде со wellbaby мултивитамински сируп, барем мислам дека е од него. Пред то хорор беше јадењето.
И јас имам пофалби за овој сируп, дали е од тоа или сама се разјаде што беше болна претходно незнам, ама вреди да се проба.
И јас бев задоволна од овој сируп, и спиеше убаво и јадеше убаво. Мислев случајност е ама после ми кажаа и други искуства.
Јас за имунитет давам дефендил, има ли врска и овој ако го давам за апетит (дека гледам пишува за имунитет)?
Како се справувате со касање, удирање, гребење? Прво демек интересно, играчка, удри овде, тропни тука ама веќе ќерка знае баш да удри јако. 12++ месеци. Нејзе и е игра ама пред да премине во посериозно како да се одвикнуваме?
17+ е и уште тепа и каса Ама многу помалку од пред некој месец искрено. Веќе разбира дека не треба да удира. За касањето највеќе е кога вади заби. Еве сега конечно долните тројки излегуваат па ќе одмориме додека да дојдат на ред 5ките, нема да каса толку. Инаку кога ме удираше клекнував до него на земја и со прстот го ,,карав'' ама полека му кажував дека тоа не е убаво и се тргнував од него. Некогаш успеваше, некогаш се лутеше уште толку
И моето отприлика толку мила. Мислам дека за таа возраст се ок, гледам сега почнува со јазичето да се труди повеќе и многу смешни ,,зборчиња'' испушта особено кога пробува да каже ,,кашкавал'' 17+ е
Mене ми објасни доктор вака, едно е имунистимуланс, друго е витамински препарат, и двете може да помогнат во градење на имунитет, ама подобро е имуностимуланс ако веќе даваш. Не се сеќавам на составот, ако нема исти состојки како Дефендилот давај. Јас со Дефендилот сум давала витамински сирупи ама не се сеќавам дали беше овој тогаш, а сум од Дефендилот многу задоволна. Му остана тепањето и гризењето, намалува со “карање“ и “враќање“ кога каса и мава ама не скроз да се смири. Кога ќе ме удри или гризне јас нежно го гризнувам или божем го плескам по рачето а повеќе удирам на креветот ама ете, да знае дека не е убаво. И никако смеење и праење интересно. Исто моево се кара, ко стринка, со раката на половина со мафтање со другата, со фаци праење, со се буквално, па му “враќам“ на карањето и намали и тоа.
Мајки дајте совет/утеха било што, живци искинав. Цело сабајле да се квичело (работам од дома мајка ми го чува малото, 13 месеци е). Се наспа убаво, јадеше убаво, цицаше два пати, си игра со баба му и со мене, константно внимание има, пресоблечен, анимиран и цело сабајле квичи.. дури и даљинското му го дадов и сѐ што сака и џабе.. што намќор ќе беше, веќе станувам исфрустрирана дека никако не му се погаѓа, мозокот ми чкрипи од неговото постојано жалење. Сѐ е со убаво, дури ни тон не се повишува, веќе не знам каде грешам, му пеам го гушкам зборувам и давам сѐ од себе. Дојдов да се жалам пак по којзнае кој пат ама немам каде.