Колку време после боцкањето јави реакција? Освен температура дали имаше нешто? Колку качуваше тт? Дали се симнуваше, со што?
Ќерка ми имаше тт 8-11ти ден до 38.5 ама беше весела, разиграна па ниеднаш не и ни дадов сируп. Ја туширав само, сама од себе се симнуваше до 37.5. над 38.5 не качи, 12тиот ден старото дете си се врати
Дали е нормално кога тодлерот нешто сака да ви го става во рака на пример да отворите или да вклучите некоја играчка? На пример сака балончиња да му правам и ми ја става раката на тоа за дување балончиња. Или ми носи кутивче да го отворам и ми ги влече рацете. Има 13 ипол месеци инаку. Исто кога почнаа вашите дечиња да покажуваат со прсте кон подалечни предмети што им се интересни? Покажува само ако е нешто пред него и сака, на пример храна
Леле веќе не знаат која глупост да ја измислат. Аутистично дете не комуницира со никој, на ниеден начин.
Мојот па на сите вакцини до сега имаше многу реакции на втора доза мрп воопшто. Како да не беше вакциниран. Ниту осип, ниту темптература, ништо немаше
Red flag е кај постари дечиња и само ако е единствен начин на комуникација. Вие веќе имате показен гест што се смета за најбитен во невербална комуникација. За покажување со прсте за интересно ретко се случува дома, пошто дома им е све досадно, кога ќе излеземе е почесто. Моиве прво така почнаа а после да покажуваат кон нешто што го сакаат.
Едниот на 10 другиот на 11 месеци. Ама е нормално до кај 15, 16 месеци. Веќе после 18ти се смета за задоцнето. Кога почна со покажување? Сигурна си дека само за барање ти покажува, не на пример накај врата ако сака надвор или на тв ако види нешто интересно? Моиве долго време само кон сијалици и лустери покажуваа
Сигурна сум, само за да му дадам нешто ако сака.. или некогаш на слика ако му кажам јас ќе ги покаже мама и тато или нешто во сликовниците
Цедени дома, морков, јаболко, цвекло по малку, лимон малку, мандарина, портокал, спанаќ свеж (колку-толку ќе пушти сокче). Некогаш сите намирници, некогаш комбинации од нив
Не читај! И моето ми ги зима рацете да му дадам нешто, особено цице, да подигнам блуза за да цица, ама па од друга страна во врв очи ме гледа ако сака нешто да ми долови. И мумла цело време, мама, ајде, дај, каде е, дете, тате, бате... Дури почнува и да одговара потврдно и негативно кога ќе го прашам. Знаеш исто сме 13м.
Исто во врв очи гледа ама кога се закача тропа по парното и чека реакција Или вчера му пеам песничка и кога престанав игра, демек пеј уште.. се нервира дека не знае да се искаже Знам дека не треба да читам, мислам дека проблем е што сум цело време дома со него, освен со баба му кога шетаат сега, па цело време го гледам и анализирам