Има ли sleep regression околу 17 месеци? Дечково мој последните денови ич не убаво спие, се буди во текот на ноќта и без разлика дали заспал во 20 часот или во 22 часот, станат е во 06 сабајле. Како да го променам тоа? Многу рано станува и стварно тешко заспива навечер.
Важно е дека детето почнало да зборува. А за фондот на зборови сите се различни. Колку повеќе му зборувате, толку ќе му се зголемува и нему фондот. Јас најчесто му пеам, и кога менуваме пелена. Па кога ќе прекинам со пеење тој кажува кој збор следи.
Би требало, сега ќе почне да формира гласови во зборови, па мора да избие некаде. “По книга“ треба да е вака, ама не мора да значи нели, учи нешто ново.
Мајки кога ја исфрливте втората дремка? Мојов има 15 месеци и се буни за втора дремка, а ако успее да заспие многу касно ми легнува вечерта.
Охооо ја исфрливме уште на 11м, пред годинката. Со големото до доцна спиеше по 2 дремки, се сеќавам, ама со ова не може така.
Јас со ова дете едно сфатив, они сами си кажуваат што си сакаат и што им треба, не можеш да диригираш ти секогаш. Големиот можев да го третирам ко саксија цвеќе, до толку, ова ко лавче во кафез повеќе ми личи.
Шпагета моја за 6 недели качил само 210 грама, 1.5цм се издолжил, ама килажава... Едвај има 8ипол кила, едвај! Колешка имам децава ни се 1м разлика, нејзината девојка е 10ипол кила, овој шпагета... Ама па затоа моторче во газот има и не застанува ни 1мин.
А претходно во колку стануваше? Мојот стално во 6 е исправен во креветче, сигурно и една дневна дремка има, доста им е. Мислам дека имаше регресија на година ипол.
Ела се гушниме Последните два дена е крш навечер, за заспивање заспива ама многу стануваа и плаче, едвај се смируваме. Бетер од мало бебе е Колку што знам во 10 скок се па препишувам на тоа и нека мине побрзо, иначе и мојата 17 м денес точно
Памтиш ко ми рече еднаш "се надевам со второто раат ќе видиш"? Раатот тебе со првото ти бил изгледа, ова наплаќа
Ела да се гушнеме за килажава... Нашиве се два дена размак родени, мојов е на 27ми ама изгледа исти се со килажава црвци. Сонувам да стигнеме до 9 кила значи нерви искинав. Сега не сум го мерела, последно пред нова година, ќе мерам крај на фервураи за да има размак два месеци, па ќе видиме. Горни двојки раснат и катастрофа сме со јадење неделава, не дека пред тоа беше сјајно. Застој нема ни две минути, се пентери секаде и мојов, дури и коа јаде не е мирен само мрда станува седнува хаос. Почнав да давам well baby од пред една недела па ќе видиме..
Е здравоооо Ангел. Не признаваше кога те убедувавме пред една година ама Нека се здрави и живи, не може сите да се бубалки.
Значи и нас изгледа ни е време да се префлиме на една дремка. Во колку сатот ви стануваат наутро, кога имаат дремка и во колку ги легнувате? Не знам ќе дали може да издржи повеќе од 4 -5 часа буден, ама да пробаме.