Што е со анксиозноста на 12 месечна возраст или пак кај моево е закаснета? Од дете што оди кај сите и ни мајка, ни татко бара, сега само гледа дали сме околу неа. Во игротека бевме, се држи за мене како да ќе ја оставам доживотно. Од луѓе со кои постојано се дружиме и ги гледа, бега исто. Во градинка плачки, што досега ги немаше. Како преку ноќ да се измени детево.
Што е со плачењево додека се менува пелена, плаче ко да го колеме, се треска од земја. Ќе полудам веќе на менување пелена, не се трпи. Наравта љута му стои, гризе што ќе му дојде пред него, ќошот од табуретката отиде веќе мислам. Не е како додека беше во скокот, ама пак е љут.
17+ е, со намален интензитет ама сеуште е присутно лутењето додека му менуваме пелена Како да се борам со алигаторче.
Јас по овој рецепт ги правев, како путер колачиња, а ги декорирав со растопено црно и бело чоколадо плус мрвици за декорација од Стокомак. Повели: https://kajgana.com/najdobriot-recept-za-novogodishni-puter-kolachina
Долга и широка е работава. За анксиозноста и плачките пишав погоре. Јадење, од дете што за 5 минути празни чинија имам дете што станува, се врти, префаќа во чинија. Јадеше секаде низ куќа,сега само во столче и тоа намерно ја носам да не се бркаме и да прави лом насекаде. Менување памперс - нема плачење ама се врти, станува, фрла по земја се околу неа. Ако е на спална се врти и лази кон работ за секунда. Ни цртани, работава, ништо не помага. Последниве две недели, се ни е борба буквално.
20 месеци има уште се лути ко ќе дојди време за менување... ама дури почниме, после знај дека мора и седи мирен, а јас менувам со брзина на светлината.
Додека менуваме мора кремата да му ја дадам да си ја отвара/затвора и да пеам Македонско девојче, уште оро фали да заиграм за да седи мирен и да не плаче
пеам, зборам, глумам приказни, ја прашувам тоа што знае да каже ( име, години и сл) лудница е. 17+++ има само што ни пројде последниот скок. Што е следно?
Ние сме во 10ти скок на најјако,пред 5 дена наполни 17 месеци, по цела ноќ на 15 мин се буди и цело време цица, зборува зборчиња нови што ги учи ги повторува пред заспивање, или кога ке се разбуди, не кажува многу мама, татато, бебе, бато , цице, аш, аии ако фрли нешто ако се чуди, ама разбира ако му кажам да донесе нешто, по што и да го пратам ми носи, дали е балон или коцки или као му речам влези во кукичката ке влезе па се крие,и цело време или трча или се качува по кревети по столици, како петле, сега аму ја внесов лизгалката од надвор зашто по се нешто се качува, прво незнаеше како да се качи на неа , му покажав како да се качи по скаличките еднаш, после проба уште еднаш со моја помош и после сам, научи и еве 2 дена не е застанат цело време се качува и се лизга, мн е интересен, а бајаги е висока лизгалката од тие 1.2-1.3м.Само скоков со неспиење е баш исцрпувачки, исцрпена сум веќе а не сме ни на пола, градите ме болат од цицање по цела нок, како цуцла ме користи.
Моево и твоево ко идентични близнаци само една година разлика. Крај! Македонско девојче бе. Свекрва ми за да го смири мм пеела Градел Илија манастир, треба да свртам на народњаци и јас, а не уште пеам Едно мече заспало...
Е со тие народнаци. Кај нас ретко слушаме таква музика и кога спремавме именден пуштивме дете се изнаигра на Јордан Митев. Изгледа кај сите е полн погодок
Мојов е по играњето, а слушне музика крева раце у вис, епа последно почна да врти со рачето на рандом турбо фолкче од стори
Јас: Софи сега ќе нанааа, да порасне големааа, мама да одмориии, тралалал Софи: Тоти нана не Добро Софија!!
Еееј мајка ми цел репертоар народни песни има, па уште и си кажува дечкото ако не му се допаѓа некоја, да ја смени Со мене па во последно време со Нирвана се заспива.
Му викам вчера Ајде да нанаш! Не, не неееее... Ја гледа Стела и Сани со тоа песничката Стела Стела, да тато, јадеш ли слатки, не тато... од тоа вика да да или не не, епа спиење е не секогаш. Синоќа ми заспа у ниедно време и стана весел, до 10ипол не ми заспа, пукнав, ми се криеше под јорган, ми праеше глупости.
Јас па викам ех, сега ќе дојдеме во оваа тема, да се подутешам дека тука се убавите работи, затоа што деновиве пред и после роденденот ми се најтешки од кога ги имам родено. Ама изгледа нема полесно. Наместо да се смират вриштење, квичење за се. Госпожа има протест со глад, ништо не јаде, устата херметички затворена, дури попуштив на крај викам ајде и песнички на тв ќе пуштам, не и не. Пелена нема шанси да се смени тепаат така крвнички ко да им си најголем непријател. Спиење ужас, она мора да е залепена до мене, а спие 10 минути, па се врти и мава, клоца, ми врзува шамари и така цели ноќи. И ај шо се жалев дека не знаат која им е мама, откако пишав на форум, само трчаат по мене и викаат мама, мама, не можам ни да се измочам без бебе во раце. На роденден женсково кај никој не отиде, од сите плачеше, престојав со неа в раце 5 саати. Батково пак ем не може сам да стои и оди, ем упорно не бутка ако му пружиме помош и се лути. Па се лути дека не може, па вози тоа коли, проодувалки што доби сам, па не може да се симне и вришти. Мочан е на пола саат, буквално секоја постоечка пелена му пушта, и поголем број и се пробав, џабе, а за менување пелена вреска повеќе отколку кога го боцкаат за вакцина. Така си се изнапишав, божем да ми олесни, затоа што на домашниве ако им се пожалиш ти викаат ех, слатки маки. И тоа треба да ти е утеха.