Дали може да качи температура три дена после вакцина? Ја прими последната доза од шестовалентната, денеска ми качи температура, а не знам од што може да е. Ниту кашла, ни кива, ни носето му тече вака е се во ред. После далерон спушти, ке го пратам па и на лекар ке отидеме ако качи пак.
Здраво мајки се работи за детенце прематурче,18 месеци има а корегирани 15. Денес ја однесоа на преглед со тт е и има шлајм,со почетен наод на гради.. Им препишаа Лунац нели е многу малечко за таков вид на сируп? Од мое скромно искуство колку што знам, нели не се даваат сирупи за кашлица кај толку мали деца?
На упатството пишува дека за деца под три години треба да се консултира педијатар... Инаку прашање, дали сте давале некое спрејче за одзатнување на носе на 15 месечно дете? Од тип на оперил,септаназал,мералис... Знам дека се за над две години ама не знам како да му помогнам, спреј изотоничен не помага,ни кромид,ни лепенка од еукалиптус...
Да, Оперил п сум користела тој период (14,15 месеци) ама не подолго од 3 дена, секако кажано ми беше од педијатар.
Babytol D3 со омега, планирам и цел март вака, потоа ќе видиме, може само омега а може ништо, до октомври здравје
Хипертоничен спреј се користи за одзатнување, не изотоничен. Инаку сум користела Оперил П по препорака на лекар, кај помали дури и Ефедрин капки (не знам дали ги има). Ако лекар ти каже дека може, ставај.
Па вкус е во прашање ама тути фрути пиеше едниот, сега и помалиот. За големиот веќе почнав со тие рибичките, раат. А д3 секако мора плус, скоро ништо нема во молерсот.
Моите ги пијат сите вкусови без проблем, а мене најубав ми е од зелено јаболко. Инаку да, треба дополнително Д3 бидејќи во пола доза Молерс има само 200 единици. Давам дополнително Д3 до дозата препорачана од ортопед.
Син ми само за лимон се буни. Со борба и кенкање го даваме, а тути фрути и јаболко ги лапа без проблем. Дополнително давам вигантол.
Почнува интересното Ќерка ми меѓу првите зборови шо ги научи беше "што" и по цел ден што и прстето натаму, и после една недела ми скисна да ти кажам право
Мајки не го однесов на година да ја прими мрп. Дали ке му стават ревакцина превенар и дитепер ако го однесам сега на 18 месеци?
Ние денес примивме дтап , а мрп не ни е примена дека беше болен постојано. Ни рекоа за еден месец за мрп. Се надевам дека нема да се разболи