Стануваше во 6 ипол еден период па подолго време спиеше до 7 ипол некогаш и 8 а мене тоа за викенд особено ме радуваше хаххаха. Се надевам нема да трае многу. @Cloverrrr гушки мила ама овој скок колку и да е тежок е најсладок оти го приметувам многу нови зборчиња пробува да каже вие како сте со зборување?
Не е нешто расположена за зборење 10 тина може има, друго се е по нејзин јазик ламотење цел ден, а физичката активност и е на ниво деновиве уште повеќе, нема што не праи
Таќно! Се мавав во гради дека јас имам мирно дете и мислев дека е до мене, епа види не било. И затоа се излажав искрено за второ. Љуби га мајка! Знаеш што ме чуди, што јаде, јаде а е шпагета. Е многу кака, често и многу, така да... Ама како е можно да качи за 6 недели само 200гр чоек, како. Е како, троши три пати од што јаде, среќа и толку е. А јас си имам признато дека е така, не си ме прочитала, си ги повлеков сите зборови!
И мојава сега јаде, не дека не јаде претходно не јадеше баш. Ај сега навистина јсде може немсме големо мени пошто пребира. Ама јаде многу овошје, ручекот, вечерата цел тањир, во градинка исто јаде. И не гледам промена да се здебелила. Искрено не ми е одамна мерена, ама околу 9-10кг може има според мене а којзнае може и помалку има, 1 и пол има. Ама па и не кака толку често ко ти што кажуваш. Ама па затоа една секунда не мирува.
Јас да си се пожалам. Детево ми се смени многу последниве денови, нонстоп да се плаче, вреска, ако нешто не и е по кејф одма вика плаче се удира. Беше болна минатава недела не одеше во градинка, дали се разгали многу, дали веќе покажува карактер не знам ама пренапорна е. Со ништо не се заигрува мора до неа да сум ништо не можам да фатам дома, секое пресоблекување плачки до заоѓање.. 15++ е, напорно бебе си е од секогаш, ама не било вака, деновиве ме засекира зарем вака ќе биде од сега А многу ми е интересна, веќе се' разбира, по цел ден трча низ дома, по некое зборче кажува, само со карактерчево не знам што ќе се прави... Какви се вашите на оваа возраст, нели се мали за тантруми и вакво однесување?
Исто беше.. Мине, не е карактер. Пред одмор не фати тој период, се мислевме да откажуваме. Таму друго дете. Весело, активно, разбрано. Си дојдовме, пак се расипа
Исто 15++ е минимум еден тантрум има на ден. Вака не е кенкав, се заигрува сам. Ама ако нешто не му дадеш или му браниш негде да иде вришти на цел глас, дури и се кара со раката и не дава никако да му цркнеш одма се љути. И многу удара, штипа, гребе… Среќа е само што бргу му мине, некој си 2-3 мин трае тантрумот, уште немаме долго љутење. И јас се надевам дека е период, ама кој знае. Имав мирно бебе до некаде, ама изгледа ќе имам збеснат тодлер
И јас мислев дека се мали за тантруми ама не биле. Сабајле се фрли на под да плаче (читај вришти на цел глас) затоа што не му ја дадов пеглата тој да пегла. Пресоблекувањето е посебна приказна, мислиш боречки вештини тренирам додека го облечам.
Синко ги направи првите чекорчиња и сега како што е редот,мајка да замеси постапалки Споделете рецепти,ви благодарам однапред
Едно навечер пред спиење давам сега и 1-2 пати станува за млеко. На 13 мислам давав и пред првата дремка, помеѓу доручек и ручек, сега веќе има ужинка тогаш
12++ е сеуште пие 2 пати млеко. За заспивање навечер и попладне. Некогаш се фаќа после дремка, некогаш ако има 2 дремки, пред втората дремка. Ноќе ретко станува, инаку пиеше еднаш и ноќе.
Јас давам кога се буди накај 6ч 180мл, потоа пред прва дремка 150мл и за заспивање пак 180мл. Ама сега педијатар рече таа за прва дремка да ја прекинам. Тоа значи време е за ужина. Што се дава за ужина?
За првата ужина најчесто давам овошје. Банана, боровинки (само ги стискам малку и му го оставам на столчето сам си ги јади), манго, круша, и било што друго сезонско омекнато кога е му ги давам парчиња. Речиси секој ден јаде една цела овошка и 1-2 шаки боровинки