Значи комуницира! Знам како изгледа дете со аутистични промени, се ми е јасно, немој да се преиспитуваш, дете кое нема да збори не комуницира, не гледа во очи, има занесен поглед, не се ни труди да ти привлече внимание а камоли да се зеза со тебе. Многу добро знам како изгледа, сум ја јадела таа мака јас.
Скроз нормален когнитивен развој. Поврзува дека балони ќе добие ако мама му дувне, ама бидејќи не може да вербализира си де снаоѓа сосем соодветно за возраста. Не се секирај и читај што помалку red flags!
Мајки, кажете како им готвите грашок/боранија за децата? Со што комбинирате. Никако не ми ја прифаќа, ни со месо, ни без, ни со зачини ни без, не знам веќе како да почне да јаде, со што да му понудам
Манџичка правам со кромид, лук, морков, компир, телешко, грашок/боранија и доматно пире. Кога има доматно пире ништо не останува во чинија.
Предлог активности и играчки за 13 месеци? Досадни му се сите играчки, сега е само по штекери, пентарење по мебел, фиоки...
Мојот ги сака чашките, сликовниците и уште си ги сака музичките играчки Дај му дрвена лажица демек готвите ручек, па демек бришете со крпа, тогаш ми делува заинтересирано Топка носиме кога одиме во парк ама нашата не е интересна, друго дете ако има топка ја сакаме..
Ееее да фала. Тоа со лупање по тавчиња и тенџерчиња му е фејв. А за топка едвај чекам да прооди, па да трчка по неа
Инаку и за сортерот за форми има интерес ама се нервира дека не може да погоди и ги фрла, исто и со една сликовница како сложувалка, мислам дека за неколку месеци и со онакви дрвени сложувалки ќе си играме
Чашки, со меки книги игра мојава, со животни посебно, цело време покажуваме кај е мачето, кучето. Едно како пијано музичко. Кукли за на прсти (puppets) - јас ги ставам и раскажуваме приказни. Многу ретко со топка. Нема полни 13 месеци.
На синко многу често му мириса урината, особено навечер. Уште цица (навечер еднаш) 12 месеци има, не е голем фан на вода, сок пие повеќе… можно ли е често дехидрира па за тоа може да му мириса така или пак некоја инфекција е?
Или можеби долго ја држи урината. На ќерка ми мирисаше урината и имаше инфекција ама не мора да значи дека и твоето има мојата имаше и други симптоми.
Девојки предложете некои наши едукативни сликовници книги боенки за година ипол од кои сте задоволни, биби и боби и стела и сани не ни се веќе интересни.
Можеш овие да ги земеш, ги има за секое сетило: https://www.literatura.mk/slikovnici/10419-setila-vid
Ние имавме една на 15 месеци (мислам превенар беше) и сега на 18 месеци. Нас на секое вакцинирање ни пишуваат во книшка датум кога треба следно